Наскоро: Првиот роман на Moџо Килингтон, „Денот кога не се разбудив“

„Денот кога не се разбудив“ е насловот на првиот роман на младиот автор  Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, кој наскоро ќе излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Препознатлив е по популарната македонска комична телевизиска емисија „Фчерашни новости“.…

Современите класици од Орхан Памук во издание на „Арс Ламина“ со промотивна цена во продажните места на „Слободен печат“

„Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“, од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, се трите нови наслови во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои со промотивна цена може да се најдат во продажните места на „Слободен печат“. Со оваа акција „Литература.мк“ и „Слободен печат“ ја продолжуваат мисијата…

Фејми Даут: Само еден да недостигаше од нас петмина, „Медена земја“ ќе беше друг филм

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ ќе можете да го погледнете интервјуто со Фејми Даут – нашиот, веќе светски прочуен, директор на камера, ко-кинематограф на македонскиот документарец со две номинации за „Оскар“, „Медена земја“. Фејми Даут е роден во Скопје во 1980 година. Од 1998, почнал да работи во националната телевизија „Канал 5“, а после…

Промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако

Во емотивна атмосфера, со музички и танцов перформанс, проекција на видео и читање поезија, вчеравечер (25 февруари) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, беше промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако. Песните од книгата, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации, се нежни и едноставни. – Цако…

Маријан Бошевски: Бегства од сложеното работно секојдневие во уметноста и планините

Во оваа емисија на „Астрорум“ ќе можете да го гледате интервјуто со нашиот кардиолог, проф. д-р Маријан Бошевски од Универзитетската клиниката за кардиологија и професор по кардиологија и интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Професор д-р Маријан Бошевски е роден во 1970 година во Битола, каде што ја завршува гимназијата, а потоа во 1995…

Аљоша Симјановски гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ ќе можете да го проследите интервјуто со нашиот долгогодишен режисер, сценарист на документарни и играни филмови, новинар, публицист, клавијатурист и композитор, Аљоша Симјановски. Роден е во Скопје, каде што и дипломирал на Филолошкиот факултет на УКИМ. Неговото работно искуство во Македонската радио и телевизија се протега низ 40 години, низ…

Топ 10 книги од нашите полици за Денот на вљубените

  „Кога некого го допира љубовта, станува поет“. Оваа мисла на филозофот Платон, ја величи љубовта како инспирација. Таа е движечка сила за многу знајни и нејзнајни креативци и автори. Во историјата на книжевноста се појавува како чест мотив за пишување. Некои од најубавите книги се инспирирани токму од ова возвишено чувство. Во чест на…

Топ 8 книги во издание на „Арс Ламина“ кои ја откриваат уметноста и науката за виното

„Виното е поезија во шише“. „Ако нема вино, нема љубов“. „Уметниците и поетите сѐ уште ја гледаат смислата на животот во чаша вино“… Ова се дел од цитатите во книгата „101 мисла за виното“, во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Оваа книга ја издвојуваме како идеален подарок за сите љубители на…

Промоција на „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако во кино „Фросина“

На 25 февруари (вторник), со почеток во 19 часот, во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, Скопје, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk.…

Промовирана книгата „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

Во присуство на бројни гости, вчеравечер (11 февруари) во просториите на „МладиХАБ“ во Скопје беше промовирана книгата „Зошто јас?“ од авторот Мартин Јованоски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Оваа автобиографска книга ја истакнува важноста на менталното здравје и менталната хигиена, а истовремено дава одговор на најважното и…

Прес-конференција на тимот на „Медена земја“: Бескрајно сме горди на двете номинации за Оскар

Тимот на македонскиот документарец „Медена земја“ во состав: режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, како и главната протагонистка, Атиџе Мурaтова, денеска во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар одржаа онлајн прес-конференција. Поради неможноста во скоро време да присуствуваат сите истовремено во Скопје, сѐ со…

Ранко Петровиќ гостин во „Астрорум“

Ранко Петровиќ или познат како Ранко Бубамара е познат градски лик кој освојува со својот ведар дух и незапирлив ентузијазам. Пред 25 години го формираше радио „Бубамара“, а пред 23 години ја започна популарната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, која е позната по својата забавна и хумористично-сатирична содржина, сценарио кое во голем дел го креираат…

Во ТЦ „Буњаковец“ отворена седмата книжарница „Литература.мк“

Во присуство на многубројни љубители на книгите, автори и новинари вчеравечер (5 февруари) свечено беше отворена новата книжарница „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Новиот продажен простор е лоциран на приземјето, од страната на булеварот „Партизански одреди“ (наспроти Архитектонско-градежниот факултет). Книжарницата е уредена според најновите трендови за продажба на книги, а во фокус е портретот на легендарниот…

Работилница на „Биодевојка“: Научивме како се изработуваат природни и домашни сапуни

Македонските љубителки на органската козметика вчеравечер и во вторникот (5 и 4 февруари) имаа можност да научат како се изработуваат природни и домашни сапуни на работилницата со „Биодевојка“, која се одржа во просториите на „МладиХАБ“. Обуките ги водеше блогерката Вики Андонова, која е авторка на книгата „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Ламина“,…

Работилница и промоција на „Биодевојка“ во „МладиХАБ“ (прв ден)

Вчеравечер (4 февруари 2020 г) во просториите на „МладиХАБ“ се одржа првата од двете работилници за изработка на природни и домашни сапуни со „Биодевојка“. Обуката водена од блогерката Вики Андонова вклучува: теоретски дел за изработка на сапуни и практичен дел. Покрај едукативниот дел, на настанот беше претставена и нејзината книга „Природно убави со Биодевојка“, во…