Македонскиот филм „Honeyland“ во конкуренција за најдобар светски документарец на „Санденс“
Документарниот филм „Honeyland“ („Медена земја“) премиерно ќе биде прикажан на 38. издание на филмскиот фестивал „Санденс“ (Sundance), чие годинашно издание ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари во Јута, САД. Премиерата е закажана за 28 јануари по што ќе следуваат уште седум проекции на оваа кинематографска манифестација. Документарецот е во официјална конкуренција…














