26 полици за книги што ќе ви дадат одлични идеи

1. Рафтови за оние што ја сакаат библиотеката на „Убавицата и ѕверот“  2. Сон за спална соба  3. Инспиративна домашна канцеларија што си ја посакува секој писател 4. Удобна и шарена библиотека, создадена за дружење 5. Восхитувачка, од под до таван библиотека  6. Стилизирана спирала 7. Огромна библиотека 8. Светларник во домашната канцеларија  9. Удобна спална – библиотека-соба 10.…

Романот напишан од компјутер за малку до книжевна награда

Романот што е напишан од вештачка интелигенција и мала помош на човечкиот фактор го помина потесниот круг на конкурсот за национална книжевна награда на Јапонија. За среќа или несреќа, не освои награда, но овој обид претставува чекор напред во областа на вештачката интелигенција Иако мислев дека на мојата работа не ѝ се заканува автоматизација, компјутерот…

Продадена е книгата со бајки сопственост на Ана Франк

Збирката бајки на која се наоѓа потписот на Ана Франк е продадена за 62.500 долари на аукција во Њујорк, односно двапати повеќе од почетната цена, соопшти галеријата „Сон аукшн“, што ја организираше продажбата. Станува збор за книгата бајки на браќата Грим на германски јазик, што ѝ припаѓала на Ана, а во која се наоѓаат и…

Десетте најдолги романи на сите времиња

Интернетот кај секого официјално го уништи распонот на внимание, до таа мера што ако сега сакате да ја прочитате книгата „Кучето Спот“ потребна ви е огромна концентрација. Затоа, нам ни е страв да помислиме колкумина би успеале да ги прочитаат овие чудовишта на прозата; титани на текстот. Подолу ги наведовме десетте најдолги, најепски романи што…

Скулптура од книги раскажува приказна за загубеното знаење

Три илјади книги во јама, покриени со стакло, се дело на скулпторката Сузана Хеселберг, уметница која честопати користи книги како инспирација за својата уметност. Во близината на Архус во Данска има дупка во земјата, покрај крајбрежјето. Квадратестата јама е покриена со стакло и се протега надолу. Кога човек ќе се загледа повнимателно, ќе забележи дека…

Ламба за читање пред спиење: „Лили Лит“

„Лили Лит“ е ламба за читање дизајнирана од Тирс Смитс и Лиедевиј, двојка од Холандија, која со овој производ има цел да го заокружи задоволството на читање книга. Ова парче мебел е спој на книга, ламба и разделник. Вградениот сензор овозможува вклучување и исклучување на светилката без прекинувач. Кога ќе ја ставите книгата на местото…

Умберто Еко во тестамент ги забранил дебатите за себе

Големиот писател и мислител во својата последна порака забранил да се водат расправи, предавања и дебати за него, следните десет години по неговата смрт. Умберто Еко успеа дури и од гроб, културната јавност да ја извади од колосек, со своето последно писмо во кое забранува да се водат расправи и предавања за него и за…

Вратена книга во библиотека по 49 години

На многумина ни се има случено со задоцнување да вратиме книга во библиотека, но Џејмс Филипс од Минесота книгата ја вратил со задоцнување од 49 години. Книгата „Историја на Крстоносните војни“ ја земал од библиотеката на Универзитетот во Дејтон, Охајо, каде што студирал и ја задржал кај себе дури 49 години. Тој книгата ја пронашол…

11 прекрасни пријателства помеѓу автори на класици

Големите писатели се стремат да бидат на врвот во своето поле, така што книжевноста знае да биде заедница во која се колат грла. Тешко е да се замисли да сакате да се дружите со директниот ривал и, навистина, многумина автори се имаат меѓусебно замерено или јавно го имаат напаѓано трудот на другиот. Но, ова не…

Топ 9 книги во чест на месецот на жената

Март е месецот да ги славиме жените, нивните борби, нивните триумфи и нивното место во денешниот свет. За да прославиме, се сетивме да составиме листа од омилени книги што зборуваат за животите и постигнувањата на жените ширум светот. 1. Јас сум Малала, Малала Јусафсај и Кристина Лемб Извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште…

Освежувачи за простор со мирис на книга

Освежувачите за простор со мирис на книга претставуваат решение за сите љубители на прекрасниот мирис на тукушто отворените книги или наталожениот мирис на старите книги и нивните подзалепени страници. По сознанието дека главен недостиг на читателите на електронски книги (е-книги) е токму неможноста да се почувствува книгата, производителите на освежувачи за простор се сетија да…

Книга што се самоуништува ако се чита бавно

Аргентинската издавачка куќа „Етерна Каденција“ лансираше необичен концепт на книги што се самоуништуваат, доколку не се прочитаат веднаш. Еднаш отворената книга има „рок на употреба“ или може најдолго да се прочита за два месеца, инаку се самоуништува. Проектот „Книга што не може да чека“ (El Libro Que No Puede Esperar) ја лансираше издавачката куќа „Етерна…

Необични книги: Семејниот готвач на Лав Толстој од Сергеј Белтуков

Замислена како шеговит подарок на братот кон саканата сестра, инаку сопруга на Лав Толстој, книгата „Семејниот готвач на Лав Толстој“ преку колекција на рецепти ни овозможува да ѕирнеме во семејниот живот на авторот на „Ана Каренина“, „Војна и мир“ и други ремек-дела. Ова не е критички есеј, ниту, пак, уште една биографија. Оваа книга е…

„Мариока Шотен“ – книжарница што продава само по една книга

Соочени со стотици нови наслови што секоја година се објавуваат по светот, книжарите имаат тешка задача, што да им понудат на своите купувачи. Еден јапонски сопственик на мала книжарница „Мариока Шотен“ одлучил во својата понуда неделно да става по еден наслов. Книжарницата е отворена во мај минатата година, во луксузниот токиски кварт Гинза, а нејзиниот…

Листата на 100 најомилени книги на Дејвид Боуви

Листата на најомилени книги на Дејвид Боуви ја открива вистинската „бубалица“ во него Сите го знаеме Дејвид Боуви како музичка икона и икона на поп-културата. Но, ако барате брз курс за литературни дела што задолжително треба да се прочитаат, доволно е да се консултирате со листата на стоте најомилени книги на Боуви. Листата на Боуви…