Oмилени книги за 2016 година според Бил Гејтс

Никогаш порано не сум се чувствувал толку копнежлив за учење како што се чувствувам денес. Како млад, имав неколку опции да учам сам. Моите родители имаа сет енциклопедии за книгите низ светот, што ги читав по азбучен редослед. Но, немаше курсеви на интернет, видеопредавања или поткасти што ќе ме запознаат со нови идеи и мислители,…

Десет знаци дали сте зависник од книга

Дали некогаш сте се прашале дали сте зависни од книгите и дали постои начин како да се излекувате од овој добар „порок“? Ако се преиспитувате дали припаѓате на таа категорија луѓе, еве неколку знаци по кои можете да се дефинирате: И пред да ја завршите книгата, сакате нова. Поубаво ви е во друштво со книгите…

Боенки за возрасни – антистрес-терапија

Боенките во минатотo ги доживувавме како играчка за деца, но денес сe популарни меѓу возрасните ширум Америка и Европа, па стигнаа и на Балканот како оживувачи на заспаната креативност на возрасните. Трендот на боенки што веќе трае две години создаде клубови во кои возрасните се дружат и бојат боенки. Градската библиотека во Вашингтон е една…

Скулптури од книги за важноста на библиотеките

Детската книжевност учествува во изградбата на секој поединец, а естетичките и етичките погледи во подоцнежниот период од животот се условени од она што сме читале како деца. Често не сме свесни дека она што сме го прочитале во детство останува во нас и кога ќе пораснеме. Местото што книгите го заземаат во животот на најмладите…

Стивен Кинг стивна на социјалните мрежи

Славниот американски писател Стивен Кинг, најпознат по своите хорор-романи, „замолкна“ на социјалните мрежи по претседателската победа на Доналд Трамп. Кинг порача дека нема веќе ништо да објави на своите профили на „Фејсбук“ и „Твитер“, бидејќи неговите обиди да ги повика сограѓаните да не гласаат за Трамп не родија плод. „До скора иднина нема веќе препораки…

Најкратката хорор-приказна на Стивен Кинг

Најновата хорор-приказна на Стивен Кинг е составена од две реченици. Популарниот писател своето најново дело го објави на „Твитер“ и следуваше лавина од споделувања. „Мојата најнова хорор-приказна_ Некогаш одамна постоеше човек со име Доналд Трамп и се кандидираше за претседател. Некои луѓе сакаа да победи“. Кинг и претходно изјави за „Вашингтон пост“ дека е вџасен…

Саем на книга Франкфурт 2016: Ова е она што нè спојува

Под мотото „Ова е она што нè спојува“, Холандија и Фландрија, како почесни гости на Саемот на книга во Франкфурт, покажаа како со помош на литературата се уриваат границите на она што нè разделува, одејќи напред во потрага по она што нè поврзува. Распослан на 2300 квадратни метри, павилјонот број 1 понуди поинакво доживување. На прв…

Недела на италијанската книга

Книгите од италијанските автори на попуст во книжарниците „Литература.мк“, „Култура“, „Или-или“, „Магор“, „Икона“, „Антолог“ и „Матица“. Од 31 октомври до 5 ноември, во рамките на „Недела на италијанската книга“, во организација на Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, ќе читаме италијански книги и ќе ја доживуваме Италија низ различни уметнички форми. Во продолжение следуваат детали од…

Македонската литература на саемот на книга во Франкфурт

Постојат многу причини да се биде овој октомври во Франкфурт и да се посети најголемиот саем на книгата во светот. Од 19 до 23 ова ќе биде местото каде издавачите, авторите и љубителите на книгата ќе доживеат една „поинаква страна на книгата“. Најголемиот саем на книгата во светот од денеска ги отвори вратите за издавачката…

Луѓето кои читаат книги живеат две години подолго

Истражувањето што неодамна е спроведено на Универзитетот „Јејл“ покажува дека половина час дневно читање книга може да го продолжи животот за две години. Истражувањето имало цел да потврди дека читањето книги и списанија влијае на долговечноста. Иако претходните истражувања потврдуваат дека активности што подразбираат седење, како гледање телевизија, го скратуваат животот, изгледа дека читањето нема…

Sирнете во дворецот на Австриската национална библиотека

Познатата свечена сала на една од најубавите библиотеки на светот, Австриската национална библиотека, од 20 јули може бесплатно да се разгледа на интернет и на страницата на Google Arts & Culture-Seite.   Овде можете да ја разгледате библиотеката Со едноставен клик, ние љубопитниците имаме можност виртуелно да ја разгледаме барокната зграда, да ја видиме во…

Авторите на литературата за деца доминираат како најплатени меѓу писателите

Десетте најдобро платени светски писатели меѓу јуни минатата година и јуни оваа година заработиле вкупно 269 милиони долари бруто, што е 86 милиони долари помалку во споредба со минатогодишната заработка. Според „Форбс“, меѓу писателите најмногу заработил Џејмс Патерсон – 95 милиони долари. Патерсон пишува детективски романи и книги за деца, објавува од 15 до 16…

Новиот вид тарантула именуван по големиот Маркес

Новиот вид тарантула, што научниците ја пронајдоа во дождовните шуми на Колумбија, го доби името по писателот Габриел Гарсија Маркес. Комплетното име на овој вид тарантула е Канкуамо Маркези. Првото име го означува родот, дадено по домородниот народ кој ја населил источната падина на Сиера Невада де Санта Марта, каде што всушност е најдена тарантулата…