Триумф на „Медена земја“ во Русија

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) го продолжува својот успешен поход на светските филмски фестивали. Деновиве триумфира на два фестивала во Русија. Ги освои наградите за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран-при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек…

Го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг

Кралот на хоророт! Вака во книжевниот свет се опишува еден од најдобрите автори на трилер-романи – Стивен Кинг. Писателот кој на 21 септември полни 72 години, во својата неколкудецениска кариера има објавено 61 роман, шест научно-фантастични книги и околу 200 кратки приказни. Неговите дела се продадени во повеќе од 350 милиони копии, а повеќето добија…

НОВО: Култниот хорор-роман „Кери“ од Стивен Кинг објавен на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Култниот хорор-роман „Кери“ од славниот писател Стивен Кинг излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис, дел од „Арс Ламина – публикации“. По „Сјаење“, „Доктор Сон“ и серијалот „Зелената милја“ („Двете мртви девојчиња“, „Глувчето на Милјата“, „Дланките на Кофи“, „Ужасната смрт на Едуар Делакроа“, „Патување во ноќта“, „Кофи на Милјата“ ), фановите…

Мини улични библиотеки ги поттикнуваат читачките навики во Скопје

Во чекор со светските трендови за поттикнување на читачките навики, деновиве на неколку локации во Скопје беа поставени мини-библиотеки. Станува збор за проект на Град Скопје и ЈУ Детски културен центар „Карпош“, чијашто цел е со вкрстена размена на книги да се промовира културата за читање. На социјалните мрежи веќе се појавија објави со симпатичните…

Го одбележуваме роденденот на Агата Кристи

На 15 септември 1890 година е родена најпознатата писателка на детективски романи – Агата Кристи. Авторката на едни од најпознатите ликови во светската книжевност, белгискиот детектив Херкул Поаро и Мис Џејн Марпл, фасцинира со својата проникливост и способност да раскажува мистерии. Всушност, и нејзиниот живот бил мистерија. Сѐ уште е неразјаснето нејзиното неколкудневно исчезнување, по…

Смеа, музика, пиво и книжевни разговори со Неле Карајлиќ во „Литература.мк“

„Неле, дали сакаша да ми бидеш жирант? Дали водиш дневник? Кој ти беше најтежок период во животот, а кој најсреќен? Кога во Штип? Каде наоѓаш инспирација за пишување песни и книги? Како генерациите кои не те познаваат од периодот на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“ ги доживуваат твоите книги? Што сакаш да читаш и…

Го одбележуваме денот на Роалд Дал

Обожавателите на еден од најдобрите писатели за деца денеска (13 септември) го одбележуваат Денот на Роалд Дал. На овој датум се навршуваат 102 години од раѓањето на омилениот британски раскажувач, од чие перо излегоа безвременските: „ГДЏ“, „Матилда“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Вештерки“, „Џејмс и џиновската праска“, „Фантастичниот г. Фокс“ и други. Книгите се со…

На пиво и книга со Неле Карајлиќ во „Литература.мк“

Вечерва, со почеток во 19.30 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ќе се одржи дружба со легендарниот музичар и автор на книгите „Фајронт во Сараево“ и „Солунска 28“, д-р Неле Карајлиќ. На настанот, ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“ ќе одговора на прашања од гостите, но и од фановите кои деновиве му…

Kниги и училишна опрема од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за децата од документарецот „Медена земја“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа книги и училишна опрема за децата – протагонисти во документарниот филм „Медена земја“. Децата од семејството Сам, кои присуствуваа на премиерата на документарецот минатата недела во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, добија изданија од „Арс Ламина“ соодветни за нивната возраст. Донацијата содржи сликовници, романи, изданија…

„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираа училишна опрема во добротворната акција „Среќна школска година“ на „Проект среќа“

Традиционално, на почетокот на учебната година, издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамките на добротворната акција „Среќна школска година 2019“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. Донацијата содржи едукативни помагала и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“. Донаторските пакети…

„Медена земја“ премиерно прикажан на „Македокс“ и во „Синеплекс“

  Во емотивна атмосфера, со овации и срдечен аплауз, беше поздравена екипата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) на премиерните прикажувања пред македонската публика во рамките на фестивалот „Македокс“ и во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“. Долгоочекуваната официјална премиера пред домашната публика на македонскиот победник на „Санденс“ и национален кандидат за „Оскар“ се одржа на 28 август во…

„Медена земја“ – македонски кандидат за „Оскар“ и во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) е македонски кандидат за „Оскар“. За кандидатурата на филмот во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ при Друштвото на филмски работници на Македонија. Комисијата во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска – продуцент, Аксел Мехмед…

„Медена земја“ е најдобар документарец според публиката на „Сараевскиот филмски фестивал“

Публиката на „Сараевскиот филмски фестивал“ го избра „Медена земја“ (Honeyland) за најдобар документарец. Според гласовите на гледачите, македонскиот документарец доби вкупна оценка од 4.85, со што стана и најдобро оценет филм прикажан на фестивалот. „Медена земја“ премиерно беше прикажан на 17 август во рамки на 25. издание на „Сараевскиот филмски фестивал“. Публиката во преполната сала…

Документарецот „Медена земја“ поздравен со овации на „Сараевскиот филмски фестивал“, следуваат премиери на „Македокс“ и во скопското кино „Синеплекс“

Со силен аплауз и овации викендов беше проследена премиерата на македонскиот документарец „Медена земја“ (Honeyland) на „Сараевскиот филмски фестивал“. Публиката во преполната сала во сараевскиот „Мултиплекс синема сити“ со одушевување ја поздрави екипата која присуствуваше на проекцијата: режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, снимателот Самир Љума и главната протагонистка на филмот– Атиџе. Документарецот е влезен…

Теона Манго: Не излегувам од дома без книга во чантата

Себеси се дефинира како читателка во движење (on the go). Секој слободен момент настојува да го исполни со читање на книга. Без разлика дали тоа е додека го пие својот утрински чај, кога се вози низ Лондон во метро, додека чека ред во банка или пред спиење. Теона Манго, eдна од најуспешните македонски блогерки, покрај…