Владимир Блажевски, човекот-подвижна филмска енциклопедија и режисер којшто снима вредни филмови на панкерски начин

Режисерот Владимир Блажевски е роден во Скопје, во 1955 година. Дипломира филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград и досега се јавува како автор на долгометражните играни филмови: „Хај-Фај“ (1987, Вардар филм), „Булевар револуције“ (1992, Синема Дизајн Белград), „Панкот не е мртов“ (2011, Панк филм Скопје). Блажевски има реализирано и седум документарни, десетина…

Владимир Плавевски – хроничарот на скопско Ново маало

Владимир Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на бројни групни изложби e активен во периодот од 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото клубот „Вардар“ од…

Феми Кути, човекот што низ песна ги лекува најгорливите општествени проблеми, гостин во „Астрорум“ на Литература.мк

Славната африканска ѕвезда, нигерискиот музичар и борец за човекови права, Феми Кути гостуваше во „Астрорум“, еден ден после големиот концерт со Македонската филхармонија. Тој, на 7 јуни, на сцената на отворено во скопскиот Градски парк, направи вистински музички спектакл што ќе се памети уште долго. И дружбата со фановите во книжарницата Литература.мк беше исклучително инспиративна…

Џијан Емин – несудениот автоелектричар, повеќе од успешен музичар – гостин во „Астрорум“

  Како дете мечтаел да свири со Берлинската филхармонија, а последниве години и да диригира со неа. Речиси да не постои сомнеж дека Џијан Емин ќе ја оствари и оваа своја дамнешна желба, кога зад себе има достигнувања за кои мечтаат многу уметници на целата планета. До неодамна, две децении беше прв хорнист на Македонската…

Пасионираниот колекционер на музички артефакти и автор на капиталната „Македонска рок енцикопедија“, Тошо Филиповски, гостин во „Астрорум“

„Македонската рок енциклопедија (1963 – 2018)“ е капитално дело од кое ќе имаат придобивка голем број минати, сегашни и идни генерации. Таа е искрен бележник од 500 страници на кои се втиснати 55 години музичка историја на 333 бендови и повеќе од 2.500 споменати музичари. Во ова ексклузивно енциклопедиско издание низ фактографијата поткрепена со 400…

Балканскиот славеј, Билјана Биља Крстиќ, гостинка во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ ни гостува светски познатата српска пејачка Билјана Биља Крстиќ. Родена е во 1955 година во Ниш и израсната со народните традиции на централна Србија. Билјана на почеток ја изучува музиката во родниот град, а потоа продолжува со образованието во Белград каде студира музика на Белградскиот универзитет за уметности. По дипломирањето…

Луксембуршкиот писател Жан Бак, лауреат на Наградата за литература на Европската Унија, гостин во Астрорум

Една од најголемите ѕвезди на минатогодишниот Саем на книгата, а воедно и гостин во Астрорум, беше луксембуршкиот писател Жан Бак. Тој e еден од лауреатите на Наградата за литература на Европската Унија, чијашто новела „Аматер“, со својот современ комплексен наратив и љубовна тематика, а во превод и издание на Арс Ламина, допре и до македонската…

Авторите на „чет“-роман „Отчукувања“ Руескас и Миралјес, гостуваа во „Астрорум“

Во пресрет на 30-от јубилеен Меѓународен саем на книгата, потсетуваме на разговорот во „Астрорум“на ексклузивните гости на „Арс Ламина“ од ланскиот  саем, писателите Франсеск Миралјес и Хавиер Руескас од Шпанија, чијашто книга „Отчукувања“ (Pulsaciones) внесе свежина во литературата и предизвика огромен интерес особено кај младaта популација ширум светот, па оттука и кај македонската.    …

Нитаи Хершковиц, една од најголемите ѕвезди на помладата генерација џез-пијанисти, гостин во „Астрорум“

Книжарницата „Литература.мк“ покрај својата основна мисија за доближување на книжевноста до поголем број читатели, по речиси двегодишно постоење, со сигурност ги оствари и своите други цели – да стане вистинско сврталиште на целиот интелектуален потенцијал во земјава, но и пријатно место за сите добронамерници кои сакаат да зборуваат за книжевноста и уметноста. Од неа произлезе…

ПРВЕНКАТА НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА, ВЕСНА ГИНОВСКА-ИЛКОВА, ГОСТИНКА ВО „АСТРОРУМ“

Во пресрет на 46. Мајски оперски вечери, во чиишто рамки ќе настапи во главната улога во операта „Турандот“ на Џакомо Пучини, во „Астрорум“ ни гостуваше нашата оперска примадона, Весна Гиновска-Илкова и ни сподели дел од својата професионална и приватна животна приказна. Сопранот Весна Гиновска-Илкова е водечки драмски сопран во земјава. За неа се вели дека…

СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ТЕНОР, БЛАГОЈ НАЦОСКИ, ВО „АСТРОРУМ“ НА „ЛИТЕРАТУРА.МК“

Во петок, 13 април 2018 г., познатиот македонски тенор, Благој Нацоски, ќе одржи соло-рецитал во чест на одбележувањето на неговиот петнаесетгодишен јубилеј на меѓународната сцена. По минатогодишниот успешен настап, кога тој заедно со маестралниот македонски пијаност Дино Имери го изведе циклусот „Зимско Патување“ од Франц Шуберт, годинава повторно подготвува несекојдневен рецитал наречен „SOLE E AMORE“…

Ѓорче Ставрески, човекот со тајната состојка за добар филм, гостин во „Астрорум“

Четири меѓународни награди во десет дена освои хит-филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески. Со последните признанија, статистиката околу дебитантската драма и црна комедија на Ставрески вели дека досега учествувал на 18 интернационални светски фестивали. Од светската премиера во ноември филмот има седум награди, од кои четири се за најдобар филм и три се специјални признанија.…

Гитарската легенда Влатко Стефановски, гостин во „Астрорум“

Влатко Стефановски е македонски рок, поп и џез музичар, еден од основачите на легендарната група „Леб и сол“ и основач на „Влатко Стефановски Трио“. Неговата музичка кариера трае над 40 години во која има значајни домашни и меѓународни награди, почесни универзитетски титули, а од неодамна тој е првиот рокер носител највисоката државна награда за животно…

Светски познатиот кардиохирург Салис Таџер гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонско-израелскиот кардиохирург д-р. Салис Таџер. Доктор Таџер е син на проф. д-р Исак Таџер, еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и на Македонската академија на науките и уметностите. Роден е во Словенија во 1953 година и до својата 17. година живее…

Бранка Костиќ-Марковиќ разговара со Ване Костуранов во Литература.мк

  „Астрорум“ e место за разговори, каде што меѓународно успешни личности ги споделуваат своите размисли за литературата, уметноста и културата. Тие се одржуваат во инспиративниот амбиент на ексклузивната книжарница „Литература.мк“ во центарот на Скопје на познатата улица „Македонија“, а нив ги води еминентниот новинар и публицист Бранка Костиќ-Марковиќ. Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонскиот…