„Девојче и мече“ од Ване Костуранов се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“

Сликовницата „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ 2019. Секоја година, Интернационалната младинска библиотека од Минхен објавува листа на книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои…

Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт: ИДЕИ ШТО ГО ПРИДВИЖУВААТ СВЕТОТ

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде…

„Поетска ноќ во Велестово“ посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска

  Во охридското село Велестово на 16 август ќе биде отворена 31. „Поетска ноќ во Велестово“, годинава посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска. По пауза од една година, манифестацијата е повторно интернационална и ќе има гости од Бугарија и од Ирска. Отворањето на 16 август ќе биде во 21 часот…

Конкурс за наградата „Антево перо“ за необјавена поетска книга

До 25 август е отворен Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик. Наградата „Антево перо“ за 2019 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). На Конкурсот можат да се јават…

Почина американската писателка Тони Морисон

„Ако сакате да летате, морате да се ослободите од тоа нешто што ве задржува долу“- Тони Морисон. Американска писателка, добитничка на Нобеловата награда за литература, Тони Морисон почина во понеделникот (5 август 2019 г.) на 88-годишна возраст. Авторката, чие вистинското име е Клое Ентони Вофорд, е родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД. Во…

Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, потпиша за агенцијата за таленти UTA

Режисерката Тамара Котевска, која е една од авторите на македонскиот победник на „Санденс“, документарецот „Медена земја“ (Honeyland), потпиша договор со американската агенција за таленти, United Talent Agency (UTA). Агенцијата со седиште во Беверли Хилс, Калифорнија, застапува уметници, изведувачи, брендови и млади поедници од областа на филмот, забавата, телевизијата, музиката, книжевноста, дигиталната индустрија и друго. Котевска…

Влијателните американски медиуми со одлични рецензии за „Медена земја“

Американските медиуми, меѓу кои и влијателните „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“, објавија одлични рецензии за документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland). Македонскиот победник на „Санденс“, кој застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“ од 26 јули се прикажува во кината во САД, ги одушеви критичарите. Документарецот деновиве доби позитивни коментари и…

„Американски брак“ од Тајари Џонс ја доби „Женската награда за најдобра фикција за 2019 година“

Романот „Американски брак“ од американската авторка Тајари Џонс неодамна ја освои престижната „Женската награда за најдобра фикција за 2019 година“. „Женската награда за фикција“ е една од најпочитуваните и најпознатите книжевни награди, што ја слави најдобрата фикција напишана од жени низ целиот свет. Се доделува еднаш годишно на женски автор од која било националност за…

Документарецот „Медена земја“ награден на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија, Њујорк и Израел

  Македонскиот документарен филм „Медена земја“ (Honeyland), по триумфот на „Санденс“, го продолжува својот успешен пат на филмските фестивали во светот. Изминатиот период освои награди на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија и во Њујорк. Најново во низата фестивалски успеси е наградата за најдобар интернационален филм на 21. издание на „ДокАвив“ (DocAviv), кој се одржува оваа…

Најпродавани наслови на Саем на книгата 2019

Под мотото „Пронајди се во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ на годинашниот Саем на книгата понудија богата програма. Во седумтте саемски денови посетителите имаа можност да присуствуваат на десет промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија, беа понудени 400 нови наслови,…

Ведрана Рудан и Неле Карајлиќ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Промоции на популарната хрватската писателка Ведрана Рудан и на ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, повеќе од 400 нови наслови и попусти до 70%, се дел од богатата понуда на издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ на годинашниот Саем на книгата. На 31. издание на најголемата книжевна…

Саемот на книгата ќе се одржи од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“

Триесет и првото издание на Саемот на книгата ќе се одржи од 8 до 14 мај 2019 година во ВИП Арената „Борис Трајковски“, Скопје. На Саемот на книгата, освен македонските издавачки куќи, ќе има учесници и од регионот: Србија, Косово и Албанија. Планирани се голем број промоции, средби со автори, а љубителите на книгата можат…

Д-р Неле Карајлиќ ‒ добитник на наградата „Момо Капор“ за новиот роман „Солунска 28“

Легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, е добитник на српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Наградата ја добива за неговиот нов роман „Солунска 28“, што наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –…

Белгискиот автор Барт Мујарт е годинашен добитник на наградата „Астрид Линдгрен“ за литература за деца и млади

Белгискиот автор Барт Мујарт е годинашен добитник на книжевната награда „Астрид Линдгрен“, што се доделува време на Саемот за литература за деца во Болоња, што деновиве се одржува во Италија. Признанието „Астрид Линдгрен“ се нарекува уште и „Нобелова награда за литература за млади“. Мујарт, кој претходно бил номиниран 16 пати за престижната награда во Болоња,…

Романската поетеса Ана Бландијана е добитничка на „Златен венец“ за 2019 година

Добитничка на главната награда „Златен венец“ за 2019 г. на „Струшките вечери на поезијата“ е романската поетеса Ана Бландијана. Наградата на годинашната лауреатка ќе ѝ биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации нa годинашното издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 21 до 28 август. Ана Бландијана, , чие вистинско име…