Маријана Котевска-Георгиева: Во „Карши“ е сместено сè што стои наспроти мене, од другата страна
Поезијата е уметност што моќно и суштински може да ги отслика емоциите и внатрешниот свет на авторот. Таа може да се доживее и да се разбере најразлично, на индивидуално и колективно ниво, но и да се исполни и да се пренесе преку повеќе платформи и уметнички форми. Поезијата може да се напише, рецитира, раскаже, отпее…













