Холивудските ѕвезди ја читаат книгата „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал

Режисерот Тајка Вајтити ја предводи листата на холивудски ѕвезди кои во хуманитарни цели ќе читаат делови од книгата за деца „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал. Ликовите од делото на омилениот британски автор за деца ги интерпретираат: Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Бенедикт Камбербач, Рајан Рејнолдс, Лијам Хемсворт, Лупита Нијонго и други. Акцијата се организира…

Избрани победниците на конкурсот „Девојчето и градот“

Околу 700 цртежи и 350 литературни дела од ученици од целата држава пристигнаа на поштенската и на електронската адреса на „Арс Ламина“, за конкурсот на тема „Девојчето и градот“. На ликовниот и литературен избор, инспириран од приказната во новата, истоимена сликовница на Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, која е во издание на „Либи“, дел од…

Даниел Редклиф чита извадок од книгата „Хари Потер и Каменот на мудроста“

Ништо не може да ја запре магијата на Хари Потер. Дури ни периодот на изолација поради пандемијата на вирусот корона. Имено, повеќе јавни личности како Даниел Редклиф, Дакота Фенинг, Еди Редмејн, Стивен Фрај и Дејвид Бекам ќе бидат дел од видео и аудиочиталната во која интерпретираат делови од првата книга од познатиот серијал за деца…

Со сликовницата „Тука сме“ од Оливер Џеферс го одбележуваме Светскиот ден на планетата Земја

Со сликовницата посветена на нашата планета „Тука сме“ од Оливер Џеферс, што недамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме Светскиот ден на планетата Земја – 22 април. Станува збор за најновата во низата успешни изданија за деца на илустраторот со ирско потекло, кој е стациониран во…

Наградуваните книги за деца „Срцето и шишето“ и „Тука сме“ од Оливер Џеферс објавени на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Едни од најнаградуваните сликовници „Срцето и шишето“ и „Тука сме“ од илустраторот и автор Оливер Џеферс излегоа од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за две извонредни книги за деца, но и за возрасни, од артистот со ирско потекло, кој е роден во Австралија, но стационира е во…

Четири книги од Јасминка Петровиќ кои треба да ги прочита секое дете и возрасен

Од авторката на одличните романи за деца: „За мачките, за нотите и за бубачките“ и „Сакам дома!“, Јасминка Петровиќ деновиве на македонски јазик излезе од печат уште една интересна книга за најмладите: „Сè е во ред“. Една од најчитаните авторки во регионот, во своите книги отвора значајни прашања, со кои се соочуваат не само децата…

Книги за деца од „Либи“ ‒ симпатичен велигденски подарок за најмладите

  Книгата е подарок што може да го отворате повеќе пати. Тој е траен и вреден дар за најмладите, со кој учат, развиваат фантазија и квалитетно го исполнуваат слободното време. Ви препорачуваме неколку книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои може да ги подарите на најмладите за време на велигденските…

„Светлина зад ридот” – книгата по која е снимена македонската ТВ-серија „Опстанок”

Една од омилените телевизиски серии на повеќе генерации, „Опстанок“, е снимена по книгата „Светлина зад ридот“ од Трајче Крстески деновиве повторно е актуелна. Серијата, која е снимена 1990-91 година во продукција на „ТВ Скопје“, се емитува на новиот МРТВ 5 канал, кој е фокусиран на детска и образовна програма. Веројатно повеќето добро ја знаат приказната…

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува на 4 мај на МРТВ

Долгоочекуваната ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува на 4 мај 2020 година на Македонската радио-телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20.15 часот на Првата програма, со репризи следниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, следниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk…

Марија и Маги: Нашите омилени топ 5 книги од „Литература.мк“

Двете сестрички Марија и Маги, кои се популаризираа со својот јутјуб-канал „Читаме со Марија и Маги“, каде што зборуваат за книгите што ги читаат, направија листа со своите топ 5 книги за деца од „Литература.мк“, што препорачуваат да се прочитаат за време на изолацијата. Во продолжение се поединечните листи на двете млади љубителки на пишаниот…

„Девојче и мече“ од Ване Костуранов – број еден сликовница во „Лагуна“

Само неколку недели по објавувањето на српски јазик, книгата за деца од Ване Костуранов, „Девојче и мече“ од Ване Костуранов е најпопуларна сликовница од белградската издавачка куќа „Лагуна“. На веб-страницата на престижниот српски издавач, втората книга од етаблираниот македонскиот илустратор и автор е меѓу најбараните книги за деца. „Лагуна“ го најави објавувањето на книгата со…

Пет нови книги за сите љубители на мачки

Тие се мили, но палави, сакаат да се галат, но се независни, навидум незаинтересирани, но многу љубопитни, често мрзливи, но супербрзи. Ова веќе добро го знаат сите љубители на мачките, кои во својот дом се грижат за едно (или повеќе) вакво милениче. Мачките често се појавуваат како инспирација за разни уметнички дела, а многу често…

Првоаприска маска инспирирана од Исидора Мун

Се наближува роденденот на Исидора Мун. Татко ѝ предложува да направат традиционална вампирска забава, а мајка ѝ претпочита типичен самовилски роденден. Но, Исидора посакува вистински детски роденден каков што имала нејзината другарка Зои ‒ со маски. На нејзината среќа ќе нема крај, кога родителите ќе ѝ дозволат да има роденденски маскенбал. Но, таа се двоуми,…

НОВО: Објавена првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина -публикации“. „Хари Потер и Каменот на мудроста“, како една од лектирите за деветто одделение, е дел и од едицијата „Лесно читливи лектири“ на „Арс Ламина“. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на…

Пет „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ за деца кои сакаат предизвици и загатки

За сите деца кои сакаат предизвици и загатки, ги препорачуваме петте „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ, кои на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публика“. Кој сака приказни, ќе ужива во секоја од петте книги. Но, да ве предупредиме, секоја од нив претставува не баш лесна задача – решавање…