Оливија Георгиевска: Книгата „Игра со именки“ ја открива убавината на македонскиот јазик

„Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело.“ Со овие зборови авторката Оливија Георгиевска ги…

Владимир Плавевски: „Вампирџија“ е приказна за талкањето на грешните души

Веројатно повеќето слушнале, прочитале или гледале на филм некоја приказна за вампири, од кои најпопуларни се тие за грофот Дракула од Трансилванија. Приказните за повампирените мртовци облечени во црно, со долга наметка, залижана коса, блед тен, долги нокти и остри заби, кои навечер ги напаѓаат живите и им ја пијат крвта, често се среќаваат во…

Кристина Димовска: „Светлината на Сатурната“ е книжевно патување слично на видеоигра

  Инспирирана од видеоигрите, преку живописни описи полни со егзотични мириси и бои, младата авторка Кристина Димовска го создала романот Светлината на Сатурната, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина‒ публикации“. Книгата, според својата структура, претставува жанровски хибрид, што третира тема која инаку припаѓа на епската фантастика. Романот е слоевит и…

Моџо Килингтон: Со „Аутопсија на љубовта“ ја губам поетската невиност

Неодамна, непосредно пред објавувањето и промоцијата на неговата прва збирка поезија „Аутопсија на љубовта“ во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“, се сретнавме со авторот, Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон и го снимивме и неговото прво големо телевизиско интервју за емисијата „Астрорум“ на „Литература.мк“. Моџо е сценарист и еден од најпопуларните активисти на социјалните мрежи…

Ване Костуранов: Сликовницата „Девојче и мече“ е посветена на растењето на ќерка ми Ава

Уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, решил да си ја оствари сам, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство. Двата…

Dave’s kitchen: „Најдоброто од македонската кујна“ е модерен готвач кој потсетува на традиционалните рецепти

По успехот на неговата прва книга за готвење, „Dave’s kitchen: Гответе насмеани“, младиот кулинарски шеф Давор Панчевски на 19 април (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, во 19 часот, ќе го промовира новиот готвач „Најдоброто од македонската кујна“. Книгата, која ја објавува издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, содржи 125 едноставни и вкусни традиционални…

Интервју со Бистра Георгиева: „Џиновска продавница за фантазии“ ќе ја поттикне имагинацијата на децата и на возрасните

    Си бил еден џин кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии, за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. На страниците што следуваат се сместени полиците со фантазии што ги продава Џинот. На празните рафтови, пак, можеш да си создадеш своја сопствена продавница за фантазии… Со…

ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН МИХАЈЛОВ: Спортски приказни што ќе останат за навек

Најинтересните приказни, помалку познати сведоштва за успесите на македонските спортисти низ историјата, како и детали од средбите со светските асови, доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов ги „спакува“ во својата прва книга: „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“. Книгата која беше промовирана на 13 февруари во СЦ „Борис Трајковски“, е во издание на „Арс…

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ: Испреплетување на реалното и надрелното низ призма на хуморот

Легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, секогаш со задоволство доаѓа во Скопје. Изминативе неколку години во неколку наврати беше гостин на „Литература.мк“, промовирајќи ја својата, биографска книга „Фајронт во Сараево“, чиј издавач на македонски јазик е „Арс Ламина – публикации“. Основачот на правецот „нов примитивизам“,…

Интервју со Ерина Богоева, авторка на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Ерина Богоева. Преку своите најнови фотографии на кои се прикажани триесетина градби изградени во втората половина на дваесеттиот век, гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова. Избор од 80-ина…

Интервју со Драган Јованов, автор на книгата „Македонска традиционална медицина“

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на 3 јули (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Изданието содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени…

„Чувари на книгата“ е клуб на позитивни вљубеници во книгата

Со желба на едно место да се соберат позитивните вљубеници во книгата од различен профил, кои ќе споделуваат што читаат и ќе препорачуваат интересни наслови, неодамна блогерката Ана Томова, позната како Ана Том, ја основа групата на „Фејсбук“ – „Чувари на книгата“. За само неколку недели клубот брои речиси 700 членови од цела Македонија. Викендов…

Интервју со Вики Андонова, авторката на „Природно убави со Биодевојка“

Правењето на природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата. Органската козметика веќе 12 години е секојдневие на блогерката Вики…

Владимир Плавевски: Скопје е мојата судбина до крајот на животот

Свилен Куси од Ново маало стана етаблиран оториноларинголог, кој, не можејќи да избега од чувството за припадност кон тој микросвет, својот книжевен и фотографски опус му го посвети на Скопје. И така повеќе од четириесет години, посветено ги штити од избледување спомените што исчезнуваат со менувањето на генерациите. Неговата нова книга „Динга стоп“ е уште…

Томислав Османли: Срцето е вистинскиот медиум на детето

Драмски писател, романописец, теоретичар, но и автор на литература за деца се назнаките што следуваат до името и презимето на Томислав Османли. Неговите дела ја означуваат македонската литература на 20 и 21 век. А меѓу нив со сигурност ќе се вброи и пиесата „Новиот цар“, како прв детски драмски текст со религиозна тема, издаден под…