НОВО: „Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон за вљубеници во музиката на АББА

Веројатно нема некој што не го слушнал хитот „Mamma Mia“ од славната поп-група „АББА“. Повеќето можеби ги гледале мјузиклот или филмот инспирирани од најпознатите песни на шведскиот состав од седумдесеттите години. За сите обожаватели на музиката на „АББА“ и на филмот „Мама миа“, деновиве од печат излезе романот „Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени…

Документарец за промоцијата на „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама наскоро на „Нетфликс“

Документарец во кој се прикажува промотивната турнеја на автобиографијата на Мишел Обама „Becoming: Мојата приказна“, наскоро ќе се емитува на „Нетфликс“. Поранешната прва дама и онлајн платформата за емитување, најавија дека филмот ќе биде достапен за гледање од 6 мај 2020 г. (среда). ‒ Со голема возбуда ви најавувам дека на 6 мај „Нетфликс“ ќе…

Интервју со доц. д-р Мира Беќар: „Херојски приказни“ ги овековечи безвременските митови, легенди и приказни

Книгата „Херојски приказни: Митови, легенди и приказни од различни делови на светот“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана онлајн, на 29 април (среда), со почеток во 19.30 часот. Со отворањето на книгата „Мнемосина: Херојски приказни“ тргнувате во авантура која ќе ве однесе од топлите мориња…

Интервју со Матеј Зимбаков (Гоки): Од „Зоки Поки“ учиме дека секогаш треба да бидеме тука за другарите

Тој е среќно и весело дете. Многу сака да другарува, се разбира од техника, а мајстор е за видеоиграта „Фортнајт“ (Fortnite). Со овие зборови младиот актер Матеј Зимбаков го опишува Гоки ‒ ликот што го игра во новата ТВ-серија „Зоки Поки“. Тој признава дека не се разликуваат многу со Гоки од приказната на писателката Оливера…

Теона Манго: Мојата пролетна листа на книги од „Литература.мк“

Пролетта буди весели чувства. Самата помисла на цутот на раскошните цветови, уживањето во убавите сончеви денови, во зеленилото и во свежиот воздух, позитивно влијае на секого, и покрај тоа што периодов, поради состојбата со вирусот корона, седиме безбедно во својот дом. Во време на социјална изолација, книгата е одлична придружба, без разлика дали сте стуткани…

НОВО: Холандскиот бестселер за деца „Кралот на Каторен“ објавен на македонски јазик

Холандскиот бестселер за деца „Кралот на Каторен“ од Јан Терлоу излезе од печат на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, по која е снимен и истоимениот филм во 2012 година, е возбудлива авантура во која се зборува за веселиот, стар крал на Каторен кој починал и го оставил…

„Хордубал“ од Карел Чапек (1 дел)

КНИГА ПРВА 1 Види го вторион до стаклото, оној во парталине; речи да те видам, дека е Американец? Нема шанси Американец да влезе во патнички воз: таму само со експресен се возат, а и тој им е малку, во Америка какви возови има, со долги вагони, таму вејтер во бело ти носи вода со мраз…

Благој Нацоски: Пеењето ме исполнува и ме ослободува истовремено

Нашиот врвен оперски уметник од светски глас, тенорот Благој Нацоски, во најновото издание на емисијата „Остани дома со Астрорум“ вели дека „постојано пее, во исто време пеењето го исполнува и го ослободува“. Тој иако се наоѓа во својот втор дом во Џенова, Италија ‒ најпогодената земја во Европа од коронависрусот и иако во терминот во…

„Змејот на татко ми“ од Рут Стајлс Ганет (1 дел)

  ПОГЛАВЈЕ 1 ТАТКО МИ ЈА ЗАПОЗНАВА МАЧКАТА Еден студен дождлив ден, кога татко ми бил дете, на неговата уличка запознал стара улична мачка. Мачката целата била накисната и измачена, па татко ми ù рекол: „Би сакала ли да те земам кај мене дома?“ Ова ја изненадило мачката, дотогаш немала запознаено некого кому му биле…

Кирил Бисероски: Книги кои поттикнуваат длабоки размисли

Авторот на една од стихозбирките која ја одбележа минатата година, „Дното се стеснува“ ‒ Кирил Бисероски, покрај поезија, во слободното време чита повеќе форми на проза. Во неговата листа со книги од „Литература.мк“, кои ги препорачува да се прочитаат за време на изолацијата, се романи кој поттикнуваат длабоки размисли, биографии и дело за меѓата меѓу…

Онлајн промоција на книгата „Херојски приказни“ во издание на „Арс Ламина“

На 29 април 2020г. (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Херојски приказни: Митови, легенди и приказни од различни делови на светот“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за прв дел од едицијата „Мнемосина“, која вклучува прeводи на приказни,…

ВИДЕО: Вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ви читаат „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“

Со цел да ги поттикнеме читањето и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, минатиот месец ја почнавме акцијата „Нашите вработени ви читаат“. На нашиот канал на „Јутјуб“ објавуваме видеа во кои изминативе два месеца вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ги читаат омилените детски книги. Двата дела од светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ…

Интервју со Анастасија Аневска: Многу сме слични со Лидија, двете сме ведри и дружељубиви

„Зоки Поки“ нѐ учи дека секому му се потребни другари на кои ќе може да им се верува. Другарствата мора да се негуваат. Единственото девојче во главната актерска екипа на новата ТВ-серија „Зоки Поки“, Анастасија Аневска, ја толкува улогата на Лидија – најдобрата другарка на Зоки Поки. Телевизиската адаптација на една од омилените книги за…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (12 дел) КРАЈ

ВЕТУВАЊЕТО   Кастилијанска легенда   I   Маргарита плачеше со лицето скриено во рацете. Плачеше тивко и солзите ù течеа по образите и ù се лизгаа меѓу прстите за да паднат на земјата врз која ù беше наклонета главата. Педро беше до Маргарита и одвреме-навреме си ја подигнуваше главата за да ја погледне. Кога виде…

Валентин Петрески: Читам инспиративни биографии и книги за личен развој

Креативецот кој стои зад брендот за уникатни подароци, „ТиноСки“, познат и како ко-водител на забавната емисија „Урбан таг“, која се емитува на „ТВ 21“, Валентин Петрески, преферира да чита инспиративни биографии и книги за личен развој. Кога го замоливме да ни сподели кои книги ги чита овој период тој изјави: ‒ Личните приказни и приказните…