Мирослав Масин: Подобро слободен на гранка, со птиците и мајмуните, отколку заглавен во системот

На 26 ноември 2019 година во ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), беше отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“ на академскиот сликар Мирослав Масин. Во очи на самата изложба, неколку дена пред отворањето, тој гостуваше во емисијата „Астрорум“ во книжарницата „Литература.мк“. Секогаш свој, и во уметноста и во…

Промоција на „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов на 5 декември во „Литература.мк“

На 5 декември (четврток), со почеток во 12 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија ќе биде промовирана книгата „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов. Станува збор за првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“. „Кинески мозаик“ е мала книга за голема земја, за нејзиното минато и за…

Промовирана „Патека од кикиритки“ од Ана Аврамоска Сиљаноска во „Литература.мк“

Новата книга за деца „Патека од кикиритки“ од авторката Ана Аврамоска Сиљаноска, беше промовирана вчеравечер (28 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Промоцијата беше проследена со читање на неколку раскази и дискусија со публиката. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 14 куси раскази наменети за деца…

Промоција на „Патека од кикиритки“ од Ана Аврамоска Сиљаноска

На 28 ноември (четврток) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 18.30 часот, ќе се одржи промоција на книгата за деца „Патека од кикиритки“ на авторката Ана Аврамоска Сиљаноска. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 14 куси раскази наменети за деца од претшколска и рана…

Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2019“

  По успехот – прво место во категоријата за најдобар блог за 2018, и оваа година blog.literatura.mk повторно е номиниран на изборот „Сајт на годината“. Имено, нашиот блог е еден од кандидатите во категоријата за најдобар блог во 2019 година. Покрај блогот номинирани се и нашите сајтови: Literatura.mk, Libi.mk, resursi.literatura.mk и obrazovanie.literatura.mk во неколку категории.…

Одбележуваме 80 години од печатењето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

На денешен ден (25 ноември) во 1939 година во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб во Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излегла од печат стихозбирката „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература, составена од 12 песни, меѓу кои „Денови“,…

Бисера Чадловска: Му се вратив повторно на музичкото училиште за да бидам диригентка

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостуваше нашата реномирана диригентка и актуелна уметничка директорка на Националната опера, Бисера Чадловска. Во интервјуто открива многу аспекти на нејзиниот професионален развој, но и за дилемите дали да продолжи со музиката. Но, откако решила повторно да ù се врати на првата љубов, немало повеќе двоумења дали да биде диригентка…

Промовирана стихозбирката „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски: Раѓање на нова поетска ѕвезда

Во присуство на љубителите на пишаниот збор и на група млади поети, вчеравечер (21 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана стихозбирката „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски. Настанот беше збогатен со поетски перформанс на кој стихови читаа членови на популарната фејсбук-група „Размена на книги и книжевни муабети“. Тие ги интерпретираа своите фаворити…

Промоција на „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски на 21 ноември во „Литература.мк“

На 21 ноември (четврток) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на збирката поезија „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е поделена на пет тематски целини, кои содржат вкупно 88 песни. Иако „Дното…

Драган Спасов – Дац: Глумците немаат возраст

  Во ова издание на емисија „Астрорум“ гостува еден од најпопуларните македонски актери, Драган Спасов – Дац. Роден е на 20 април 1963 во Скопје и е еден од најпопуларните македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Слободан Унковски. Од 1992 до 2016 година…

Ерина Богоева ја доби наградата „13 Ноември“ за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ во издание на „Арс Ламина“

    На свечена церемонија во Национална опера и балет, вчеравечер (13 ноември) на фотографката Ерина Богоева ѝ беше врачена престижната награда „13 Ноември“ за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“…

Топ 5 изданија од нашите полици со љубов за Скопје

Денеска се одбележуваат 75 години од ослободувањето на Скопје. Имено, на 13 ноември 1944 година борците од 42. и 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. македонска бригада го ослободиле Скопје од германската фашистичка окупација. По ослободувањето градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар. По тој повод, градот секоја година…

НАСКОРО: „Скопска авантура – возбудлива потрага во градот под Калето“ од Александра Тодоровиќ

Дали сте подготвени за една суперавантура, стотици години наназад низ историјата во нашиот главен град, Скопје? Да се борите, да се криете, да истражувате и да бидете вистински херои? Наскоро, очекувајте ја книгата „Скопска авантура –возбудлива потрага во градот под Калето“ од Александра Тодоровиќ во издание на „Арс Ламина – публикации“ . Оваа книга нема…

„Медена земја“ и Атиџе наградени на Избор на критиката за документарци во САД

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени вчеравечер (10 ноември) во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше…

Норвешкиот поет на пијаното, Торд Густавсен, гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“, ексклузивно само за „Литература.мк“, гостува норвешкиот пијанист со светско реноме, ексклузивецот на „И-си-ем рекордс“, Торд Густавсен. Торд Густавсен настапи со своето трио на последното издание на „Скопскиот џез-фестивал“ и со задоволство разговараше за својата уметност со нашата уредничка Бранка Костиќ-Марковиќ. На прашањето: Кога ќе кажете, среќен сум, задоволен сум, си…