Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември

Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до 30 септември 2023 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат…

Александар Русјаков – добитник на наградата „Антево перо“ за 2023 година

Писателот Александар Русјаков е добитник на наградата за најдобра необјавена поетска книга „Антево перо“ за 2023 година, за неговата стихозбирка „50 испеани приказни“. За победникот одлучи жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски. Во образложението на комисијата се вели: „Поетската збирка „50 испеани приказни“ на мултиталентираниот Александар…

Подготвени за училиште со „Литература.мк“

За среќен и успешен почеток на новата учебна година, книжарниците „Литература.мк“ ја почнуваат продажната акција „Подготвени за училиште“, која ќе трае од 15 август до 10 септември. Во понудата се попусти до 30 отсто на селектирани производи за училиште од повеќе брендови. На намалување до 30 отсто се ранците од Herschel – глобалниот бренд за…

Летен список за читање

Летниот одмор е поубав со добри книги. Тие се верни придружници на секое патување. Имаат моќ да ве расположат, релаксираат и одведат на незаборавна авантура. Без разлика дали ова лето ќе го поминете на плажа или, пак, во градска средина, не заборавајте да ја освежите својата домашна библиотека со некој од новите наслови од издавачката…

„На врв на јазикoт“ од Катица Ќулавкова во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“

Стихозбирката „На врв на јазикот“ од академик Катица Ќулавкова влезе во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Согласно Правилникот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на жири-комисијата работеа во две фази: поединечна…

„Зелениот дворец“ од Сибо: Книжевен времеплов на Скопје

Архитектурата, населбите, модата, фотографиите, историјата, приказните и значајните скопјани, се само дел од темите што ќе бидат опфатени на разговорот за Скопје, инспириран од книгата „Зелениот дворец“ од Сибо. Средбата ќе се одржи на 26 јули (среда), во 20 часот, во паркот на МКЦ, во рамките на настанот „МКЦ за Скопје“. Скопје од втората деценија на дваесеттиот…

Славниот писател Милан Кундера почина на 94 години

Еден од најпознатите современи светски писатели Милан Кундера почина на 94-годишна возраст. Чешкиот автор, кој од 1975 година живееше и твореше во Париз, зад себе остави богато книжевно творештво, меѓу кои и култните книги: „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Смешни љубови“, „Книгата за смеата и за заборавот“ и други. Пишуваше на француски и на чешки…

Почина писателот Владимир Плавевски

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови. Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од…

„Порта Европа“: „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер е роман за неприпадноста и отуѓеноста

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер, кој е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, беше претставен со онлајн-промоција вчеравечер (27 јуни), на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. Тоа е едно од делата за кои на конкурс се избираше дизајн за корици за едицијата „Порта Европа“. Победничкото решение на Лара Маринковиќ…

Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер ќе биде претставен со онлајн-промоција на 27 јуни (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Фројденталер, ќе зборуваат и уредничката на книгата Бисера Бендевска и Ксенија Чочкова, која го преведе романот од германски јазик. „Приказна за духовите“, која е добитник…

„Летото по книгите се памети!“ – нова продажна акција на „Арс Ламина“ со попусти до 40 отсто

На првиот ден од летото, 21 јуни, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почна својата продажна акција „Летото по книгите се памети“. Во рамките на акцијата, која ќе трае до 14 јули, ќе има попусти до 40 % на сто наслови од областа на белетристиката (бестселери и книги за мотивација и самопомош), како и 20 отсто…

Нил Фолберг: Во фотографиите од „Огледало во Македонија“ се пронајдов себеси

Повеќе од половина век по првиот престој во Македонија, американско-израелскиот антрополог и фотограф Нил Фолберг, вчеравечер (19 јуни), во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираше фотомонографијата  „Огледало во Македонија“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е етнографска фоторепортажа за нашата земја од седумдесеттите години…

Доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Читањето е супермоќ“ во организација на „Арс Ламина“

Во разиграна атмосфера, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во саботата (17 јуни), во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје, беа наградени најдобрите ученици на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните ученици од неколку…

Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ се преместува во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“

Поради лошите временски услови, проследени со постојани врнежи, настанот „Читањето е супермоќ“, закажан за утре (17 јуни, сабота) во 11 часот, наместо на Школка во Градскиот парк, ќе се одржи во затворен простор, поточно во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје. На литературно-музичкиот настан ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен конкурс…

Мимоза Ристова: Во романот „Варшавската срна“ ги реанимирам трите љубови на Марија Склодовска Кири

Трите љубови на двојната добитничка на Нобеловата награда, Марија Склодовска Кири, се во срцевината на новиот роман „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (14.06), во Музејот на Град Скопје. Романот се темели на некои општопознати факти и настани врзани…