Направете сами: Креативно пакување подароци со пакпапир

Подарокот не мора секогаш да изгледа убаво само однатре, тој може да биде атрактивен и однадвор. Иако е навидум еднолична и здодевна, кафената хартија за пакување, или т.н. пакпапир, со малку фантазија може да изгледа навистина привлечно. Со неколку корекции и уникатни додатоци, подарокот може да изгледа посебно и неповторливо. За претстојните празници на класично…

Новогодишна магија со елки од книги

Доколку сакате оваа година вашиот дом или, пак, работните простории да ги декорирате поуникатно, можете да избегнете користење на природна или вештачка елка. Покрај веќе популарната идеја со дрвена рамка на ѕид во форма на елка, годинава обидете се да направите елка од книги. Таа ќе донесе посебна новогодишна магија во просторот. Како успешно да…

„Од длабочините на заборавот“ – Патрик Модијано

Патрик Модијано, добитникот на Нобеловата награда за литература, е автор на повеќе од триесет книги и еден од најценетите француски современи романописци. „Од длабочините на заборавот“ е игрива, мајсторски сплетена приказна за една љубовна афера помеѓу двајца талкачи. Нараторот, кој ја пишува оваа приказна во 1995 година, се осврнува триесет години наназад на времето кога…

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ: Испреплетување на реалното и надрелното низ призма на хуморот

Легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, секогаш со задоволство доаѓа во Скопје. Изминативе неколку години во неколку наврати беше гостин на „Литература.мк“, промовирајќи ја својата, биографска книга „Фајронт во Сараево“, чиј издавач на македонски јазик е „Арс Ламина – публикации“. Основачот на правецот „нов примитивизам“,…

IN MEMORIAM – Горан Стефановски (1952-2018)

Великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски почина во Кентбери во Англија, на 66-годишна возраст. Еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност е роден на 27 април 1952 година во Битола. Автор е на култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други.…

Промоција на илустрираната книга „Девет“ од Славимир Стојановиќ – Футро во книжарницата „Литература.мк“

На 27 ноември, вторник, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на романот „Devet – roman u ilustrovanim pričama“ од еден од најпознатите графички дизајнери, Славимир Стојановиќ Футро. Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци…

Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2018“

Почитувани, blog.literatura.mk повторно е номиниран во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината 2018“. Покрај блогот, номинирани се и Literatura.mk за е-трговија и огласување, Libi.mk и resursi.literatura.mk во категоријата сајтови за образование, наука и култура, додека obrazovanie.literatura.mk/ е во конкуренција за најдобар сајт. Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата sajtnagodinata.mk, каде…

Извадок од „Океј сме“ од Нина Лакур

Надвор е месечината, контурите на дрвјата, зградите на универзитетскиот комплекс, светилките што ја обележуваат патеката. Сега сето ова е мој дом и ќе остане мој дом и откако ќе си замине Мабел. Го впивам спокојството од тоа, острата вистина од него. Очите ме печат и грлото ме стега. Кога само би имала нешто што би…

Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

На 17 ноември (сабота) на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани, од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е…

Промовирана книгата „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

Светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ беше промовирана во петокот, на 16 ноември, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. – Ова е првпат некоја од моите книги да биде преведена на друг јазик. И среќен…

Миодраг Мики Петковски: Ја сакам слободата на креирањето музика

Миодраг Мики Петковски, познатиот клавијатурист на групите „Необични“, „Република 903“, „Безимени“, „Брег“, „Смак“ и „Леб и сол“ е гостин во ова издание на „Астрорум“. Тој иако има класично музичко образование, со години работи на авторска музика и свири во рок и џез-групи. Вели дека ја сака слободата на креирањето нова музика. Овој познат рок и…

Промоција на „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

На 16 ноември, петок, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова е првпат некоја од книгите на…

Нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

Нова ексклузивна книжарница на „Литература.мк“ ќе биде отворена на 17 ноември (сабота) во 12 часот, на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак. Стартот на новиот продажен простор ќе биде одбележан со концерт на познатата битолска група „Фолтин“, коктел-забава, како и многубројни изненадувања за најмладите. На денот на отворањето во книжарницата ќе има специјален попуст од…

Промовирана монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева во „Литература.мк“

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (13 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата содржи 80-ина фотографии, со фокус на 33 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи,…

Го одбележуваме Моември со 15 книги од нашите полици

Со цел да се покрене свесноста за машкото здравје, веќе 15 години на светско ниво, секој ноември се одбележува т.н. „Моември“. Оваа акција е иницирана во Австралија во 2003 година со цел да се сврти вниманието кон еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите – ракот на простата. Акцијата многу брзо стана глобална, а се…