„Арс Ламина“ ја одбележува стогодишнината од смртта на Цепенков со нови изданија

Овој месец се навршуваат сто години од смртта на Марко Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. Издавачката куќа „Арс Ламина“ во чест на овој јубилеј неодамна објави неколку нови изданија поврзани со творештвото на Цепенков. Деновиве, по тој повод, излезе од печат новото…

Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со концерт на „Фанк шуи“ и најава на новиот албум на Влатко Стефановски

Со цел да се одбележи завршувањето на оваа необична година, издавачката куќа „Арс Ламина“, заедно со книжарниците „Литература.мк“, на 25 декември ќе организираат онлајн новогодишен настан. Новогодишната забава што двете компании, традиционално секоја година, ја организираат за своите вработени, автори, соработници и пријатели, овој пат ќе се „одржи“ во вид на онлајн-дружење на фејсбук-профилите на…

Избрани четирите најдобри современи бајки од Македонија на конкурсот на Движењето за креативност – Иво Лауренчиќ и „Арс Ламина“

Од 442 пристигнати дела на 316 автори од земјава, стручното жири на конкурсот „Современи бајки од Македонија“, што го реализираа Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, ги избра најдобрите четири. Тоа се бајките „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од…

Блогот literatura.mk прогласен за најдобар на изборот „Сајт на годината 2020“

На изборот „Сајт на годината 2020“, blog.literatura.mk беше прогласен за најдобар во категоријата на домашни блогови. Специјализираното катче за љубителите на пишаниот збор постојано се „освежува“ со нови информации од книжевниот свет и веќе шест години ја шири мисијата за читање книги. Организатор на изборот е македонската дигитална маркетинг агенција „Медија солушнс“ (Media Solutions) и…

Зоран Спасов: „Тито, мојот претпоследен херој“ е книга за исповед на маршалот на млад лекар од Македонија

Книгата „Тито, мојот претпоследен херој“ на Зоран Спасов – Ѕоф неодамна излезе од печат и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“. Станува збор за дело во кое се испреплетени и лични сеќавања и искуства на авторот, а средствата од авторските права и дел од средствата од продажбата ќе бидат насочени кон хуманитарни цели…

Деведесет и деветти роденден на Блаже Конески, една од најзначајните личности во поновата македонска историја

Блаже Конески е македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Роден е на денешен ден, 19 декември, во 1921 година, во селото Небрегово, Прилепско. „Јазикот е нашата татковина“…

По биографијата достапна и на македонски јазик, стигнува и документарец за Били Ајлиш

Покрај биографијата за ’лошата девојка во музиката‘, Били Ајлиш, која е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, во февруари догодина премиерно ќе биде пуштен и документарен филм посветен на оваа контроверзна музичарка. Документарецот ќе има премиера на 26 февруари на стриминг-платформата „Епл ТВ“ (Apple TV), а режисер е Ар-Џеј Катлер. Ова остварување е со наслов „Светот…

Предновогодишен саем на книга во „Рамстор“: Попусти до 50 отсто на штандот на „Арс Ламина“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде дел од саемот на книга во трговскиот центар  „Рамстор“, што ќе трае од 16 до 20 декември и ќе може да се најде широк избор на дела со попусти до 50 отсто. Дел од понудата се изданија за сечиј вкус и возраст како бестселери, книги за деца, дела од…

Фондацијата „Славко Јаневски“ го распишува конкурсот за „Роман на годината“

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2021 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Заедно со пријавата на конкурсот, кандидатите се обврзани да…

Почина мајсторот на трилерот Џон ле Каре чиј роман „Наследството на шпионите“ е преведен на македонски јазик

Почина авторот Џон ле Каре кој е познат по книгите како „„Скитник, кројач, војник, шпион“ („Tinker tailor soldier spy“) според која беше направен филм што беше номиниран за „Оскар“ во неколку категории, како и „Наследството на шпионите“ издадена на македонски јазик од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Култниот писател Стивен Кинг, за…

„Прагматика“ е приземна книга која нè учи како ефективно да комуницираме

„Целта на ова дело беше да ја претставиме прагматика и да ги освестиме луѓето што значи и дека во секој чекор и секоја секунда во секојдневието ние ја користиме прагматиката, а не сме ни свесни за тоа. Без неа не можеме да опстанеме во нашиот живот. Идејата беше да ги посочиме тие скриени прагматички принципи,…

Новогодишни попусти до 50 отсто во книжарниците „Литература.мк“

Голем број книги, новогодишни пакетчиња за деца полни со едукативни изданија како и различни производи од повеќе брендови ќе може да се купат по намалени цени во книжарници „Литература.мк“. Попустите ќе се движат до 50 отсто и покрај книгите се вклучени и производи за сечиј вкус и за секоја возраст. Почестете се себеси или изненадете…

Ленче Милошевска: Збирката раскази „Недопрени бисери“ говори и за храбриот женски лик, партизанката Милка во борба со фашистите

Писателката Ленче Милошевска е поет, романсиер и преведувач кој целиот свој работен век го има минато активно работејќи на развојот на домашната книжевна сцена и неодамна го објави своето ново дело „Недопрени бисери“. Станува збор за збирка раскази и кратки приказни која беше објавена од „Арс либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и ова…

Победничкиот трилер „Списокот гости“ на изборот на „Гудридс“, ќе добие и македонско издание

Книгата „Списокот гости“ од авторката Луси Фоли беше прогласена за најдобар трилер/мистерија за 2020 година на изборот на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com) Ова дело доби најмногу гласови од читателите од цел свет, а догодина ќе биде објавено од издавачката куќа „Арс Ламина“ и ќе се појави на полиците на книжарниците…

Онлајн-промоција на „Прагматика: Јазик и комуникација“, прва книга во Македонија посветена на нова научна дисциплина

Книгата „Прагматика: Јазик и комуникација“ од авторките Марија Кусевска и Елени Бужаровска ќе биде промовирана онлајн на 10 декември (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Ова дело е насочено кон релативно нова научна дисциплина што го проучува јазикот од гледна точка на неговите корисници и го продлабочува разбирањето на природата на комуникацијата и ја…