Интервју со Вики Андонова, авторката на „Природно убави со Биодевојка“

Правењето на природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата. Органската козметика веќе 12 години е секојдневие на блогерката Вики…

Марија и Маги читаат и зборуваат за книгите од едицијата „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер

Марија и Маги читаат и зборуваат за книгите од едицијата „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер (Арс Ламина – публикации, Либи 2017). Деца! Која е вашата омилена книга? Кој е вашиот омилен лик? Пишете ни писмо, нацртајте ни цртеж, снимете видео! Пратете ни e-mail на marijaimagi@literatura.mk. Ве очекуваат убави изненадувања!  

Дружба со блогерите на промоцијата на „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо во книжарницата „Литература.мк“

На 21 мај (понеделник) во 12 часот во книжарницата „Литература.мк“ ќе се одржи промоција на прирачникот „Како се оди во Париз“ од домашната авторка Јана Мишо, позната по нејзините два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“. По успешната презентација во рамките на 30. издание на Саемот на книгата, водичот в понеделник ќе биде промовиран…

„Бајки од Македонија за цела година“ – нов проект на „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“

„Бајки од Македонија за цела година“ е новиот проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Секоја недела по една бајка или 52 бајки од народното творештво, во приспособена јазична форма и со модерни илустрации е проектот што треба да ги приближи новите…

Промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

На 22 мај (вторник) во 18 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) ќе се одржи промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова. „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице,…

Здружението „Проект Среќа“ и „Арс Ламина“ донираа книги за ПОУ „Златан Сремец“ – Скопје

По повод патрониот празник на ПОУ „Златан Сремeц“ – Скопје, кое одбележува 46 години постоење, здружението „Проект Среќа“, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, денеска донира книги и сликовници. Изданијата ќе го збогатат книжевниот фонд во библиотеката на посебното основно училиште за деца со пречки во психофизичкиот развој. Под мотото „Среќа е…“ денеска беше…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум награди од МАИ

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум признанија на доделувањето на наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која вчера (8 мај) по втор пат ги прогласи најдобрите меѓу двата саема на книга Прво место во категоријата за најдобра едиција е доделено на „Огнови“ на издавачкиот центар „Антолог“, а второ место на „Басни од Македонија“ од…

Промовирана збирката хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К.

Во рамките на 30. издание на Саемот на книга, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ вчера беше промовирана новата збирка хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К. Изданието беше претставено со мал перформанс – партија шах, во која меѓу два потега со фигурите авторите читаа по една хаику-песна. Промоцијата…

Луксембуршкиот писател Жан Бак, лауреат на Наградата за литература на Европската Унија, гостин во Астрорум

Една од најголемите ѕвезди на минатогодишниот Саем на книгата, а воедно и гостин во Астрорум, беше луксембуршкиот писател Жан Бак. Тој e еден од лауреатите на Наградата за литература на Европската Унија, чијашто новела „Аматер“, со својот современ комплексен наратив и љубовна тематика, а во превод и издание на Арс Ламина, допре и до македонската…

Промовиран новиот серијал „ТКЦП“ и перформанс на авторот Урош Петровиќ на штандот на „Литература.мк“

Во рамките на Саемот на книгата 2018 на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарницата „Литература.мк“ вчера (7 мај) беа промовирани: новиот серијал за деца ТКЦП од Билјана Црвенковска и Здравко Гиров, како и македонската верзија на „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ. Писателката за деца Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров го претставија романот…

Партија шах со збирката хаику-поезија „Реми“

  Новата збирка хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К. ќе биде промовирана денеска (на 8 мај) во 18 часот, во рамките на 30. издание на Саемот на книга, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Книгата „Реми“ е дел од идеја што…

Новиот серијал за деца „ТКЦП“ и гостување на Урош Петровиќ на штандот на „Арс Ламина“

Денеска (7 мај) на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарницата „Литература.мк“, во рамките на Саемот на книгата 2018, ќе се одржат: работилница за деца инспирирана од серијалот книги за Исидора Мун, промоција на новиот серијал за деца „ТКЦП“ и гостување на најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ. Во 17 часот…

Промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо

Во париски амбиент, со кроасани, макаронс-колачи и француска музика во саботата (5 мај) беше промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од авторката Јана Мишо, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на 30. издание на Саемот на книга во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Писателката позната по своите…

(ФОТО) Потписи од Ване Костуранов за ѕвездените деца

Бројни ѕвездени дечиња присуствуваа на средба и дружбата со Ване Костуранов, сликар, илустратор и автор на неодамна промовираната сликовница „Ѕвездено дете“  на 5 мај на штандот на „Литература.мк“ во рамки на 30. издание на Саемот на книгата. Тој потпиша примероци од книгата во издание „Арс Ламина“. Приказната во сликовницата се раскажува околу Ѕвездан – дете…

Претставен првиот „Мал водич низ македонскиот знаковен јазик“ на штандот на „Арс Ламина“

Изданието „Мал водич низ македонскиот знаковен јазик“ беше претставено на 4 мај (петок) на штандот на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата, што се одржува во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. На настанот беше остварена средба со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија. Станува збор за прво воведно претставување…