Иновативните дизајни на Skriptie одушевија на саемот Paperworld 2019 во Франкфурт

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со својот подбренд „Скрипти“ (Skriptie) имаше успешна презентација на саемот „Пејпрворлд“ (Paperworld), што од 26 до 29 јануари се одржа во Франкфурт. Штандот на македонскиот бренд предизвика голем интерес кај посетителите на еден од најголемите светски изложбени настани за хартија. Гостите, кои беа дојдени од цел свет, беа позитивно изненадени од…

Oтворен третиот регионален конкурс за краток расказ „Бибер“

Tретиот регионален конкурс за краток расказ „Бибер“ на тема помирување и надминување на предрасудите е отворен и ќе трае до 10.6.2019 година. Конкурсот е наменет за ангажирани раскази на албански, босански, црногорски, хрватски, македонски и српски јазик. Првите два конкурса „Бибер“ беа на тема помирување, а овој пат темата е проширена. Покрај расказите што го…

Детските изданија на „Либи“ најчитани во Универзитетската библиотека во Битола

Книгите за деца во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најчитани во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола, јавува порталот „Битолањуз“ (bitolanews.mk). Според податоците од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, најбараните наслови меѓу младите читатели се: „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска,…

Австрија го награди преводот од германски на македонски јазик на збирката поезија „Вербариум“ во издание на „Арс Либрис“

Австриското министерство за култура го награди преводот на збирката поезија „Вербариум“ од Ханс Карл Артман, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од германски на македонски јазик го направи Елизабета Линднер. Ова е трет пат како австриското министерство за култура ја наградува Линднер за превод. Претходно доби признанија…

Марина Костова – добитничка на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за монографијата „Манчевски“

Марина Костова, долгогодишната филмска критичарка и заменик-главна уредничка на САКАМДАКАЖАМ.МК, е добитничка на највисокото државно признание „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во областа на публицистиката. Таа ја добива наградата за повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект – монографијата „Манчевски“, која е посветена на творештвото на режисерот и уметник Милчо Манчевски. Книгата беше објавена во…

Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“

Франческа Кавало, една од авторките на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, е воодушевена од македонското издание на книгата. Своето задоволство од верзијата на македонски јазик им го пренесе на претставниците од македонскиот издавач на книгата – „Арс Ламина – публикации“, на средбата што се одржа вчера (11 октомври 2018 година)…

Претставување на македонската литература на Саемот на книгата во Франкфурт

Седум македонски писатели ќе бидат претставени на 13 октомври (сабота) во рамките на јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Домаќин на настанот ќе биде Асаф Адеми, министерот за култура на Р. Македонија. На т.н. „македонскиот ден“ гостите на саемот ќе можат одблизу да се запознаат со писателите Петар Андоновски, Зоран Анчевски, Скендер…

Почна јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт

Под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, од денеска  до 14 октомври 2018 година ќе се одржи јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија ќе биде застапена и современата македонска литература, а свои претставници има и издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“. Светските медиуми јавуваат дека…

„Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов на Фестивал на сликовници во Пожега

Илустрираната книга „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов беше претставена на Фестивалот на детски сликовници „Чигра“, што од трети до петти октомври се одржа во Пожега, Србија. Сликовницата е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина“. „Чигра“ е млад фестивал, што пред три години го иницирала Даниела Скоковиќ од Народната библиотека во Пожега, со цел да…

Нова книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

На 14 јули (сабота) во „Скопје сити мол“ (Skopje City Mall) ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Продажниот простор на „Литература.мк“ е лоциран на вториот кат од трговскиот, во близина на одделот за храна. „Литература.мк“ носи литературна свежина во најпосетениот трговски центар во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за…

Ноќна романса за Кочо Рацин во Националната и универзитетска библиотека

Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“, што ќе се одржи денеска (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе бидат одбележани два значајни јубилеи на славниот поет Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неговата смрт. Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да…

Алиша Кис и Ешли Џад ги читаат приказните за добра ноќ за бунтовни девојчиња

Аренби-музичарката Алиша Кис и холивудската актерка Ешли Џад се дел познатите жени со моќен глас што ги читаат приказните во аудиоизданието на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“. Покрај нив, во аудиоверзијата на книгата како наратори се јавуваат драматурката Данаи Гурира, музичарката Есперанца Спалдинг, актерката Џенин Гарофало, Мозан Марно од серијата…

Најпродавани книги на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2018

На годинашното 30. јубилејно издание на Саемот на книгата на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ имаше голем број посетители, се одржаа пет успешни промоции, десетина настани и работилници за деца, гостуваа неколку домашни и странски автори и се продадоа голем број книги. На прво место на листата со најпродавани книги од…

Промовирана книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

Со козметичка работилница и дружба со читателите, блогерката Вики Андонова вчера (22 мај) во Центарот за дизајн и иновации во „Јавна соба“ (Public Room) ја промовира својата книга „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Природно убави со Биодевојка“ содржи 175 природни, органски рецепти за нега на…

Во книжарницата „Литература.мк“ промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо

Во присуство на македонските блогерки, модни новинарки и љубители на пишаниот збор, во книжарницата „Литература.мк“, вчера (21 мај) се одржа промоција на прирачникот „Како се оди во Париз“ од домашната авторка Јана Мишо, позната по своите два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“. Улицата „Македонија“ доби париски амбиент, со кроасани, макарунс-колачи, кафе, современи шансони…