Ване Костуранов на фестивал за сликовници во Хрватска

Познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов ќе учествува на фестивалот за сликовници „Чувари на приказните“ (Čuvari priča), што ќе се одржи од четврти до шести јули во Градската сеучилишна книжарница во Осиек, Хрватска. Авторот на наградуваните сликовници „Ѕведено дете“ и „Девојче и мече“ ќе одржи работилница за деца на тема: „Шумите зборуваат, ние цртаме“.…

Промовирана книгата за деца „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков

Во присуство на највеселата и најискрена публика – децата, вчеравечер (19.06.2019) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата книга „24 часа во Еднорозија“ од aвторката и новинарка Јасмина Кантарџиева Димков. Во приказната од романот, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, присутните ги воведе уредничката Бисера Бендевска. Преку…

Магично патување со „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков

  Авторката и новинарка Јасмина Кантарџиева Димков утре (19 јуни, среда) со почеток од 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во Скопје ќе ја промовира својата нова книга за деца „24 часа во Еднорозија“. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Во „24 часа во Еднорозија“ малата извидничка…

Јана Мишо ‒ новата хероина на тинејџерската читателска публика

Mладата авторка Јана Мишо неодамна ја промовираше својата најнова книга „Јас сум Миа“. Ова е трета нејзина објава, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ во издание на „Арс Ламина – публикации“. За кратко време книгата постигна голема популарност и беше најпродавана книга на штандот на „Литература.мк“ за време на 31. издание на Саем на…

„Арс Ламина“ донира книги во обновената читалница во студентскиот дом „Стив Наумов“

  Издавачката куќа „Арс Ламина“ донира книги во обновената читалница во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, која официјално беше отворена денеска (13.06.2019) напладне. Донацијата вклучува стотина наслови од белетристиката и стручна литература – соодветна за студентите. Со ова, „Арс Ламина“ ја продолжува својата мисија да ги направи книгите полесно достапни до читателите од сите…

Промовирана книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од Софија Бислимоски

Во присуство на бројни гости вчеравечер (12 јуни 2019г. ) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше  промовирана книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од младата поетеса Софија Бислимоски. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒публикации“, а е дел од едицијата „Млади креативци“ . Промоторка и рецензентка на изданието беше Весна…

Пионерот на македонскиот графички дизајн – Костадин Танчев – Динка, гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонскиот уметник, дизајнер и ликовен педагог, професор Костадин Танчев – Динка, пионерот на македонскиот графички дизајн. Костадин Танчев е роден во 1940 во Валандово, а училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 г. студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето…

Промоции на „Јас сум Миа“ од Јана Мишо и „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон во книжарницата „Литература.мк“ во Битола

На 14 јуни (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола ќе се одржат промоции на две нови книги во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“: „Јас сум Миа“ од Јана Мишо и „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон. Битолската промоција на новата книга за млади, од популарната домашна авторка Јана Мишо ќе почне…

Извадок од „Дневникот на Ана Франк“

На денешен ден, пред 90 години (12 јуни 1929 г.) е родена Ана Франк ‒ еврејското девојче кое во својот дневник ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна. По нејзината смрт, нејзините мемоари биле објавени во книгата „Дневникот на Ана Франк“. На својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој…

Промоција на „Дремката на облакот“ од Софија Бислимоски во „Литература.мк“

Книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од младата поетеса Софија Бислимоски ќе биде промовирана вечерва (12 јуни, среда) во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во Скопје. Промоторка и рецензентка на изданието е Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет. Издавач е „Либи“, дел од „Арс ламина-публикации“, а збирката е објавена во рамките на…

Марија ја чита книгата „Вештерки“ од Роалд Дал

Дали се плашите од вештерки? Дали приказните за вештерките се пострашни додека ги читате или откако ќе ги прочитате? Како изгледаат вештерките? Како може да се победат? Ова се прашањата за кои зборува Марија во новото видео на каналот „Читаме со Марија и Маги“, посветено на книгата „Вештерки“ од омилениот британски автор за деца Роалд…

Коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ од ТВ „Арена спорт“ во „Астрорум“

По гостувањето на врвниот македонски новинар Зоран Михајлов, во „Астрорум“ го отворивме патот и за новинарските ѕвезди од доменот на спортот. Со голема радост ви го најавуваме разговорот со Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, спортските новинари од ТВ „Арена спорт“, кои неодамна, со своите високопрофесионални и емотивни водења на преносите на натпреварите на ракометниот клуб Вардар…

77 ракописи во конкуренција за најдобар необјавен роман – „ПЕГАЗ“

Конкурсот за новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, предизвика голем интерес кај домашните автори. До крајниот рок, 15 мај 2019 година, на официјалната е-адреса на „ПЕГАЗ“ пристигнаа 77 ракописи. Во периодот што следува…

„Читањето е супермоќ“ – кампања на „Арс Ламина“ за поттикнување на читачките навики кај децата

Со четири сесии обуки на Филозофскиот факултет насловени како „Развивање на читачките навики и способности кај учениците“, со над 1300 посетители, издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ја почна кампањата „Читањето е супермоќ“. На 27 и 28 мај во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје, а во соработка со Институтот за педагогија, издавачката куќа…

Документарецот „Медена земја“ награден на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија, Њујорк и Израел

  Македонскиот документарен филм „Медена земја“ (Honeyland), по триумфот на „Санденс“, го продолжува својот успешен пат на филмските фестивали во светот. Изминатиот период освои награди на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија и во Њујорк. Најново во низата фестивалски успеси е наградата за најдобар интернационален филм на 21. издание на „ДокАвив“ (DocAviv), кој се одржува оваа…