#bookstagram интервју со @me_mother_of_three

Во овонеделното #bookstagram интервју се дружиме со уште една наша омилена инстаграмџика, која секојдневно ни ги споделува непресушните активности со своите три деца, акцентирајќи го #mumreader моментот. Марина Кљајиќ Петковски од Охрид ни е гостинка во шестото од серијата интервјуа, која веќе пет години го збогатува инстаграм-просторот зад профилот @mother_of_three. За почеток, пред да преминеме…

„Магијата на приказните“: Калиопи Трпчева го наслика светот на „Шила“ со учениците од ОУ „Невена Георгиева-Дуња“

Книгата е најверниот пријател на децата. Читајќи, тие никогаш не се осамени. Таа им отвора нови светови, ги носи на неверојатно авантури, ја поттикнува нивната креативност и фантазија, ги развеселува, инспирира и охрабрува… Им дава супермоќ… Ова се дел од пораките и заклучоците на работилницата, што вчера (3 април) се одржа во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“,…

Светски ден на книгите за деца: „Магијата на приказните“ со сликовниците од „Арс Ламина“

Со објавување на нови книги, читање приказни, креативни работилници, конкурси, кампањи за поттикнување на читањето и промотивни настани секоја година на втори април на глобално ново се одбележува Светскиот ден на книгите за деца. Овој празник на литературата за најмладите се одбележува од 1967 година, а воспоставен е во чест на роденденот на славниот данскиот…

#Bookstagram интервју со @knishka_m

Стигнавме до бројот 5 од нашите, а и ваши омилени #bookstagram профили. Мораме да ви признаеме дека овој профил ни беше најмистериозен и иако некои од нашите дилеми си ги разрешивме, продолжуваме да го оставаме со онаа слатка мистерија кој се крие токму зад овој профил. Нам ни е доволно само што знаеме дека е…

Први април во „Кафе Литература“: Маскирај се како омилениот лик од книгите

Омилените ликови од најпознатите книги за деца, со помош на детската фантазија и креативност, ќе продефилираат на Литературниот маскенбал што ќе се одржи оваа сабота (први април) од 11 до 12 часот во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“. Хари Потер, Хермиона Грејнџер, Исидора Мун, Мирабела, Кити, Шерлок Холмс, Тото мачката-нинџа, Матилда, Алиса, Мери Попинс,…

Го одбележуваме Светскиот ден на театарот со книгите „Театарот и актерите од сосема друг агол“ и „Да се почне одново“

На 27 март, на иницијатива на Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО, во глобални рамки се прославува Светскиот ден на театарот. Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од следната година тој почнал да се слави на 27 март – датумот кога…

#bookstagram интервју со @vo.svetot.na.knigite

Во денешното интервју решивме да разговараме со Сузана Стојанова, која редовно го исполнува инстаграм-просторот преку својот профил @vo.svetot.na.knigite со содржина што сите вљубеници во книгите навистина ја ценат. На почетокот, таа ни откри дека инспирацијата да почне свој #bookstagram профил ѝ била желбата да ги спои своите две омилени работи: читањето (книгите) и патувањето, се…

„Арс Ламина“ ја објави автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“

Една од најочекуваните книги оваа година, автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“, на…

Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Писателот академик Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лауреатот го соопшти професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на поетскиот фестивал денеска на прес-конференција во Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во исто време, во Париз, во седиштето на УНЕСКО, за признанието се заблагодари…

Десет стихозбирки во издание на „Арс Ламина“ во чест на Светскиот ден на поезијата

Поезијата е круна на литературата. Таа е огледало на срцето, глас на душата, мост меѓу сонот и јавето. Таа е најсофистицирана манифестација на емоциите, рефлексија на љубовта, животот, смртта, на сиот внатрешен (и надворешен) свет на човекот, на неговите најсилни и најинтимни мисли. Зборот поезија (или лирика) потекнува од старогрчкиот назив ποιέω, што значи создавам.…

„Бакнежот на пролетта“ – бајка што ја буди еко-совеста

Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината…

Почина познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска (17 март 2023 г.), во 73 година од животот,  во Амстердам, јавуваат хрватските медиуми. Угрешиќ, која е родена на 27 март 1949 година, се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска…

#bookstagram интервју со @devojcetosoknigite

Стигнавме до бројот 4 од интервјуата во нашиот #bookstagram серијал. Во ова интервју се дружиме со нашата добра пријателка Кики (@devojcetosoknigite), на која ѝ требаше цела вечност да ни ги одговори прашањата. Таа ни вели: „Имаше многу интересни прашања што ми требаше малку подолго време да ги одговорам, особено петтото прашање (цела вечност ми требаше…

Новиот роман на Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Ламина“, e добитник на наградата Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, е добитник на наградата Роман на годината за 2022. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Победникот на престижната…

„Резерва“ – мемоарите на принцот Хари наскоро во издание на „Арс Ламина“

Една од најочекуваните книги оваа година, мемоарите на принцот Хари, „Резерва“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Автобиографијата на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година стана еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“,…