Книгата „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ – подарок со секоја сметка во „Литература.мк“ на 1 март

Овој први март потсетуваме на традицијата и ве наградуваме! Во сите книжарници на „Литература.мк“, со секоја сметка следува подарок примерок од специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“. Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите…

Романот од едицијата „Порта Европа“  – „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак ќе биде промовиран онлајн

Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен со онлајн-промоција на 28 февруари (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Цибуљак, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе од романски јазик. Книгата „Градина од стакло“, која е…

Влада Урошевиќ: Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман

Во присуство на многубројна книжевна публика, претставници од медиумите и читателска публика од сите генерации, вчеравечер (23 февруари), во киното „Фросина“ беше промовиран најновиот роман на академик Влада Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. На промотивниот настан беа претставени и неговите евергрин-дела…

Нов волшебен серијал „Мирабела“, со палавата братучетка на Исидора Мун

Од авторката на популарниот серијал „Исидора Мун“, Хариет Мункастер, од печат излегоа две нови книги, за Мирабела Ѕвездомагиевска. Станува збор за книгите „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе…

Во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одржа дебата во Europe House во Скопје

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на 22 февруари се одржа дебата во Europe House во Скопје. Панелисти на дебатата беа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир, професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директорка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура…

Промоција на новиот и на уште три евергрин романи од Влада Урошевиќ

Најновиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ ќе биде промовиран на 23 февруари (четврток), со почеток во 19 часот, во кино „Фросина“, Младински културен центар. На промотивниот настан ќе бидат претставени и неговите евергрин-дела „Вкусот на праските“, „Мојата роднина…

Хуманитарна акција на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Во следните два дена (18 и 19 февруари) целиот приход од купување книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, во сите книжарници на…

Шест книги од „Арс Ламина“ влегоа во првата селекција за наградата Роман на годината

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Kомисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски,…

Хари Кацановски: Со романот „Анатрос“ создадов посебен свет во кој ги спојувам науката и уметноста

Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, вчеравечер, 16 февруари (четврток), во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ беше заокружена програмата на „Денови на литературата“. Книгата е дел од едицијата „Во еден здив“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Оливера Ќорвезироска. – Големата жанровска…

Романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска откриваат тајни за љубовта и животот

Во присуство на многубројна публика, книжевници, театарџии и претставници од медиумите, вчеравечер (14 февруари), во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“, беа промовирани романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Книгите што влегоа во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година се во издание на „Арс Либрис“, дел од…

Современите бајки од книгата „Детелинки-белинки“ ја збогатуваат домашната литература за деца

Новата книга за деца „Детелинки-белинки: современи бајки со четири листенца“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше претставена вчера (12 февруари) во „Литература суперстор“ во „Ист гејт мол“. На настанот, кој беше во рамките на „Денови на литературата“, кон книгата се осврна уредничката Оливера Ќорвезироска, а во продолжение групата…

Колекционерската едиција со најпознатите дела од Агата Кристи претставена на „Денови на литературата“

Инспирирано од детективските романи на легендарната писателка Агата Кристи, вчеравечер (9 февруари), во „Литература суперстор“ во „Скопје сити мол“ се одржа тематската книжевна дружба, која беше во рамките на „Денови на литературата“. На настанот, во стилот на ерата на Кристи, беше претставена колекционерската едиција со најпознатите дела од Кристи, кои се во издание на „Арс…

Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација

Новата едиција „Љубов на прв збор“, со која издавачката куќа „Арс Ламина“ реафирмира постари, класични дела на познати македонски писатели за деца, објавувајќи ги во нов илустративен формат, се збогати со уште две сликовници. Станува збор за книгите „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо…

Билјана Лотеска одржа работилница за деца инспирирана од сликовницата „Жолти чорапи“

Како настанала сликовницата „Жолти чорапи“? Зошто главните ликови се животни? Зошто тие носат чорапи во различни бои? Кое е значењето на боите? Ова се само дел од прашањата на кои одговори авторката Билјана Лотеска, на работилницата за деца, која се одржа денеска (3 февруари), во „Литература суперстор“ во „Ист гејт мол“. На настанот, кој беше…

„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто, подарок книги и промотивни настани

Со попусти до 50 отсто, подарок книги и промотивни настани, од 2 до 16 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе се одржи третото издание на „Денови на литературата“. Во акциската продажба за секоја сметка со книга од „Арс Ламина“ следува подарок книга. Во акцијата се вклучени изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, Артконект“,…