Направете сами: Креативно пакување подароци со пакпапир

Подарокот не мора секогаш да изгледа убаво само однатре, тој може да биде атрактивен и однадвор. Иако е навидум еднолична и здодевна, кафената хартија за пакување, или т.н. пакпапир, со малку фантазија може да изгледа навистина привлечно. Со неколку корекции и уникатни додатоци, подарокот може да изгледа посебно и неповторливо. За претстојните празници на класично…

Новогодишна магија со елки од книги

Доколку сакате оваа година вашиот дом или, пак, работните простории да ги декорирате поуникатно, можете да избегнете користење на природна или вештачка елка. Покрај веќе популарната идеја со дрвена рамка на ѕид во форма на елка, годинава обидете се да направите елка од книги. Таа ќе донесе посебна новогодишна магија во просторот. Како успешно да…

Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2018“

Почитувани, blog.literatura.mk повторно е номиниран во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината 2018“. Покрај блогот, номинирани се и Literatura.mk за е-трговија и огласување, Libi.mk и resursi.literatura.mk во категоријата сајтови за образование, наука и култура, додека obrazovanie.literatura.mk/ е во конкуренција за најдобар сајт. Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата sajtnagodinata.mk, каде…

Го одбележуваме Моември со 15 книги од нашите полици

Со цел да се покрене свесноста за машкото здравје, веќе 15 години на светско ниво, секој ноември се одбележува т.н. „Моември“. Оваа акција е иницирана во Австралија во 2003 година со цел да се сврти вниманието кон еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите – ракот на простата. Акцијата многу брзо стана глобална, а се…

Книжарницата „Литература.мк“ слави две години со попусти и изненадувања за купувачите

Пред точно две години, на 15 октомври, книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на најфреквентната пешачка зона во Скопје – улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). За само 24 месеци ексклузивната кафе-книжарница прерасна во едно од најпрепознатливите и најпосетени места во центарот на Скопје. Роденденот го славиме со 20% попуст на белетристика…

Инстаграм-библиотека што ја открива магијата на книгите

Дваесет и тригодишната Eлизабет Саган љубовта кон книгите ја преточува во уметнички објави на својот инстаграм-профил. Оваа „книгограмџика“ најпрвин почнала да ги споделува своите омилени книги, да пишува препораки, а тоа прераснало во едни од најкреативните објави на оваа социјална мрежа. Секоја фотографија е посебна приказна, често поврзана со содржината на книгата што сака да…

Парада на ликовите од книгите на Саемот во Франкфурт

Неколку илјади тинејџери маскирани како ликови од популарните книги, стрипови, сликовници и анимирани филмови парадираа на Саемот на книгата во Франкфурт 2018, што траеше од 10 до 14 октомври. Препознатливи костуми од светот на „Господар на прстените“, „Војна на ѕвездите“ и на Хари Пoтер, кловнот Пенивајс од „Тоа“, Спајдермен, Харли Квин, Жената-мачка, Елса и Ана…

Македонскиот министер за култура се сретна со директорот на Саемот на книгата во Франкфурт

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, денеска (12 октомври) се сретна со раководството на Саемот на книгата во Франкфурт. Тој разговараше со директорот за меѓународна соработка Тобијас Вос и со генералниот извршен директор Јирген Бос. На средбите министерот Адеми го изрази своето задоволство што Република Македонија со години е присутна на Саемот и…

Спортскиот биограф Лука Кајоли – гостин на „Арс Ламина“ на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт

Најпознатиот светски автор на биографии на спортисти, Лука Кајоли, беше специјален гостин на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ на македонскиот штанд во рамките на 70-тото издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Тој изрази задоволство од македонските верзии на неговите книги „Роналдо: Опсесија за совршенство“ и „Меси: Приказна за момчето што стана легенда“, што…

Читањето книги го подобрува менталното здравје

Почнувајќи од 1992 година па наваму, Светскиот ден на менталното здравје се одбележува на десетти октомври во повеќе од сто држави низ светот. Според неодамнешно истражување на „The Reading Agency“, читањето книги е од особена важност за менталното здравје. Зголемено ниво на емпатија, подобра врска со луѓето, намалени симптоми на депресија, ризик од заболување од…

Најстарата книга во Европа со оригинално зачувана опшивка на страниците пронајдена во гробница на светец

Мала книга со кожени корици, што датира од пред 1320 години, е пронајдена неоштетена во гробница на светец во црква во Шкотска. Се претпоставува дека станува збор за најстарата книга во Европа со оригинално зачувана опшивка на страниците. Книгата The St. Cuthbert Gospel била најдена заедно со неколку други предмети во вечното почивалиште на свети…

Запознавање со сликарските дела на писателот Славко Јаневски

Скопје од вчера има уникатна можност одблизу да се запознае со сликарското творештво на авторот на првиот македонски роман и еден од основоположниците на македонската современа литература, Славко Јаневски. Со стихови од Јаневски, интерпретирани од актерот Висар Вишка, и со музичката придружба од џез-гитаристот Тони Китановски, во преполниот салон на Музејот на град Скопје вчеравечер…

Изложба на дела од Славко Јаневски и Томе Серафимовски во Музејот на град Скопје

Заедничка изложба на масла на платно на Славко Јаневски и скулптури во бронза на Томе Серафимовски ќе биде отворена вечерва (втори октомври) во 20 часот, во Музејот на град Скопје. На изложбата, што ја организира Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на обата барда…

Наскоро книга инспирирана од ТВ-серијата Stranger Things

Иако вообичаено книгите се инспирација за ТВ-серии и филмови, сепак во случајот на „Чудни нешта“ (Stranger Things) редот ќе биде необичен. Инспирирана од приказната во популарната ТВ-серија што се емитува на „Нетфликс“, издавачката куќа „Пингвин“ во февруари 2019 година ќе објави книга заснована на приказната од серијата. Дејството во првата „Чудни нешта“-книга, напишана од Гвенда…

Пол Макартни напиша нова книга за деца – Hey Grandude!

Легендарниот музичар Пол Макартни напиша нова книга за деца, „Hey Grandude!“, која ќе се најде во продажба во септември следната година преку „Рендомхаус кидс“. Иако насловот на сликовницата потсетува на еден од најголемите хитови на „Битлси“ – Hey Jude, во видеонајавата Макартни открива дека инспирацијата за името доаѓа од еден од неговите осум внуци. Тој…