Со доајенот на македонското глумиште Диме Илиев ја почнуваме новата сезона на „Астрорум“

Со овации и бурен неколкуминутен аплауз од актерите на сцена и бројната публика, деновиве во Драмскиот театар во Скопје, беше испратен во пензија доајенот на македонското глумиште, Диме Илиев. Актерот и режисер, иако официјално се пензионира на штиците на својот матичен театар, тоа не значи дека престанува со својата најголема љубов – глумата. Илиев, е…

Соња Стојменска-Елзесер: Време е писателите да дојдат до израз

Соња Стојменска-Елзесер е есеистка, критичарка и теоретичарка од областа на книжевноста. Докторка по филолошки науки, професорка и научна советничка во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е членка на македонскиот ПЕН и актуелна претседателка на Друштвото на писателите на Македонија. Во интервјуто за „Астрорум“ зборува за предизвиците што…

Благоја Чоревски: Ќе глумам на сцената додека ме држат нозете

„Мојата кариера е работа и само работа… Глумата е 99,9 отсто работа, а 0,1 отсто талент или дар од Бога. Едното без другото не може. Дарбата за глума мора да се надградува со постојана работа, но и константното играње и работење е ништо без тој мал процент талент.“ Со овие зборови, еден од најпознатите македонски…

Ана Мартиноска – Во културна битка за правата на дискриминираните

Преку пишаниот збор и културна активност, секојдневно ги застапува правата на жените, ентичките заедници, сексуалните малцинства, жртвите на насилство и на сите кои се дискриминирани во нашето општество. Професорката Ана Мартиноска во интервјуто за новото издание на „Астрорум“ зборува за своето познато уметничко смејство, за културната битка против предрасудите и табуата и за својата книжевна…

Јагода Михајловска – Георгиева: Моите книги се тоа што сум јас

„Животот го живеам онака како што си посакувам… и тоа е благослов“. Со овие зборои познатата писателка, есеистка, филмска критичарка и вљубеничка во планините Јагода Михајловска-Георгиева го почнува разговорот во новото издание на „Астрорум“. Во интервјуто зборува за тоа како се развил нејзиниот афинитет кон пишувањето. Открива дека нејзин роднина е композиторот и поет –…

Петар Пепи Ренџов: Преку забава ги искажувам своите идеи

Растел опкружен со многу книги, квалитетна музика, значајни и влијателни автори и културни дејци. Постојано црпел знаења, искуства и инспирација, која уште од својата најрана младост ја преточува во музика. Познат гитарист, композитор и аранжер Петар Пепи Ренџов во интервјуто за „Астрорум“ зборува за своите почетоци, за првата гитара, за првиот бенд и свирка, за…

Владимир Мартиновски: Латински мудрости римувани со современото живеење

Без латински јазик нема знаење (Sine linqua Latina nulla intelligentia)! Оваа латинска поговорка, која се чини одамна заборавена, е појдовната идеја за збирката поезија „Дур дишам се надевам“ од познатиот македонски автор Владимир Мартиновски. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од Александра Филипоска. Насловот на…

Бистра Георгиева: Со големи соништа до џиновска сликовница

Неодамна, најмладата читателска публика доби нова прекрасна публикација, „Џиновската продавница за фантазии“ од Бистра Георгиева, со илустрации од познатата шпанска илустраторка Моника Каретеро, а во издание на „Арс Ламина – публикации“. Книгата ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна и максимално креативна. Главниот протагонист е Џинот, кој имал…

Јана Мишо ‒ новата хероина на тинејџерската читателска публика

Mладата авторка Јана Мишо неодамна ја промовираше својата најнова книга „Јас сум Миа“. Ова е трета нејзина објава, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ во издание на „Арс Ламина – публикации“. За кратко време книгата постигна голема популарност и беше најпродавана книга на штандот на „Литература.мк“ за време на 31. издание на Саем на…

Пионерот на македонскиот графички дизајн – Костадин Танчев – Динка, гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонскиот уметник, дизајнер и ликовен педагог, професор Костадин Танчев – Динка, пионерот на македонскиот графички дизајн. Костадин Танчев е роден во 1940 во Валандово, а училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 г. студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето…

Коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ од ТВ „Арена спорт“ во „Астрорум“

По гостувањето на врвниот македонски новинар Зоран Михајлов, во „Астрорум“ го отворивме патот и за новинарските ѕвезди од доменот на спортот. Со голема радост ви го најавуваме разговорот со Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, спортските новинари од ТВ „Арена спорт“, кои неодамна, со своите високопрофесионални и емотивни водења на преносите на натпреварите на ракометниот клуб Вардар…

Ведрана Рудан: Она што мене сега ми се случи во Македонија, тоа ми се нема случено никаде во светот.

Во најновото издание од серијалот „Астрорум“ можете да ја видите средбата пред камерите со хрватската колумнистка и писателка со огнен јазик, Ведрана Рудан. Кој имал можност да се запознае со нејзиниот наратив без пардон, а особено со нејзината контроверзна личност, знае за каков предизвик станува збор. Но, едно е сигурно, дека оваа вонредно интелигентна, исклучива…

Џон Илија Апелгрен: Среќен сум што моите музички идоли ми станаа пријатели

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен во ова издание на „Астрорум“ ја открива својата музичка приказна. Тој веќе три децении, на нашата сцена го одржува жанрот што не е карактеристичен за нашето поднебје, маестрално исполнувајќи ги најубавите џез-стандарди од светската музичка литература. Апелгрен се смета за еден од најдобрите вокали во регионот, а зад себе има…

Дарко Багески: Вистинскиот професор секогаш доаѓа во вистинското време

Непосредно пред почетокот на јубилејното десетто издание на Меѓународниот гитарски фестивал и натпревар „Тремоло“, што се одржа од 9 до 12 мај во Скопје, во „Астрорум“ ни гостуваше Дарко Багески, нашиот врвен гитарист и гитарски педагог којшто концертира насекаде во светот, но многу ретко дома. Дарко Багески своето музичко образование го стекнал во Скопје, Македонија…

Моџо Килингтон: Со „Аутопсија на љубовта“ ја губам поетската невиност

Неодамна, непосредно пред објавувањето и промоцијата на неговата прва збирка поезија „Аутопсија на љубовта“ во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“, се сретнавме со авторот, Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон и го снимивме и неговото прво големо телевизиско интервју за емисијата „Астрорум“ на „Литература.мк“. Моџо е сценарист и еден од најпопуларните активисти на социјалните мрежи…