Го одбележуваме Светскиот ден на театарот со книгите „Театарот и актерите од сосема друг агол“ и „Да се почне одново“

На 27 март, на иницијатива на Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО, во глобални рамки се прославува Светскиот ден на театарот. Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од следната година тој почнал да се слави на 27 март – датумот кога…

Наскоро серија инспирирана од романот „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Според хит-книгата „Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд наскоро ќе се емитува нова ТВ-серија на „Амазон прајм видео“. Мини-серијата е во десет продолженија, а премиерно ќе почне да се прикажува на трети март 2023 година. Романот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, кој во 2020 година беше избран за наслов на годината според…

Вториот филм инспириран од книгите за Енола Холмс премиерно на „Нетфликс“

Вториот филм инспириран од книгите за тинејџерката-детектив Енола Холмс наскоро ќе биде достапен на популарниот стриминг-сервис „Нетфликс“. Премиерата на „Енола Холмс 2“, со Мили Боби Браун во главната улога, премиерно ќе може да се погледне на четврти ноември. Филмот е во режија на Хари Бредбир, а сценариото на Џек Торн. Покрај харизматичната Мили Боби Браун,…

„ЗЏМ биг бенд“ ќе одржи концерт во чест на Џими Хендрикс во Охрид

Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) ќе одржи концерт во чест на легендарниот Џими Хендрикс, на 6 август, во 22 часот, на летната сцена на Долни Сарај во Охрид. Оркестарот на ЗЏМ ќе изведе дел од музиката на еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика со биг бенд аранжмани. Специјален гостин на…

Запознајте ги авторите на шесте книжевни дела чии корици треба да се дизајнираат на конкурсот „Порта Европа“

Шест книжевни дела од млади автори од цела Европа ќе добијат оригинални корици – преку конкурсот „Порта Европа“, што деновиве го распиша издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“. Повикот се однесува на илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години, кои можат да достават предлог-дизајни на корици за книгите: „Кожата е еластична обвивка што го…

Книгата „Матилда“ од Роалд Дал – инспирација за нов мјузикл на „Нетфликс“

Врз основа на популарната книга за деца „Матилда“, од еден од најдобрите британски писатели Роалд Дал, се снима нов истоимен мјузикл, во продукција на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Главната улога на девојчето со бујна имагинација, Матилда Вормвуд, ќе ја толкува младата актерка Алиша Вир. Како злобната госпоѓица Транчбул ќе се појави познатата британска актерка Ема Томпсон. Во…

Александар Русјаков добитник на годинашното „Рациново признание“ за романот „Хотел меѓу две војни“

Писателот Александар Русјаков е добитник на годинашнoто „Рациново признание“ за неговата најнова книга „Хотел меѓу две војни“. Комисијата, во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи, од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс.…

Бредли Купер снима филм за легендарниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн

Животната приказна на легендарниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн е во фокусот на „Нетфликс“. Снимањето на проектот наречен „Маестро“ почна деновиве, а се очекува да се емитува на стриминг-сервисот следната година. Главната улога ја толкува Бредли Купер, кој е и режисер на филмот. Покрај него, се појавува и Кери Малиган, која ја игра…

Филмот „Смрт на Нил“, снимен по крими-романот на Агата Кристи, наскоро во „Синеплекс“ во Скопје

Новиот филм „Смрт на Нил“, што е снимен по крими-романот од Агата Кристи, премиерно ќе биде прикажан на 17 февруари 2022 година во кината „Синеплекс“ во Скопје. По адаптацијата на култниот роман од Агата Кристи„Убиство во Ориент експрес“ во 2017 година, познатиот британски актер и режисер Кенет Брана ја филмува и приказната од „Смрт на…

Кенет Брана сними нов филм по крими-романот „Смрт на Нил“ од Агата Кристи

По адаптацијата на култниот роман од Агата Кристи „Убиство во Ориент експрес“ во 2017 година, британскиот актер и режисер Кенет Брана ја филмува и приказната од книгата „Смрт на Нил“. Новата филмска верзија на крими-романот од 1937 година ќе биде премиерно прикажана во февруари оваа година. И во новата верзија Брана, покрај режијата, се јавува…

Нов возбудлив историски филм снимен според интернационалниот бестселер „Минхен“ од Роберт Херис

Возбудливата историска приказна од интернационалниот бестселер „Минхен“ од Роберт Херис е подлошка за новата истоимена филмска драма, која ќе биде премиерно прикажана на 21 јануари 2022 година на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Режисер на филмот „Минхен – На работ на војната“ е Христијан Швохов, а главните улоги ги толкуваат Џорџ Мекеј, Јанис Нивонер и Џереми Ајронс. Политичкиот…

Ели Визел: Се заколнав никогаш да не молчам кога човечки суштества ќе страдаат и ќе бидат понижувани

Го одбележуваме Светскиот ден на човековите права (10 Декември), со извадок од говорот на Ели Визел, при приемот на Нобеловата награда за мир во 1986 година. Тој е автор на романот „Ноќта“, чијшто македонски превод е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а објавен во соработка со Фондот на холокаустот…

Новиот филм инспириран од „Приказната за зајачето Питер“ од Беатрикс Потер се прикажува во „Синеплекс“

Второто продолжение од новата филмувана верзија на приказната за зајачето Питер од Беатрикс Потер деновиве се прикажува во скопските кина „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. „Приказната за зајачето Питер“, напишана и илустрирана од Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се…

Топ 10 книги од „Литература.мк“ по кои се снимени нови серии и филмови

Дали практикувате да гледате филмски и телевизиски верзии на вашите омилени книги? Дали сте прочитале некое дело откако прво сте ја погледнале екранизираната верзија? Дали книгата е подобра од филмот или обратно? Книгата и филмот се две платформи што често се инспирираат една од друга, се испреплетуваат и се надополнуваат, давајќи можност на милионска публика…

Bibbych сними видеоспот во книжарницата Literatura.mk Superstore

Најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, е локацијата каде што е снимен видеоспотот на младата хип-хоп музичарка Бибич (Bibbych), за нејзината нова песна Don’t Judge The Cover. Насловот на нумерата (прев. Не ја суди корицата) е извлечен од познатата изрека: „Не ја суди книгата по корицата“, па одлично се вклопува со амбиентот богат со книги…