Навиките за спиење на познатите писатели наспроти книжевната продуктивност

„И во спиењето и во пишувањето“, Стивен Кинг ја забележал својата одлична медитација за уметноста на „креативниот сон“ и будното сонување, „ние учиме да бидеме физички мирни во исто време кога ги поттикнуваме нашите умови да се ослободат од едноличното рационално размислување на нашите животи за време на јавето.“ Со текот на годините, во мојата…

Книжевен факт бр.14

Четворица од петчленото семејство на Стивен Кинг се книжевни автори, неговата сопруга Табита има седум објавени романи, синот Џое го следи Стивен во хорор-приказните и најмладиот Овен има колекција на кратки приказни и една новела. Единствената ќерка Наоми е надвор од книжевмните води.

Река од 10.000 книги ги „преплави“ улиците на Торонто

На „Белата ноќ“ во Торонто, група уметници која работи под името „Лузинтеруптс“ ја постави инсталацијата „Книжевност против сообраќајот“, со која затворија една од најпрометните градски улици и ја преплавија со 10.000 книги. Овој проект претходно е реализиран во Мадрид, Њујорк и Мелбурн, а е коментар на задушените улици од сообраќај. Дозволувајќи улиците да бидат преплавени…

Книгата „Да се убие птицата подбивница“ исфрлена од училишната лектира

Познатиот роман за расизмот во Америка „Да се убие птицата подбивница“ на истакнатата писателка Харпер Ли е исфрлен од листата на задолжителна литература во едно основно училиште во Мисисипи, бидејќи одредени изрази во неа предизвикувале непријатност кај луѓето. „Имаше некакви обвинувања за оваа книга“, вели потпретседателот на училишниот одбор, Кени Холовеј. „Во книгата се користат…

Каде е денес „девојката од железничката станица ЗОО“

Како тинејџерка, целиот свет веќе дозна за неа. Кристијане Вeра Фелшеринов ја забележуваат двајца новинари на магазинот „Стерн“, на судење на маж кој на малолетни девојки за секс им плаќал со хероин, во Берлин во 1978 година. Тогаш таа имала 16 години и била сведок, а новинарите сакале да дознаат нешто повеќе за неа и…

Најдобрата библиотека на тркала: Ние подигнуваме генерации, а со некои членови се слушаме секој ден

Во Хрватска денес не е толку лесно да се најде човек кој со искрена насмевка ќе ви каже дека искрено ја сака својата работа. Таква е екипата на Библиобусот, мобилната служба на Библиотеката на градот Загреб, која повеќе од 40 години ги минува зафрлените загрепски квартови, каде што нема „фиксни“ библиотеки. „На некој начин, ние…

Филм за последната книжарница

Дали некогаш сте помислиле како би изгледала последната книжарница? Замислете свет во кој постојат само документи, текстуални датотеки настанати на основа на оригиналната содржина на книги што се изгубиле патем. Свет во кој оригиналната приказна на хартија ги крши авторските права на е-книгата. „Последната книжарница“ е краток филм настанат во 2012 година. Неговите автори се…

Пипи Долгиот чорап денес

Пипи Долгиот чорап е книжевен лик создаден од шведската писателка Астрид Лингрен кој на екран го оживеа шведската актерка Ингер Нилсон на осумгодишна возраст. Карактеристичната насмевка, љубопитниот поглед и ѓаволестата енергија која ја поседуваше ја направија омилен детски лик од серијата и филмот „Пипи Долгиот чорап“. Денес таа има 57 години, живее во Стокхолм, каде…

Славење на преведувачката професија

30 септември „Меѓународен ден на преведувачите“ Ширум светот 30 септември се одбележува како „Меѓународен ден на преведувачите“ започнувајќи од 1991 година, кога Меѓународната федерација на преведувачите го прогласи овој ден за ден на преведувачи со цел ширење на свеста за важноста на оваа професија и искажување на солидарноста со колегите ширум светот. Свети Еероним или…

Научно фантастични книги што ја предвидоа иднината

Научната фантастика е литературен жанр во кој дел од приказната или, пак, целата е основана на наука. За да ги читаме овие книги понекогаш е потребно солидно општо образование, бидејќи овие книги се полни со референции, симболи, места и локации, што го бараат тоа. Понекогаш, покрај солидното знаење, потребна ни е и фантазијата, бидејќи се…

Книжевен факт бр.10

Вистинската „Алиса во земјата на чудата“ всушност е Алиса Линдел. Нејзините родители биле пријатели на Луис Керол, авторот на делото и ја напишал приказната за неа, кога таа имала десет години. 

„Мини Либи“ и „Либи“ подготвени за во училиштата

По три години истражување, анализирање и подготовка „Арс Ламина“ со гордост го најавува новиот септемвриски, четврти број на списанијата МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) одобрени за издавање од Министерството за образование.МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) се модерно дизајнирани списанија наменети за ученици од прво до трето, односно од четврто…