Состанок „на слепо“ со книга

Веројатно веќе сте уверени во вистината на изреката „Не суди ја книгата по нејзината корица“. Во морето од книги сигурно имате фаворит чија корица не е атрактивна за очи, но приказната ве одушевува. Но, дали би купиле книга ако не сте ја виделе корицата? Дали сте доволно љубопитни да ја прочитате без да го знaете…

Новогодишна магија за најмладите со „Литература.мк“

Светкав, разигран, распеан… декември е највеселиот месец во годината. Додадете магија на претпразничниот амбиент со волшебните приказни од полиците на „Литература.мк“. Во нив самовилата Исидора Мун создава зимска магија, Дина и Додо прават Снешко-смешко и сретнуваат двајца Дедо Мразовци. Дознајте како изгледа волшебната ноќ во шумата. Откријте што сонува Дедо Мраз, и патувајте во светот…

Промоција на илустрираната книга „Девет“ од Славимир Стојановиќ – Футро во книжарницата „Литература.мк“

На 27 ноември, вторник, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на романот „Devet – roman u ilustrovanim pričama“ од еден од најпознатите графички дизајнери, Славимир Стојановиќ Футро. Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци…

Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2018“

Почитувани, blog.literatura.mk повторно е номиниран во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината 2018“. Покрај блогот, номинирани се и Literatura.mk за е-трговија и огласување, Libi.mk и resursi.literatura.mk во категоријата сајтови за образование, наука и култура, додека obrazovanie.literatura.mk/ е во конкуренција за најдобар сајт. Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата sajtnagodinata.mk, каде…

„Арс Ламина“ со поддршка за младите физичари

Издавачката куќа „Арс Ламина- публикации“ продолжува да ги поддржува талентираните ученици, младите физичари и идни научници во Македонија. Имено, компанијата обезбеди награди за најдобрите ученици и нивните ментори во рамки на 42. Школа „Млади физичари“, што се одржува на 9 и 10 ноември (петок и сабота) во Природно-математичкиот факултет и во „Скопје сити мол“ (втор…

„Лекторските приказни“ ќе ги разрешуваат правописните и граматичките дилеми

Со цел да ги решат правописните и граматичките дилеми со кои секојдневно се соочуваат, група лектори по македонски јазик на 1 октомври (понеделник) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе го почнат серијалот средби под наслов „Лекторски приказни“. На состаноците, кои ќе се одржуваат секој прв понеделник во месецот, ќе ги отворат сите прашања и…

Најбараните книги од „Литература.мк“ за петтиот роденден на блогот Miss Urban Vibe

Во урбана атмосфера, со позитивни вибрации, во присуство на модните новинарки, инфлуенсерки и претставници од повеќе модни и козметички компании, вчера (26 септември) блогерката Емилија Вучиновска го одбележа петтиот роденден на својот блог Miss Urban Vibe. Дружбата, што се одржа во скопскиот локал Drip Coffee, беше збогатена со добро кафе, вкусни колачи од Umami и…

„Арс Ламина“ донира библиотека во Дневниот центар „Собата на Жозеф“ во Детската клиника – Скопје

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ донира библиотека на Дневниот центар „Собата на Жозеф“ во Детската клиника – Скопје. Специјализираната просторија за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести, опремена по иницијатива на Здружението за борба против рак, „БОРКА – За секој нов ден“, официјално беше отворена денеска, 30 август. Донацијата на „Арс Ламина…

Волшебно патување со шест магични приказни од нашите полици

Понекогаш, сè што ни треба е малку фантазија за да ја преживееме реалноста. Фантазијата не е секогаш бегство од реалноста, туку е нејзино дополнување или начин за подобро разбирање. А книгата е еден од најубавите мостови помеѓу реалноста и фантазијата. Книгата, како и имагинацијата, може ве однесе каде било, да преживеете безброј животи и да…

Сеќавање на старо Скопје со книгата „Динга стоп“ од Владимир Плавевски во книжарницата „Литература.мк“

  Во присуство на бројни стари скопјани и новомаалци, вчера (26 јули) во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ се одржа промотивна средба за збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски. Со промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше одбележана 55-годишнината…

Прошетка низ времето во Ново маало со „Динга стоп“ од Владимир Плавевски

  Во носталгична атмосфера во центарот на автентичната скопска населба Ново маало, вчеравечер беше претставена збирката раскази „Динга стоп“ од Владимир Плавевски. Авторот оствари средба со своите новомаалци, со кои се потсети на животот и на луѓето од старо Скопје и некогашно Ново маало. Книгата „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“, во издание на…

Топ 10 инспиративни биографии за ова лето

  Книгите што ги следат интересните животни приказни на познатите личности: светски лидери, членови на кралски семејства, уметници, научници, иноватори, спортисти и политичари, секогаш се интересно четиво. Кралицата Елизабета Втора, Малала Јусафсај, Агата Кристи, Стенли Кјубрик, Роналдо, Меси… се само дел од личностите чиишто биографии ви ги препорачуваме да ги прочитате ова лето. 1. „Роналдо…

Незаборавно летување со книгите – добитници на „Андерсенова награда“

Јапонската писателка Еико Кадоно е годинашната добитничка на „Андерсенова награда“ – највисокото меѓународно признание за автори на детски книги. Признанието за најдобар илустратор на детски книги, пак, му беше доделено на Игор Олејников од Русија. Победниците ги соопшти Патриција Алдана, претседателката на жирито во март оваа година. Наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ е највисокото меѓународно признание…

Нов летен бран книги за на плажа

Одморот е поубав кога ќе ти се погоди романот. Во морето од книги ви нудиме наслови што ќе ве однесат на нови, незаборавни литературни патувања. По книжевните освежувања од јуни, јули го почнуваме со нов бран со книги за ова лето. Ви претставуваме листа со  книги со кои одморот ќе ви биде поубав. Уживајте со…

Разубавен понеделник со „Приказната за ’Ербиенби‘“

Со книгата „Приказната за ’Ербиенби‘“ од Ли Галагер продолжуваме да ви ги разубавуваме понеделниците. На профилот на „Литература.мк“ на „Инстаграм“ во коментар тагнете ги својот пријател или својата пријателка, кои ви се идеален партнер за патување и добијте ја на подарок „Приказната за ’Ербиенби‘“! Извлекувањето ќе биде по случаен избор во понеделник, на 9 јули,…