НОВО: „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ ‒ приказна за долгогодишното пријателство и љубовта

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, излезе од печат бестселерот „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин. Приказната се движи околу Френсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете…

Кои се ексклузивните изданија од Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска

Романот „Тунел“, збирката раскази „Боемите“ и стихозбирката „Пофалби и поплаки“ (во една книга), „Бежанци“ и збирките песни „Јазли“ (во едно издание), „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“ и „Дални наковални“ се дел од новата ексклузивна едиција со дела од Петре М. Андреевски, кои излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –публикации“. Наскоро…

Извадок од книгата „Хордубал“ од Карел Чапек (5 дел)

14 Утредента Штефан ги впрегна коњите и замина долу в рамница. Од шталата излегува Хордубал, отечен и со крвави очи. „Чекај ме, Штефане“, вели кратко. Цк-цк, крцка колата по селото, а Јурај не се загледува ни во луѓето ни во коњите. Штом излегоа од село, „Застани“, му заповедува, „слези од кола, сакам нешто да ти…

ФОТО: Literatura.mk Superstore низ објективот на фотографката Ерина Богоева и објавите на блогерката Теона Манго

Блогерката Теона Манго и фотографката Ерина Богоева деновиве ја посетија новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Тие уживаа во пријатниот амбиент на Literatura.mk Superstore, избирајќи од богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки, а ја посетија и терасата на кафе-барот Cafe Literatura.…

Промовирана книгата „Најстари приказни“ од Томислав Османли

Новата книга „Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација“ од Томислав Османли, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, беше промовирана вчеравечер (2 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom). Книгата, која е веќе достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk, содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури,…

Томислав Османли: Книгата „Нajстари приказни“ на најмладите им раскажува митови од мугрите на западната цивилизација

  Почнувајќи со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, приказната за Прометеј, отворањето на Пандорината кутија, авантурите на силниот Херкул, Тројанската војна, враќањето на Одисеј и подвизите на Персеј, се дел од избраните повести што се содржат во новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација “ од…

Почнува со работа Cafe Literatura: Најубавото кафе во најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore

  Во рамките на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore, што беше отворена минатата недела во соработка со „Скопје сити мол“, денеска (29.05.2020) почнува со работа Cafe Literatura. Согласно прописите за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри, во кафе-барот се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца, а посетителите засега…

Онлајн промоција на „Најстари приказни“ од Томислав Османли

На 2 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација “ на Томислав Османли. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на профилот на „Фејсбук“ на „Литература.мк“. Книгата што е во издание на…

Воскресија Андреевска: Беше голем предизвик да се илустрираат делата на мојот дедо и истовремено омилен писател, Петре М. Андреевски

Ексклузивни изданија на делата на Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“ се десет книги со прозни и поетски дела на великанот на македонската книжевност, со цртежи што за оваа пригода…

Музичарот Давор Јордановски е гостин во „Остани дома со Астрорум“

Нашиот познат клавијатурист, композитор и продуценти Давор Јордановски, кој веќе две децении живее и работи во Торонто, Канада, е гостин во ова издание на емисијата „Астрорум“. Јордановски е роден во Скопје, каде што завршува основно и средно музичко образование во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а потоа дипломира на УКИМ на Факултетот за музичка уметност во Скопје.…

Извадок од книгата „Хордубал“ од Карел Чапек (4 дел)

10 „Кажи им, Хафије, ќе се вратам дури вечер.“ Толку треба, парче леб со сланина и бргу в планина. Хордубал се чувствува слободен, па дури и се радува како дете, што ѝ избегало на мајка си. Стои над селото, небаре којзнае колку се сменило. Што е? Не беа овде нивите Хордубалови? Е, беа – полни…

Извадок од „Кралот на Каторен“ од Јан Терлоу

Смртта на кралот Ова е приказна за земјата наречена Каторен. Таа почна една ноќ, пред седумнаесет години. За две лица таа ноќ беше исклучително важна. Тоа беа кралот на Каторен и Стач. За кралот тоа беше последна ноќ. Тогаш тој почина. Имаше осумдесет години и беше уморен од владеење. Беше многу пријатен и среќен човек.…

Ќе се снима документарец за бестселерот „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Интернационалниот бестселер „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде во фокусот на нов документарен филм. Адаптацијата ќе ја направат компанијата „Џи-еф-си филмс“ од Нов Зеланд и „Јуниверзал контент груп“ од Велика Британија. Документарецот ќе ја истражува опсесијата…

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија, отворена е Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“

Со концерт на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО, кој можеше да се проследи онлајн преку социјалните мрежи, вчеравечер (20.05.2020) свечено беше отворена новата суперпродавница на „Литература.мк“ – Literatura.mk Superstore, во соработка со „Скопје сити мол“. Станува збор за најголемата книжарница во Македонија, со површина од 500 м², која има богата понуда на книги за сите генерации на…

Холивудските ѕвезди ја читаат книгата „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал

Режисерот Тајка Вајтити ја предводи листата на холивудски ѕвезди кои во хуманитарни цели ќе читаат делови од книгата за деца „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал. Ликовите од делото на омилениот британски автор за деца ги интерпретираат: Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Бенедикт Камбербач, Рајан Рејнолдс, Лијам Хемсворт, Лупита Нијонго и други. Акцијата се организира…