Полицаец од Колашин наизуст ги владее Куранот и Светото писмо, цитира дела од светската книжевност и изучува психологија

Документарецот „Мило“ во продукција на „Ал Џезира Балканс“, чиешто сценарио е потпишано од Фахрудин Бечиќ, извршниот продуцент на оваа телевизија, зборува за Мило Шчеќиќ, ексцентричен полицаец од Колашин, мал град на северот на Црна Гора, кој има прочитано илјадници книги, истражува психолошки феномени и необични појави, анализира уметност и филозофија и ја поврзува книжевноста со…

Чаеви инспирирани од книжевни дела

Кованицата NovelTeas е настаната како игра со зборовите novel и tea (во превод од англиски: роман и чај). Всушност, таа претставува бизнис-приказна на луѓе кои ги спојува љубовта кон чајот и книгите. Станува збор за пакување на чаеви, наменети за вљубениците во литературата. Лимените кутии во облик на книги се исполнети со чаеви, именувани според…

Топ 10 цитати на Доналд Трамп за читањето и пишувањето

Доналд Трамп – 45-тиот американски претседател е веројатно најцитираната личност на денешницата. Без да додаваме епитети, придавки на неговите лик и дело, еве некои негови „размисли“ за пишувањето, писателите, читањето и, генерално, светот на литературата. „Знаете дека сакам да читам. Всушност, ја гледам книгата, ја читам книгата и се обидувам да го почнам читањето.“ „Низ…

Како Доктор Дулитл стана Доктор Офболи?

Во советската детска литература прераскажувањето и изменетите верзии на странските класици го привлекуваа интересот на општеството многу повеќе од преводите – до тој степен што некои ликови од класиците беа целосно русизирани. Многубројни ремек-дела на западната детска литература пристигнаа во Русија во форми што многу се разликуваа од оригиналите: Вини Пу, Мери Попинс, Алиса во…

Бора Чорба со нова збирка поезија, во која нема пцуење

Во Клубот на книжевници на Србија, во Белград, беше претставена десеттата книга на Бора Ѓорѓевиќ, збирка песни „Пуст остров“ („Арте“), која рокерот, композиторот и водачот на „Рибја чорба“ ја посвети на својата последна, најголема љубов Дубравка. Книгата го добила насловот по истоимената песна објавена во рамките на колумната што Бора Чорба, своевремено, ја пишувал за…

Градските чистачи создадоа библиотека од фрлени книги

 Комуналната служба на Анкара има своја библиотека, а сите книги во неа ги собрале нејзините вработени од контејнерите на различни локации ширум градот. „Тие требаше да завршат на отпад, а ние им дадовме нов живот. Идејата се роди кога заедно со колегите размислувавме што можеме да работиме, покрај редовната работа“, вели Емирали Уртекин, управник на…

И Хилари Клинтон на Греми наградите

Поранешната демократска кандидатка на претседателските избори во САД во 2016-тата година, Хилари Клинтон, се појави на доделувањето на Греми наградите во Њујорк, каде на глас заедно со Шер, Џон Леџенд и други ѕвезди читаше делови од контроверзната книга за актуелниот американски претседател Доналд Трамп – “Оган и гнев”. Таа се појави во скеч во кој…

Четири начини како книжевноста влијае на нашиот живот (видео)

Дали се сеќавате на чувството кога на училиште бевте присилени да прочитате одредена лектира? Некој роман од XIX век што вам ви се чини дека е целосно непотребен, наспроти реалниот живот што се случува некаде надвор.Ако го читате овој текст, веќе го имате надминато чувството на сомнеж во вредноста и значењето на книжевноста. Книгата „Училиште…

Книжарница во која се продаваат само потпишани примероци на книги

При остра конкуренција, секој книжар се обидува да најде начин како да се одвои на конкуренцијата. Така, сопственикот на книжарницата во Алабама, Џејкоб Рајс, одлучил да продава само книги што се потпишани од нејзините автори. Иако понудата на овие книги е значително помала во однос на другите книжарници, сепак продажбата на книги е во постојан пораст.…

Пекинг: Возовите во метро се претворени во библиотеки

На ова патување со градскиот превоз, вљубениците во книгата нема да имаат никаква забелешка. Одредени возови на линијата четириесет од пекиншкото метро се претворени во своевидна библиотека, иако во нив сè уште ќе биде тешко да се прочита некоја книга во хартиено издание. Всушност, оваа библиотека е своевидна реклама за апликацијата за слушање аудиокниги. Доколку…

Почина Арон Апелфелд, израелскиот писател кој го преживеа холокаустот

Познатиот израелски писател Арон Апелфелд, добитник на националната награда на Израел за книжевност почина вчера на 86 години. Роден е во Буковина, тогашна Романија, денес Украина, во асимилирано еврејско семејство, што себеси се сметало за европско, наведуваат израелските медиуми, иако баба му и дедо му биле религиозни Евреи. Веднаш пред холокаустот, кога Германците влегле во регионот,…

10 предлог книги за подарок овие празници

Книгата е најубав новогодишен подарок. Во продолжение ви предлагаме 10 книги за подарок овие празници. „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви…

Проштално писмо за Лилјана Дирјан од Елизабета Шелева

Драга ЛИЛЕ, Ми рекоа, ова обраќање да не биде свечено, официјално, премногу натажено, ами сочно и живописно, онака, налик повеќе на Тебе, и добро што е така! Право да ти кажам, ич не ми се пишува проштално писмо или говор за Тебе од многу, многу причини. Освен тоа, јас и не знам како се прави…