Промовирана книгата за деца „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков

Во присуство на највеселата и најискрена публика – децата, вчеравечер (19.06.2019) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата книга „24 часа во Еднорозија“ од aвторката и новинарка Јасмина Кантарџиева Димков. Во приказната од романот, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, присутните ги воведе уредничката Бисера Бендевска. Преку…

Магично патување со „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков

  Авторката и новинарка Јасмина Кантарџиева Димков утре (19 јуни, среда) со почеток од 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во Скопје ќе ја промовира својата нова книга за деца „24 часа во Еднорозија“. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Во „24 часа во Еднорозија“ малата извидничка…

Промовирана книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од Софија Бислимоски

Во присуство на бројни гости вчеравечер (12 јуни 2019г. ) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше  промовирана книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од младата поетеса Софија Бислимоски. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒публикации“, а е дел од едицијата „Млади креативци“ . Промоторка и рецензентка на изданието беше Весна…

Марија ја чита книгата „Вештерки“ од Роалд Дал

Дали се плашите од вештерки? Дали приказните за вештерките се пострашни додека ги читате или откако ќе ги прочитате? Како изгледаат вештерките? Како може да се победат? Ова се прашањата за кои зборува Марија во новото видео на каналот „Читаме со Марија и Маги“, посветено на книгата „Вештерки“ од омилениот британски автор за деца Роалд…

Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Институтот за педагогија на Филозофски факултет при УКИМ ќе одржат бесплатни обуки на тема: „Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците”. Обуките се закажани за 27 и 28 мај (понеделник и вторник), во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет, Скопје. Обуките се наменети за педагозите, библиотекарите,…

„Кучето што Нино го немаше“ од Едвард ван де Вендел

Наградуваната книга за деца и возрасни, „Кучето што Нино го немаше“, од младиот белгиски илустратор Едвард ван де Вендел, на суптилен начин ја отсликува уметноста за наоѓање рамнотежа помеѓу имагинацијата и реалноста. Сликовницата, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, раскажува емотивна и освестувачка приказна за едно осамено момче Нино,…

Марија и Маги ја читаат книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“

Што се тоа бунтовни девојчиња? Зошто се бунтувале? Кои од стоте приказни за извонредните жени најмногу им се допаднаа на Марија и Маги и зошто? Во новото видео двете сестри зборуваат за книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Македонското издание на првиот дел од светскиот бестселер „Приказни…

Промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од Ване Костуранов во „Литература.мк“

Во весела атмосфера, со многу деца, родители, љубители на современата детска литература и по некое кадифено мече, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла, сонувачка…

Новата сликовница од Ване Костуранов „Девојче и мече“ наскоро во издание на „Арс Ламина“

Новата сликовница од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов „Девојче и мече“ наскоро ќе биде објавена во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации.“ Книгата, наменета за најмладите читатели, ќе биде претставена на првото издание на фестивалот за детска литература и илустрација „Литера“, што ќе се одржи на 13 и 14 април…

Во светот на бајките на Ханс Кристијан Андерсен

Беше топло и убаво лето. Во едно гнездо, близу стара пропадната куќа, една патка лежеше над шест јајца, чекајќи да се испилат. Везден, по стопати ги проверуваше, сѐ додека еден ден, на едно од јајцата не забележа пукнатина. Набргу потоа од пет јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња,…

Промовирана сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ од Бистра Георгиева

Новата илустрирана книга за деца „Џиновска продавница за фантазии“ од авторката Бистра Георгиева беше промовирана вчеравечер (6 март 2019 г.), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од шпанската илустраторка Моника Каретеро.   Уредничката на сликовницата, Билјана С. Црвенковска, на промоцијата истакна:…

Маги ја чита книгата „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал

Замислете си една џиновска праска во која има седум многу необични инсекти, кои ќе ве однесат на магична авантура. А дали го познавате Џејмс Хенри Тротер? Тој е едно осамено момче, кое живее со две одвратни бабишта, сè додека еден ден не се случи нешто чудно. На крајот на градината една праска започнува да расте…

Марија ја чита книгата „ГДЏ“ од Роалд Дал

Дали сте ја прочитале една од најубавите книги за деца, „ГДЏ“ од славниот британски писател Роалд Дал? Светскиот детски бестселер со препознатливите илустрации на Квентин Блејк, на македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“. ГДЏ не е таму некаков си обичен џин што дроби и џвака коски. Не, тој…

„Супервештерката…“ меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград

Српското издание на популарната книга за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната писателка Билјана С. Црвенковска е меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград. Книгата, која на српски јазик излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, ја објави престижната издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала Лагуна“. Таа беше претставена минатиот октомври во…

Нова книга: „Џиновска продавница на фантазии“ од Бистра Георгиева

„Џиновска продавница на фантазии“ е втора детска книга на младата Бистра Георгиева, која, како и нејзината претходна сликовница Ото, Ото и Ото е продолжување на, како што се покажа, мошне успешната соработка со шпанската илустраторка Моника Каретеро. „Џиновска продавница на фантазии“ е книга која ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична,…