Хрватски режисер протестира читајќи ги укинатите лектири

„Малиот принц“, „Дневникот на Ана Франк“, „Пипи Долгиот чорап“ и „Куќата на ежето“ се само дел од книгите што младиот режисер Ловро Крсник, во знак на протест, ги чита пред хрватската влада. Тој реагира откако култните книжевни дела биле исфрлени од списокот на лектири во хрватските училишта. Неговата иницијатива #ИПонатамуЧитам започнала на 15 февруари, кога…

Обележувачи што ја означуваат забавната страна на читањето

Како ги означувате страниците до каде што сте стигнале читајќи книга? Дали со какво било ливче или предмет што ќе ви се најде при рака, со виткање на страницата или пак со врвца или хартиен бележник? Дали можеби припаѓате во групата на читатели што сакаат обележувачи со креативни дизајни? Тогаш сигурно ќе ве одушеват овие…

„Орбис Пиктус“од Јан Амос Коменски e најстарата илустрирана книга за деца, објавена во 1658 година

Најстарата зачувана илустрирана книга за деца „Орбис Пиктус“ („Orbis Pictus“) од Јан Амос Коменски била објавена во 1658 година. Книгата, која е позната и под називот „Orbis Sensualium Pictus“ („Светот виден низ слики“), се смета и за еден од најстарите илустрирани учебници, преку кој децата го запознавале светот. Оваа книга ги поставила и темелите на…

Изложба на одамна недопрени, заборавени или т.н. „тажни книги“

Со цел да го поттикне интересот кај читателите, во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово е поставена несекојдневна изложба на книгите што одамна никој не ги изнајмил од библиотеката. Дел од овие одамна недопрени, заборавени или т.н. „тажни книги“, со децении ниту еднаш не биле позајмени од читателите на Градската библиотека. По избор на…

Чанти инспирирани од книжевните класици

Француската дизајнерка Оливија Ле-Тан инспирирана од најпознатите светски книжевни класици изработи уникатни чанти. Меѓу нив се кориците на „Дракула“, „Злосторство и казна“ „Џеј Ер“, „Алиса во земјата на чудата“, „Моби Дик“, „Лолита“, „Стаклено ѕвоно“, „Пајажината на Климентина“. Овие т.н. „книги за носење“ се изработени од свила и волна. На нив рачно се везени мотиви од…

Одбележуваме 73 години од печатењето на „Македонска граматика“ од Круме Кепески

Веднаш по стандардизирањето на македонскиот јазик, пред 73 години, на 26 јануари 1946 година излегла до печат првата „Македонска граматика“, чиј автор е Круме Кепески. Најважната улога на Граматиката на Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Откако на заседанието на АСНОМ на…

Стари книги како уметнички инсталации

  Уметникот Мајк Стилки од Лос Анџелес им дава нов живот на старите книги создавајќи уметнички инсталации од нив. Станува збор за стотици книги, кои ги подредува во висина и потоа црта по нивниот бочен дел, употребувајќи мешавина од мастила, дрвени боички, лак и акрилни бои. Во собирањето книги за неговите уметнички дела му помагаат…

Ен Хатавеј ќе игра во филмска адаптација на „Вештерки“ од Роалд Дал

Оскаровката Ен Хатавеј ќе толкува една од главните улоги во новата филмска адаптанција на една од најпознатите книги за деца од Роалд Дал, „Вештерки“. Проектот ќе го режира култниот Роберт Земекис, познат по своите филмски ремек-дела: „Враќање во иднината“, „Форест Гамп“, „Смртта ѝ прилега“, „Поларниот експрес“, „Куќа на чудовишта“, „Божиќна песна“ и други. Во фокусот…

„Нетфликс“ ќе сними серија по книгите од Роалд Дал

Книжевните класици од омилениот британски автор за деца Роалд Дал ќе бидат екранизирани во новиот анимиран серијал што го најавува „Нетфликс“. Компанијата, која што ќе ги продуцира и емитува филмовите, најави дека засега се откупени правата за снимање на 15 наслови. Меѓу нив се „ГДЏ“ (Големиот добар џин), „Чарли и фабриката за чоколада“ (во две…

Дрво старо 110 години стана библиотека

Американската уметница Шаралеј Армитаж Хауард направи мини библиотека од 110-годишно дрво. Наместо да го отстрани стариот трупец создала магичната библиотека наречена „Little Tree Library“. Библиотеката, сместена во семејниот двор на Шаралеј во Ајдахо, САД, ќе биде наменета за целото соседство. Од неа бесплатно може да се позајмуваат и разменуваат книги. Внатрешноста на дрвото е осветлена…

Светските книжевни класици реиздадени во рамки на модна кампања

  Шпанскиот луксузен моден бренд „Лоеве“ (Loewe) реиздаде шест светски книжевни класици во рамки на својата кампања за колекцијата есен – зима 2018/19. Станува збор за романите: „Оркански височини“ од Емили Бронте, „Дракула“ од Брам Стокер, „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд, „Срце на темнината“ од Џозеф Конрад…

Повеќе од 200 книги за современа уметност ставени за бесплатно преземање од интернет

Музејот „Гугенхајм“ во Њујорк постави повеќе од 200 книги за современа уметност за бесплатно преземање од интернет. Изданијата можете да ги симнете во ПДФ-формат или, пак, во ePub од интернет-архивата на следниот линк. Изминатите шест години, музејот „Гугенхајм“ во Њујорк внимателно ги дигитализира своите изложбени каталози и уметнички книги, кои сега се достапни онлајн. За…

Најубавите корици на книги во 2018 година

Изминатата 2018 година во светски рамки ќе се памети по интересните белетристички наслови, освестувачките романи за млади, артистичките сликовници, заплетканите трилери, графичките романи, феминистичките книги и биографиите со неочекувани откритија. Добрата содржина сѐ почесто е спакувана во уште подобро пакување. Ќе се согласите дека кориците, сами по себе се приказна, која често го надминува и…

Најчитаните книги во 2018 година

Од ѕвезденото дете, до приказните за бунтовните девојчиња како ѕвезди-водилки за децата. Од Скопје, преку Сараево, па сѐ до Монмартр во Париз. Од интерактивниот графички роман ТКЦП за новите генерации, до класични, безвременски романи како „Гордост и предрасуда“… Во 2018 година книгите нѐ однесоа на волшебни „патувања“ во светот на најмладите, разоткривме нови светови и…

Погледнете ја новата библиотека во Финска со роботи-библиотекари

Во чест на 101-годишнината од својата независност, Финска отвори нова, импозантна библиотека во главниот град Хелсинки. Огромната и најсовремената јавна библиотека наречена „Ооди“ (Oodi) вредела 98 милиони евра. Станува збор за огромна зграда од дрво и стакло дизајнирана од финската фирма „АЛА архитектс“. Таа е сместена на видно место во центарот на градот, спроти парламентот.…