„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“. Денеска (9 ноември) во Севиља, Шпанија беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата – најдобар европски документарец за 2019 година. На овој потесен избор,…

„Сакај ја диво“ од најпознатиот инстаграм поет – Атикус, објавена на македонски јазик

„Сакај ја диво“ од најпознатиот инстаграм поет – Атикус, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова е многу модерна љубовна приказна. Момче запознава девојка. Се вљубува… Почнува да пишува песни за неа и ги објавува на Инстаграм. Воодушевува неколку илјади следбеници, меѓу кои и…

Младите читатели од Куманово се запознаа со „Јас сум Миа“ од Јана Мишо

Во пријатната атмосфера на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, во присуство на бројни млади читатели и ученици од основните училишта, денеска (7 ноември 2019) беше промовирана книгата „Јас сум Миа“, од популарната домашна авторка Јана Мишо. Промоцијата беше проследена со дискусија со авторката на теми опфатени во книгата, дилеми и ситуации со кои се соочуваат…

Рубенс Корубин: Моето ателје – мојата радост

Во ова издание на емисијата гостува академскиот сликар, великанот на современото македонско сликарство Рубенс Корубин. Поводи за ова гостување има многу, но еден од најголемите е неговата најнова ретроспективна изложба „Ателје – радоста на сликањето“. Неодамна, во прекрасниот амбиент на Чифте амам, а во организација на Националната галерија, се отвори ретроспективната изложба со која Корубин…

Зоки Поки ги чита книгите и едукативните изданија од „Арс Ламина“

Книгите за деца: „Џиновска продавница за фантазии“, „Доктор Дулитл“, „Бајки од Македонија“, „Црвеното столче“, „Змејот на татко ми“, „Лошилиште“, „Чорапојадци“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, серијалот за Исидора Мун и книгите од Роалд Дал, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ се само дел од насловите што ги чита Зоки Поки.…

Промоција на „Јас сум Миа“ од Јана Мишо во Куманово

Книгата за млади „Јас сум Миа“, од популарната домашна авторка Јана Мишо, ќе биде промовирана во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, на 7 ноември (четврток) со почеток во 12 часот. Промоцијата ќе биде збогатена со интерактивен дел, разговор на теми опфатени во книгата, прашања од публиката, потпишување книги и дружба со Јана Мишо. „Јас сум…

Изданија од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата во Кочани

  Најбараните книги од областа на белетристиката и  на детската литература, во издание на „Арс Ламина – публикации“, се дел од 14. Саем на книгата во Кочани, што се одржува во организација на библиотеката „Искра“, од денеска (4 ноември) до 9 ноември 2019 година. Дел од книгите понудени на нашиот штанд се со попусти до…

„Нетфликс“ сними празничен филм по книгата „Нека снежи“

Телевизиската и филмска продукциска компанија „Нетфликс“ сними празничен филм базиран на книгата „Нека снежи: три празнични романси“ од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл, која на македонски јазик е објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“… Филмот е во режија на Лук Снелин, продуцирана од Дилан Кларк и Алекса Фејген, а…

Промовиранo изданието за креативни родители „Радосница“ од Калиопи Трпчева во „Литература.мк“

Новото издание за креативни родители, „Радосница“ од Калиопи Трпчева, беше промовирано вчеравечер (31 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Радосницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е наменета за сите родители кои сакаат на интересен начин да ги бележат поважните моменти на своето новороденче. Низ шарените страници на…

Промоција на „Радосница“ од Калиопи Трпчева во „Литература.мк“

Новото издание за креативни родители, „Радосница“ од Калиопи Трпчева, ќе биде промовирано денеска (четврток, 31 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 18.30 часот. Радосницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е наменета за сите идни родители. Во неа ќе можат на креативен и интересен начин…

Топ 10 книги со вештерки, вампири, мистерии и хорор-приказни за Ноќта на вештерките

Некогашниот традиционален келтски фестивал на „Самаин“ и христијански ден на „Сите свети“, денеска важи за еден од најпрепознатливите празници во западната култура – Ноќта спроти Сите светци. Секој 31 октомври во неколку земји се слави Ноќта на вештерките или „Халовин“ (Halloween). Децата, но и возрасните, маскирани како вештерки, чудовишта, духови и други страшни ликови од…

Оливија Георгиевска: Шарени книги кои го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите

Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело… Глаголот, пак, се однесува на секој збор…

Со извадок од „Танц околу Сонцето“ го одбележуваме 70. роденден на Ведрана Рудан

Со извадок од автобиографијата „Танц околу Сонцето“ го одбележуваме 70. роденден на популарната хрватската авторка Ведрана Рудан. Во книгата, искрено и без разубавување, Рудан, која е родена на 29 октомври 1949 г., пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа до…

Со доајенот на македонското глумиште Диме Илиев ја почнуваме новата сезона на „Астрорум“

Со овации и бурен неколкуминутен аплауз од актерите на сцена и бројната публика, деновиве во Драмскиот театар во Скопје, беше испратен во пензија доајенот на македонското глумиште, Диме Илиев. Актерот и режисер, иако официјално се пензионира на штиците на својот матичен театар, тоа не значи дека престанува со својата најголема љубов – глумата. Илиев, е…

Разиграна промоција на „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска во „Литература.мк“

Во разиграна атмосфера, со присуство на публика од сите генерации, вчеравечер (24 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беа промовирани книгите за деца „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска. Сликовниците, кои се дел од едицијата „Сезнајковци“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина –…