Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември

Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до 30 септември 2023 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат…

Александар Русјаков – добитник на наградата „Антево перо“ за 2023 година

Писателот Александар Русјаков е добитник на наградата за најдобра необјавена поетска книга „Антево перо“ за 2023 година, за неговата стихозбирка „50 испеани приказни“. За победникот одлучи жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски. Во образложението на комисијата се вели: „Поетската збирка „50 испеани приказни“ на мултиталентираниот Александар…

„На врв на јазикoт“ од Катица Ќулавкова во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“

Стихозбирката „На врв на јазикот“ од академик Катица Ќулавкова влезе во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Согласно Правилникот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на жири-комисијата работеа во две фази: поединечна…

„Зелениот дворец“ од Сибо: Книжевен времеплов на Скопје

Архитектурата, населбите, модата, фотографиите, историјата, приказните и значајните скопјани, се само дел од темите што ќе бидат опфатени на разговорот за Скопје, инспириран од книгата „Зелениот дворец“ од Сибо. Средбата ќе се одржи на 26 јули (среда), во 20 часот, во паркот на МКЦ, во рамките на настанот „МКЦ за Скопје“. Скопје од втората деценија на дваесеттиот…

Славниот писател Милан Кундера почина на 94 години

Еден од најпознатите современи светски писатели Милан Кундера почина на 94-годишна возраст. Чешкиот автор, кој од 1975 година живееше и твореше во Париз, зад себе остави богато книжевно творештво, меѓу кои и култните книги: „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Смешни љубови“, „Книгата за смеата и за заборавот“ и други. Пишуваше на француски и на чешки…

Почина писателот Владимир Плавевски

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови. Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од…

Доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Читањето е супермоќ“ во организација на „Арс Ламина“

Во разиграна атмосфера, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во саботата (17 јуни), во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје, беа наградени најдобрите ученици на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните ученици од неколку…

Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ се преместува во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“

Поради лошите временски услови, проследени со постојани врнежи, настанот „Читањето е супермоќ“, закажан за утре (17 јуни, сабота) во 11 часот, наместо на Школка во Градскиот парк, ќе се одржи во затворен простор, поточно во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје. На литературно-музичкиот настан ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен конкурс…

Свечено врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година на Влада Урошевиќ

Со свеченост во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ), вчеравечер, на академик Влада Урошевиќ му беше врачена наградата „Роман на годината за 2022 година“, која по 24 пат ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Писателот го доби престижното признание за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за…

Збирката хаику-поезија „Реми“ – дел од Фестивалот на јапонска култура „Нихон-Џи 2.0“

Во рамките на Фестивалот на јапонска култура „Нихон-Џи 2.0“, што се одржа на 27 мај 2023 година, во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје, имаше хаику-читање, на кое учествуваа петмина истакнати македонски хаику-мајстори: Владимир Мартиновски, Александар Маџаровски – Читачот, Николина Андова-Шопова, Искра Донева и Дејан Василевски – Гето Руди. Секој прочита по 10 песни, во…

По јубилеен петти пат се распишува конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишува петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што се доделува за најдобар необјавен роман на годината. Конкурсот ќе биде отворен до 30 септември 2023 година, а победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година. За…

Златко Василкоски одржа предавање во Скопје инспирирано од книгата „Мултиверзум за почетници“

Во преполниот амфитеатар на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, на 9 мај, проф. д-р Златко Василкоски одржа предавање на тема „Дали живееме во универзум или мултиверзум“. Предавањето беше базирано на неговата книга „Мултиверзум за почетници“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Организатор на настанот беше Скопското астрономско…

„Арс Ламина“ со шест награди од Македонската асоцијација на издавачи

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби шест награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), кои беа врачени денеска, за време на 35. Меѓународен саем на книгата во СЦ „Борис Трајковски“. На седмото издание на наградите на МАИ, кои се доделуваат на најдобрите книги, издавачи и автори меѓу двете саемски изданија, „Арс Ламина“ и нејзините соработници и…

Потпишување на Влада Урошевиќ, попусти до 70 отсто и работилници за деца на штандот на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2023

Под слоганот „Следи ја приказната“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на 35. Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од четврти до десетти мај, во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје. На штандот на „Арс Ламина“ за време на саемот ќе има попусти до 70 отсто, многу саемски новитети, промотивни настани и работилници за…

Книгите ни се многу потребни, особено денес, кога вредностите се изменети

Светот на книгите е светот на бескрајните можности. Светот на книгите, заедно со светот на уметностите, е непроценливата смисла на човековото постоење. Да се чита книга значи да се открива нов свет. Книги имало и ќе има секогаш, сè додека постои човековата потреба за знаење, за раскажување и за читање на сè што е напишано,…