Ерина Богоева добитничка на наградата „13 Ноември“ за монографијата за Скопје во издание на „Арс Ламина“

Фотографката Ерина Богоева е добитничка на наградата „13 Ноември“ за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2019 година, ја наградува Богоева во областа на публицистиката за изработка…

Бестселерот „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон во издание на „Арс Ламина“

Бестселерот „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во овој возбудлив и напнат политички трилер, авторските сили ги здружуваат поранешниот американски претстедател Бил Клинтон и најпродаваниот американски писател на криминалистички романи Џејмс Патерсон. Овој роман, кој критичарите…

Промоција на „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска

На 24 октомври 2019 г. (четврток) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгите за деца „Игра со глаголи“ и „Игра со именки“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска. Сликовниците, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку разиграните…

„Медена земја“ во 30 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) продолжува со нови датуми и градови низ Македонија. Проекциите што се одржаа минатите недели во дваесетина градови предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и влезниците речиси за сите беа однапред распродадени. Филмот, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски…

„Девојче и мече“ од Ване Костуранов се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“

Сликовницата „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ 2019. Секоја година, Интернационалната младинска библиотека од Минхен објавува листа на книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои…

Македонски ден на Саемот на книгата во Франкфурт 2019

Со посета на министерот за култура Хусни Исмаили, гостување на раководствата на интернационалните саеми на книгата во Франкфурт и во Лајпциг, како и промоција на домашни и странски автори, вчера (17 октомври), беше одбележан македонскиот ден на нашиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт 2019. Македонските книжевници, претставувани од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ),…

Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт: ИДЕИ ШТО ГО ПРИДВИЖУВААТ СВЕТОТ

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде…

Промовирана сликовницата „Веселата зграда“ од Ана Голејшка Џикова и Драш во „Литература.мк“

Во весела атмосфера, со присуство на многу деца и нивните родители, вчера (среда, 9 октомври), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, беше промовирана новата книга за деца „Веселата зграда“ од авторката Ана Голејшка Џикова и илустраторот Драган Китановски – Драш. Промоцијата почна со кретивна работилница, на тема „Обој ја својата весела зграда“, на која најмладите…

Промовирана книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од Билјана Велковска

Книгатата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од авторката Билјана Велковска, беше промовирана вчеравечер (4 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни…

„Хузур“ од Мартина Млинаревиќ на штандот на „Арс Ламина“ за време на „Напред Розово 2019“

Книгата „Хузур“ од познатата босанска новинарка, авторка и граѓанска активистка, Мартина Млинаревиќ, ќе биде претставена на штандот на „Арс Ламина“ за време на хуманитарната манифестација „Напред розово“, која во организација на Здружението за борба против рак  „Борка“, ќе се одржи на 6 октомври (недела) во 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје. Претставувањето…

„Медена земја“ се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми и градови. Проекциите од минатата недела беа распродадени, а поради големиот интерес беа додадени нови датуми и градови во листата за диструбуција. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, се прикажува…

Промоција на книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од Билјана Велковска

На 4 октомври (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од авторката Билјана Велковска. „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ги осветлува двете страни на…

Изложба и промоција на монографијата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски

На 4 октомври (петок), во 20 часот, во Кинотека на Северна Македонија, ќе се одржи изложба на фотографии и промоција на монографијата „La vida de la Habana / Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски. Колоритниот и динамичен главен град на Куба, Хавана, е во фокусот на книгата. Во април 2017 година, резервирајќи пат и престој…

Автобиографијата на Ведрана Рудан – „Танц околу Сонцето“ објавена во издание на „Арс Ламина“

  Автобиографијата на популарната хрватската авторка Ведрана Рудан, „Танц околу Сонцето“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во книгата, искрено и без разубавување, Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед…

„Насон прочитана книга“ од Соња Манџук – добитник на наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината

Ракописот со наслов „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук е победник на првото издание на книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината – беше соопштено денеска (27.09.2019) на прес-конференција, што се одржа во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Наградата ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и…