„Девојчето кое танцуваше со пролетта“ од Билјана Црвенковска и Ана Петрова

Графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта“ е коавторски проект на Билјана Црвенковска и Ана Петрова и едно од ретките дела во овој жанр во Македонија. Делото е повеќеслојно од повеќе аспекти: од една страна, текстот и илустрациите претставуваат два паралелни наративи кои не можат еден без друг, односно илустрацијата не го прикажува она што…

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов промовирана во Македонска Каменица и во Струмица

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, овој месец беше претставена пред читателите во Македонска Каменица и во Струмица. На први декември се одржа промоцијата во Домот на културата – Македонска Каменица, а викендов (15 декември) во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.…

Билјана Црвенковска, вечното девојче од приказните и животот

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостува вечното девојче од приказните и животот, Билјана Црвенковска. Со неа, за миг ќе избегате од светот на возрасните во светот на децата и тоа на метлатата на Супервештерката или на санката на Дедо Мраз. Билјана Црвенковска е писателка, сценарист, уредник и преведувач. Магистер е по филозофски науки, а…

„Арс Ламина“ донира книги во рамки на акцијата „И јас сум Дедо Мраз”

  Издавачката куќа „Арс Ламина“ со своја донација и оваа година е дел од најголемата добротворна предновогодишна акција „И јас сум Дедо Мраз”, организирана од здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. Хуманитарниот пакет на „Арс Ламина“ содржи над 100 книги, сликовници и боенки, кои ќе бидат наменети за деца од висок социјален ризик.  Донацијата ќе…

Нова книга: „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска

„Светлината на Сатурната“ е прв роман на Кристина Димовска, кој според својата структура претставува жанровски хибрид, што третира тема што инаку припаѓа на епска фантастика. Романот е слоевит и експериментален и е наменет на читатели со теориски компетенции, но и за публика која би го доживеала текстот како една заводлива и интригантна приказна. Сместен на…

Нова книга: „Џиновска продавница на фантазии“ од Бистра Георгиева

„Џиновска продавница на фантазии“ е втора детска книга на младата Бистра Георгиева, која, како и нејзината претходна сликовница Ото, Ото и Ото е продолжување на, како што се покажа, мошне успешната соработка со шпанската илустраторка Моника Каретеро. „Џиновска продавница на фантазии“ е книга која ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична,…

Имаме најдобар блог во 2018 година!!!

На изборот „Сајт на годината 2018“ нашиот blog.literatura.mk е прогласен за најдобар блог! Наградите за најдобрите сајтови беа врачени вчеравечер во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, а за победниците одлучиле гласовите на публиката. Слецијализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, четири години е во постојана потрагата по интересни содржини и ширење на мисијата за…

Нова книга: „Шарено Марено“ од Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска

„Шарено марено“ е коавторски проект на двајца познати и реномирани автори: писателот и поет за деца, Ванчо Полазаревски и илустраторката Наташа Костовска. „Шарено марено“ е книга наменета за децата од предучилишна и раноучилишна возраст, која ја сочинуваат повеќе авторски песни и илустрации, во издание од А4 формат со тврд повез. Веселите, духовити песни на Полазаревски,…

Состанок „на слепо“ со книга

Веројатно веќе сте уверени во вистината на изреката „Не суди ја книгата по нејзината корица“. Во морето од книги сигурно имате фаворит чија корица не е атрактивна за очи, но приказната ве одушевува. Но, дали би купиле книга ако не сте ја виделе корицата? Дали сте доволно љубопитни да ја прочитате без да го знaете…

Новогодишна магија за најмладите со „Литература.мк“

Светкав, разигран, распеан… декември е највеселиот месец во годината. Додадете магија на претпразничниот амбиент со волшебните приказни од полиците на „Литература.мк“. Во нив самовилата Исидора Мун создава зимска магија, Дина и Додо прават Снешко-смешко и сретнуваат двајца Дедо Мразовци. Дознајте како изгледа волшебната ноќ во шумата. Откријте што сонува Дедо Мраз, и патувајте во светот…

Марина Костова – добитничка на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за монографијата „Манчевски“

Марина Костова, долгогодишната филмска критичарка и заменик-главна уредничка на САКАМДАКАЖАМ.МК, е добитничка на највисокото државно признание „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во областа на публицистиката. Таа ја добива наградата за повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект – монографијата „Манчевски“, која е посветена на творештвото на режисерот и уметник Милчо Манчевски. Книгата беше објавена во…

Погледнете ја новата библиотека во Финска со роботи-библиотекари

Во чест на 101-годишнината од својата независност, Финска отвори нова, импозантна библиотека во главниот град Хелсинки. Огромната и најсовремената јавна библиотека наречена „Ооди“ (Oodi) вредела 98 милиони евра. Станува збор за огромна зграда од дрво и стакло дизајнирана од финската фирма „АЛА архитектс“. Таа е сместена на видно место во центарот на градот, спроти парламентот.…

Небојша Вилиќ, на вечниот крстопат меѓу уметноста и општествената вистинитост

Во ова издание на „Астрорум“ гостува познатиот историчар на уметноста и естетичар Небојша Вилиќ. Вилиќ (1962, Велес) e редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот професионален интерес се движи од уметничката критика, преку теоријата на уметноста па сè до толкувањата на дигиталните уметности, субалетерната позиција на културите од Третиот свет и…

Пет нови предлози: што да читате во декември?

Студените декемвриски денови поминете ги во топлиот домашен амбиент со книга в раце. Со вкусен чај и покриени со топло ќебе, одморете од секојдневните обврски читaјќи ги своите омилени изданија. Доколку сакате да ги збогатите своите домашни библиотеки со нови наслови ви претставуваме предлог-листа со пет свежи наслови од полиците на „Литература.мк“ што може да…

„Секој полудува на свој начин“ – Стефан Чапалику

„Секој полудува на свој начин“ од Стефан Чапалику е роман за лудилото што настапува во Албанија со стапувањето на сила на комунистичката диктатура во 1967 година, кога земјата се прогласува за атеистичка држава, па сè до 1985 година, кога овој период, со смртта на диктаторот Енвер Хоџа. И меѓу овие значајни прилики што го обележуваат…