Претставување на македонската литература на Саемот на книгата во Франкфурт

Седум македонски писатели ќе бидат претставени на 13 октомври (сабота) во рамките на јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Домаќин на настанот ќе биде Асаф Адеми, министерот за култура на Р. Македонија. На т.н. „македонскиот ден“ гостите на саемот ќе можат одблизу да се запознаат со писателите Петар Андоновски, Зоран Анчевски, Скендер…

Почна јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт

Под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, од денеска  до 14 октомври 2018 година ќе се одржи јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија ќе биде застапена и современата македонска литература, а свои претставници има и издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“. Светските медиуми јавуваат дека…

Читањето книги го подобрува менталното здравје

Почнувајќи од 1992 година па наваму, Светскиот ден на менталното здравје се одбележува на десетти октомври во повеќе од сто држави низ светот. Според неодамнешно истражување на „The Reading Agency“, читањето книги е од особена важност за менталното здравје. Зголемено ниво на емпатија, подобра врска со луѓето, намалени симптоми на депресија, ризик од заболување од…

Најстарата книга во Европа со оригинално зачувана опшивка на страниците пронајдена во гробница на светец

Мала книга со кожени корици, што датира од пред 1320 години, е пронајдена неоштетена во гробница на светец во црква во Шкотска. Се претпоставува дека станува збор за најстарата книга во Европа со оригинално зачувана опшивка на страниците. Книгата The St. Cuthbert Gospel била најдена заедно со неколку други предмети во вечното почивалиште на свети…

„Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов на Фестивал на сликовници во Пожега

Илустрираната книга „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов беше претставена на Фестивалот на детски сликовници „Чигра“, што од трети до петти октомври се одржа во Пожега, Србија. Сликовницата е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина“. „Чигра“ е млад фестивал, што пред три години го иницирала Даниела Скоковиќ од Народната библиотека во Пожега, со цел да…

Романот „Јадица“ од Владимир Плавевски објавен на бугарски јазик

Македонскиот роман „Јадица“ од Владимир Плавевски доби издание на бугарски јазик. Книгата, објавена од бугарската издавачка куќа „Персеј“, e промовирана на 4. октомври во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Авторот Плавевски вторпат го претставува своето литературно творештво во КИЦ во Софија. „Романот ’Јадица‘ од Владимир Плавевски, во превод на Маријан Петров, е реалистичен…

„Лекторските приказни“ во одбрана на македонскиот литературен јазик

На првата средба од т.н. „Лекторски приказни“, што се одржа во понеделникот (1 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, присуствуваа неколку лектори и повеќе добронамерници на македонскиот јазик. На почетокот, неврзаниот разговор целеше кон индолентноста на соодветните институции за заштита на јазикот, односно Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ и Министерството за култура,…

Запознавање со сликарските дела на писателот Славко Јаневски

Скопје од вчера има уникатна можност одблизу да се запознае со сликарското творештво на авторот на првиот македонски роман и еден од основоположниците на македонската современа литература, Славко Јаневски. Со стихови од Јаневски, интерпретирани од актерот Висар Вишка, и со музичката придружба од џез-гитаристот Тони Китановски, во преполниот салон на Музејот на град Скопје вчеравечер…

Сезнајката Биби ќе ги учи децата да го сакаат македонскиот литературен јазик

Тимот на популарните сајтови „Факултети.мк“ и „Деца.мк“ стартува нов проект – „Бибиленд“, во кој „сезнајката Биби“ е главен лик. Преку интересни цртани филмови, сликовници, песнички, видеоигри Биби ќе ги учи децата да го сакаат и да го практикуваат македонскиот јазик. – Биби, девојчето со сини очи, црна коса и неверојатна желба за учење, која несомнено…

Промовирана „Концепт мама“ – првата македонска сѐ-во-едно книга за родителството

Книгата за родителството „Концепт мама“ и прирачникот „Концепт мама дневник“ од Александра Шекутковска Докоска беа промовирани на втори октомври во НЛБ Галеријата во Скопје. „Концепт мама“ е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за родителството. Проектот почна како блог на авторката, а прерасна во книга и прирачник богати со совети, лични искуства и илустрации. Шекутковска…

Изложба на дела од Славко Јаневски и Томе Серафимовски во Музејот на град Скопје

Заедничка изложба на масла на платно на Славко Јаневски и скулптури во бронза на Томе Серафимовски ќе биде отворена вечерва (втори октомври) во 20 часот, во Музејот на град Скопје. На изложбата, што ја организира Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на обата барда…

Објавена последната книга од Леонард Коен – The Flame

Две години по смртта на легендарниот музичар Леонард Коен, од печат излезе неговата последна книга – The Flame. Станува збор за неверојатна колекција на необјавени песни и дела на Коен, што ги селектирал и ги подготвил во последните месеци од својот живот. Книгата содржи широк избор на записи од неговите тефтери во кој се содржани…

Наскоро книга инспирирана од ТВ-серијата Stranger Things

Иако вообичаено книгите се инспирација за ТВ-серии и филмови, сепак во случајот на „Чудни нешта“ (Stranger Things) редот ќе биде необичен. Инспирирана од приказната во популарната ТВ-серија што се емитува на „Нетфликс“, издавачката куќа „Пингвин“ во февруари 2019 година ќе објави книга заснована на приказната од серијата. Дејството во првата „Чудни нешта“-книга, напишана од Гвенда…

Пол Макартни напиша нова книга за деца – Hey Grandude!

Легендарниот музичар Пол Макартни напиша нова книга за деца, „Hey Grandude!“, која ќе се најде во продажба во септември следната година преку „Рендомхаус кидс“. Иако насловот на сликовницата потсетува на еден од најголемите хитови на „Битлси“ – Hey Jude, во видеонајавата Макартни открива дека инспирацијата за името доаѓа од еден од неговите осум внуци. Тој…

„Супервештерката…“ од Билјана С. Црвенковска наскоро и на српски јазик

Книгата за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната авторка за деца и млади, Билјана С. Црвенковска, набрзо ќе биде објавена на српски јазик. Книгата, која на српски јазик ќе излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, ќе ја објави престижната белградска издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала Лагуна“. На својата интернет-страница…