„Што и да те прави среќен“ од Вилијам Сатклиф на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Книжевниот хит „Што и да те прави среќен“ од Вилијам Сатклиф излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за исклучително духовит роман, во кој се преплетуваат љубовта, згодите и страдањата на три компликувани семејства. Според романот е снимен новиот филм „Otherhood“, кој деновиве…

Седум книги за патување што треба да ги прочитате овој месец

Секое патување започнува со еден чекор. Потребно е да излезете од комфорната зона – тогаш почнуваат авантурите. Често патувањата почнуваат со читање инспиративна книга која ќе ве поттикне да појдете на некое место каде што претходно не сте биле. Богатството што ќе го откриете со секое патување е непроценливо, а искуството – неповторливо. Ви претставуваме…

Го одбележуваме Денот на љубителите на книгата

Читањето книга е сонување со отворени очи На денешен ден (9 август) се прославува Интернационалниот ден на љубителите на книгата. Ќе се согласите дека за вистинските библиофили секогаш е погодно време за добра книга и не чекаат посебни празници и јубилеи. Но, овој датум се одбележува со цел да се потсетиме на убавината на литературата…

Оливија Георгиевска: Книгата „Игра со именки“ ја открива убавината на македонскиот јазик

„Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело.“ Со овие зборови авторката Оливија Георгиевска ги…

„Поетска ноќ во Велестово“ посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска

  Во охридското село Велестово на 16 август ќе биде отворена 31. „Поетска ноќ во Велестово“, годинава посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска. По пауза од една година, манифестацијата е повторно интернационална и ќе има гости од Бугарија и од Ирска. Отворањето на 16 август ќе биде во 21 часот…

Се снима ТВ-серија по лектирата „Зоки Поки“

Лектирата за второ одделение „Зоки Поки“ од писателката Оливера Николова, која е првично објавена во 1963 година, ќе добие екранизирана верзија. Во продукција на „Кино око“ деновиве, во скопското основно училиште „Петар Поп Арсов“ почна снимањето на ТВ-серија во 10 епизоди со популарниот детски лик со кој израснаа многу генерации. Се работи за модерна екранизација…

„Медена земја“ со најуспешна кинодистрибуција меѓу документарците

Македонскиот документарец „Медена земја“ (Honeyland) ги одушеви критичарите и публиката, во првата недела од кинодистрибуцијата во САД. Режисерите на филмот, Љубо Стефанов и Тамара Котевска, присуствуваа на официјалните промотивни настани и проекции, што се одржаа во Лос Анџелес и Њујорк во периодот од 22 до 27 јули 2019. Тие остварија средби со претставници на филмската…

Топ 10 инспиративни (авто)биографии од нашите полици

Ниту еден голем човек не живее залудно. Историјата на светот е биографија на големите луѓе, спакувана во две корици. Животните приказни на познатите луѓе, без разлика дали се напишани од нив самите или, пак, од друг автор, секогаш се интересни за читање. Иако често страниците се прекратки за да се раскажат сите важни моменти, а…

Конкурс за наградата „Антево перо“ за необјавена поетска книга

До 25 август е отворен Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик. Наградата „Антево перо“ за 2019 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). На Конкурсот можат да се јават…

Почина американската писателка Тони Морисон

„Ако сакате да летате, морате да се ослободите од тоа нешто што ве задржува долу“- Тони Морисон. Американска писателка, добитничка на Нобеловата награда за литература, Тони Морисон почина во понеделникот (5 август 2019 г.) на 88-годишна возраст. Авторката, чие вистинското име е Клое Ентони Вофорд, е родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД. Во…

Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, потпиша за агенцијата за таленти UTA

Режисерката Тамара Котевска, која е една од авторите на македонскиот победник на „Санденс“, документарецот „Медена земја“ (Honeyland), потпиша договор со американската агенција за таленти, United Talent Agency (UTA). Агенцијата со седиште во Беверли Хилс, Калифорнија, застапува уметници, изведувачи, брендови и млади поедници од областа на филмот, забавата, телевизијата, музиката, книжевноста, дигиталната индустрија и друго. Котевска…

Kонкурси за поезија и плакат за фестивалот „100 Илјади поети за промена“

Фестивалот „100 Илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша конкурси за поезија и плакат за своето деветто издание. Поезијата треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми што се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се…

Соња Стојменска-Елзесер: Време е писателите да дојдат до израз

Соња Стојменска-Елзесер е есеистка, критичарка и теоретичарка од областа на книжевноста. Докторка по филолошки науки, професорка и научна советничка во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е членка на македонскиот ПЕН и актуелна претседателка на Друштвото на писателите на Македонија. Во интервјуто за „Астрорум“ зборува за предизвиците што…

„Литература.мк“ доби сертификат за фер однос кон потрошувачите

„Литература.мк“ (ДПТУ Супрема ДОО) го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“, што се доделува на компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер практики при информирање, рекламирање и склопување договори. Компанијата ги исполнува и критериумите за техничка поддршка и решавање на поплаки, заштита на личните податоци и приватноста, едукација…

Топ 10 нови книги за деца што може да ги прочитаат и возрасните

Книгата е најдобриот водич во светот на фантазијата. Со секоја страница отвора нови светови пред нас, нѐ носи на необични патувања, и нѐ запознава со интересни, нови пријатели. И таа самата е одличен другар. Тука е секогаш за нас, заедно сонуваме, се смееме, плачеме, растеме, учиме и откриваме нови нешта. Во растењето на децата, книгите…