Изложба на корици „Прошетка низ Европа“

Во рамки на Летниот саем на книгата во City Mall Во понеделник, 12 јуни 2017 година, во рамки на летниот саем на книгата во Сити Мол ќе биде поставена изложба на корици на книги од едицијата „Прошетка низ Европа“. Кориците се дела на студенти кои аплицираа на отворениот конкурс што го организираше издавачката куќа „Арс…

Интервју со Ада Дјоруп, автор на делото „Најмал отпор“

Авторката на делото Најмал отпор, Ада Дјоруп (Adda Djørup), го имаше своето деби како авторка во 2005 година со збирката поезија под наслов Monsieurs monologer. Нејзините приказни орбитираат околу егзистенцијалните теми со доза на хумор, што потполно одговара на стилот на нејзината проза и на впечатливиот филозофски осврт. Како потврда за нејзината литературна широчина, таа во 2011…

Нова едиција „Басни од Македонија“ – волшебни народни приказни во модерно издание

По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ издадоа нова едиција „Басни од Македонија“. Едицијата е составена од басните „Кучето и зајакот­“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“, басни од усното народно творештво, собрани од Марко Цепенков. Креативните…

Тато, имаме приказна!

14 татковско-ќеркински приказни за читање и смеење на глас Сте чуле ли за кит што јаде сладолед? Или, пак, за змија што сака пуканки? Какви магии прави волшебниот делфин, што сонуваат лулашките, зошто плаче една санка и како крапот ја научи Мила да сурфа – ова се само дел од приказните од оваа книга, кои,…

Ново ексклузивно издание на едицијата „Бајки од Македонија“

Скопје, 07. април 2017, Скопје – По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“ која веќе го има своето второ издание, сите љубители на пишаниот збор ќе можат да уживаат и во новото ексклузивно издание. Отсега, четирите бајки – „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и дванаесетте месеци“…

Промоција на петтата книга од едицијата „Прошетка низ Европа“

На годинашниот Саем на книга, а во рамки на саемското претставување на проектот „Прошетка низ Европа“ на издавачот Арс Ламина, ќе биде промовиран и македонскиот превод на романот „Најмал отпор“ од данската писателка Ада Дјоруп. Романот „Најмал отпор“ дава прониклив поглед врз една значајна година од животот на една млада жена. Ема решава да плови кон нови…

Неле Карајлиќ, Жан Бак, Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес – гости на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2017

Многу гости, странски автори, специјални настани и промоции, нови и атрактивни наслови, едукативни изданија и дидактички помагала, креативни работилници за деца, турнири во дидактички игри и многу други изненадувања Издавачката куќа „Арс Ламина“, како и досега, ќе се претстави со низа нови наслови, но и со многу промоции и специјални гости, како домашни, така и…

„Чувар“ на Пeтер Терин го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста

Нова книга од едицијата „Прошетка низ Европа“: „Чувар“ на Пeтер Терин, дистописка алегорија за современите општества Кафкијанска, и по замислата и по изведбата, „Чувар“ на Петер Терин е дистописка алегорија за современите општества што трезно и внимателно го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста кон освестување пред тешко пребродливата состојба на едновремено отсуство и потреба за…

Најомилени наслови во Literatura.mk за 2016 година

Ова се петнаесетте најомилените и најпродавани наслови во Literatura.mk за 2016 година: „Доктор Сон“, Стивен Спилберг (хорор) „Те чекам“, Џенифер Л. Арментраут (романса / книга за млади) Трилогија „Бриџит Џонс“ („Дневникот на Бриџит Џонс“, „На работ на разумот“ и „Луда по него“), Хелен Филдинг (женска фикција / романса) „Нултиот број“, Умберто Еко (мистерија) „Љубов во…

Нов наслов во едицијата „Прошетка низ Европа“

„Градот Бохејн“ – маѓепсувачка фантазија и амбициозна лингвистичка инвентивност Излезе од печат македонскиот превод на дистопискиот роман „Градот Бохејн“ на ирскиот писател Кевин Бери, како дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Дејството на романот се одвива четириесет години во иднината. Некогаш великиот град Бохејн на западното крајбрежје на Ирска е на колена, заразен од пороци…

Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“

Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска. Книгата е во издание на Центарот за музикологија ЦЕМ, а е создадена по иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ во чест на 80-годишнината од раѓањето на Александар Џамбазов. Промоцијата се…

Боенки за возрасни – антистрес-терапија

Боенките во минатотo ги доживувавме како играчка за деца, но денес сe популарни меѓу возрасните ширум Америка и Европа, па стигнаа и на Балканот како оживувачи на заспаната креативност на возрасните. Трендот на боенки што веќе трае две години создаде клубови во кои возрасните се дружат и бојат боенки. Градската библиотека во Вашингтон е една…

Издавачите станаа инспектори

МАКИ ОКОЛУ АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВО КНИЖЕВНОСТА: ИЗДАВАЧИТЕ СТАНАА ИНСПЕКТОРИ Непочитувањето на авторските права и незаконското фотокопирање на изданијата се два горливи и чести проблеми за издавачките куќи во Македонија. Кога еден автор ќе објави дело, особено кога тоа треба да се преведе, некои издавачки куќи од Македонија го преведуваат без да ги регулираат, дали со договор…

Видеорепортажа од отворањето на книжарницата „Литература.мк“

На 15 октомври, во строгиот центар на Скопје, на најпрестижната пешачка зона – улицата „Македонија“, во одлична атмосфера и во присуство на голем број угледни личности од македонскиот културен и општествен живот, се отвори ексклузивната книжарница „Литература.мк“ на издавачката куќа „Арс Ламина“. Погледнете ја видеорепортажата од настанот.