НАСКОРО: Новата сликовница на Ване Костуранов – „Рекичето што сакаше да порасне“ во издание на „Арс Ламина“

Новата сликовница „Рекичето што сакаше да порасне“ на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, наскоро ќе излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторка на текстот е Ана Торма, а Бисера Бендевска придонесе за пловноста на приказната на македонски јазик. Уредничка на сликовницата…

„МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ им ја доближува традицијата на најмладите читатели

Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. За значењето и изработката на мартинките повеќе можете да дознаете со специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и…

Нова едиција со 10 книги за Шерлок Холмс адаптирани за деца во издание на „Арс Ламина“

Познатите книги за генијалниот детектив Шерлок Холмс, од славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл, адаптирани за најмладите читатели, се дел од новата едиција во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во серијалот „Шерлок Холмс за деца“ на македонски јазик се десет книги: „Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Синиот гранат“,…

Во нови авантури со две нови книги за Тото мачката-нинџа

Подгответе се за нови авантури со Тото – мачката-нинџа! Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве од печат излегоа два нови книги: „Тото мачката-нинџа и суперѕвездената катастрофа“ и „Тото мачката-нинџа и мистериозниот крадец на накит“. Од серијалот на авторот Дермот О’Лири и илустраторот Ник Ист досега на македонски јазик се објавени…

Книгата „Мачешки исповеди“ од Катерина Трајановска раскажува што значи да се биде маче

Новата книга за деца „Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ од авторката Катерина Трајановска ќе биде промовирана на 11 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката…

Одбележуваме 190 години од раѓањето на авторот на „Алиса во земјата на чудата“, Луис Карол

Пред 190 години, на 27 јануари 1832 година е роден англискиот писател, математичар, логичар и фотограф Чарлс Лудвиг Доџсон, попознат под псевдонимот Луис Карол. Светската слава ја стекнал со својот книжевен класик за деца „Алиса во земјата на чудата“, првично објавен во 1865 година. Негови други позначајни дела се продолжението на приказната за Алиса, „Низ…

„Кити и ѕвездената песна“ – Кога суперхерите имаат трема

Убава вест за сите љубители на серијалот книги за деца „Кити“ од авторката Пола Харисон! Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве од печат излезе новата книга „Кити и ѕвездената песна“. Kити е шармантното девојче со супермоќ како мачка, кое тргнува во необични авантури. Семејството на Кити е посебно – мајка…

Топ 10 најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во декември

Замислете подароци што се отвораат повеќепати и секојпат се еднакво интересни, едукативни и возбудливи. Токму такви се книгите. Со нив децата заминуваат на најубавите авантури, дури и кога не ја напуштаат топлината на својот дом. Книгите се интересен и здрав подарок, кој, за разлика од слатките изненадувања во пакетчињата, не ги расипуваат детските заби и…

Среќна Нова година и зимски распуст со „Матеј и Луна“

Покрај веќе добро познатата новогодишна сликовница „Дедо Мраз кај Матеј и Луна“, едицијата за братчето и сестричка близнаци Матеј и Луна сега е дополнета со боенките „Нова година со Матеј и Луна“, „Зимска боенка со Матеј и Луна“ и сликовницата со активности „Матеј и Луна на зимски распуст“. Серијалот „Матеј и Луна“, кој е во…

Во нови зимски и новогодишни авантури со „Дина и Додо“

Во овој период на празнување и дарување, израдувајте ги најмладите со новите зимски и новогодишни авантури на Дина и Додо. Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и празнични приказни се новогодишните и зимски сликовници, боенки и книги со активности, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се достапни…

Книгата за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ објавена и на англиски јазик

По успехот на македонското издание, наградуваната книга за деца „Мистериозниот град под калето“, од авторката Александра Тодоровиќ, деновиве излезе од печат и на англиски јазик. Делото, кое е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Марко Јанев. Оваа интерактивна книга за деца е посветена на Скопје и на…

Нови читанки во издание на „Либи“ за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус

Читањето е супермоќ! Тоа е една од најубавите навики што децата ја стекнуваат уште од најраните години. Со книгите најпрвин се запознаваат преку слушање на приказните што им ги читаат возрасните. Преку нивната селекција, се гради и вкусот за литература на децата. Кога ќе научат да читаат добиваат бесконечна слобода и можности за подобро запознавање…

Едукативните новогодишни пакетчиња за умни дечиња

Додадете магија на претпразничниот амбиент, и израдувајте ги своите најмили со новите едукативни новогодишни пакетчиња за умни дечиња. Тие се трајни, забавни, интерактивни и што е најважно, не ги расипуваат забите! Во понудата на „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ се новогодишни пакетчиња наменети за деца на возраст до пет години, како и за над пет…

Го одбележуваме Светскиот ден на детето: Добрите книги ги штитат децата од суровиот свет

Со цел да се насочи вниманието на јавноста на сите обврски што општеството ги има кон децата, како и на најважните проблеми со кои се соочуваат децата, на 20 ноември, на глобално ниво, се одбележува Светскиот ден на детето. На овој датум, во 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на…

Христина Стефановска во Штип одржа промоција на психолошките прирачници и работилница со деца за препознавање на емоциите

Во присуство на воспитувачи, педагози, учители, наставници и ученици, вчера (16 ноември), во НУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, беа промовирани четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“. Интерактивните прирачници се дел од едицијата „Железница на чувствата“ и се…