Новиот филм инспириран од „Приказната за зајачето Питер“ од Беатрикс Потер се прикажува во „Синеплекс“

Второто продолжение од новата филмувана верзија на приказната за зајачето Питер од Беатрикс Потер деновиве се прикажува во скопските кина „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. „Приказната за зајачето Питер“, напишана и илустрирана од Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се…

Попусти до 75 отсто во „Литература.мк“ на Garage Sale во „Рамстор мол“

Голем број бестселери и книги за деца ќе можат да се набават со попусти до 75 отсто, од 12 до 18 август, во книжарницата „Литература.мк“ во „Рамстор мол“. Попустите се во рамките на акцијата „Гараж сејл“ (Garage Sale), што традиционално ја организира трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Во оваа сезонска распродажба има специјална понуда…

Наскоро: „Умствени вежби, гениј“ – нов серијал со логички игри во издание на „Либи“

Која е првата асоцијација кога ќе се споменат Шерлок Холмс, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн? Тие се генијалци! Да, тие се едни од најгенијалните умови: Холмс е најгенијалниот детектив меѓу фиктивните книжевни ликови, Да Винчи е најгенијалниот креативец меѓу уметниците, а Ајнштајн – еден од најгенијалните научни умови. Што значи да размислувате како нив?…

„Без Мерит“ ги открива најдлабоките тајни на едно семејство

„Од сите места на светот каде би можеле да бидеме, ние сме токму тука. Во исто време.“ Семејството Вос е сѐ освен нормално семејство. Тие живеат во најнеобичната зграда во целиот град. Внатре, во оваа куќа, живеат седум најнеобични станари. Во семејството Вос има атеист, растурач на дом, поранешна сопруга која пати од тежок облик…

Топ 10 класици што треба да ги прочита секое дете

Читањето книги е една од најубавите навики што се стекнува уште од најрана возраст. Љубовта кон пишаниот збор се создава уште во првите години од живот на детето, преку слушање приказни што му ги читаат родителите или старателите. Таа љубов се надградува во годините кога детето ќе почне да чита самостојно, со постојано дополнување содржини…

„Арс Ламина“ со поддршка за младите шахисти на „Ласкер“ во Охрид

Сѐ со цел промовирање на шаховската игра и поттик на младите шахисти, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално ги поддржува настаните во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Најновата соработка е во рамките на акцијата за рекреативно играње шах на членовите на ШК „Ласкер“ со случајните минувачи и туристи кои престојуваат во Охрид. „Арс Ламина“…

Топ 10 книги од „Литература.мк“ по кои се снимени нови серии и филмови

Дали практикувате да гледате филмски и телевизиски верзии на вашите омилени книги? Дали сте прочитале некое дело откако прво сте ја погледнале екранизираната верзија? Дали книгата е подобра од филмот или обратно? Книгата и филмот се две платформи што често се инспирираат една од друга, се испреплетуваат и се надополнуваат, давајќи можност на милионска публика…

Bibbych сними видеоспот во книжарницата Literatura.mk Superstore

Најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, е локацијата каде што е снимен видеоспотот на младата хип-хоп музичарка Бибич (Bibbych), за нејзината нова песна Don’t Judge The Cover. Насловот на нумерата (прев. Не ја суди корицата) е извлечен од познатата изрека: „Не ја суди книгата по корицата“, па одлично се вклопува со амбиентот богат со книги…

„Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени на турски јазик

Сликовниците „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени во Турција. Книгите што првично беа отпечатени на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе добијат и верзија на турски јазик. Тие ќе бидат застапувани од турската агенција за копирајт и превод „Акдем“ (Akdem),…

„Ветената земја“ од Барак Обама наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Новата автобиографска книга на поранешниот претседател на САД Барак Обама, „Ветената земја“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Обама, кој денеска (четврти август) го слави својот 60-ти роденден, во возбудливиот и со нетрпение очекуван прв дел од неговите претседателски мемоари ја раскажува приказната…

Со извадок од романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев го одбележуваме втори август, Денот на Републиката

На втори август го одбележуваме Денот на Републиката – Илинден, голем државен празник, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На овој датум во 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. На овој ден православните граѓани го слават и верскиот празник „Свети Илија“(Илинден). Со извадок…

Летно освежување со книги од македонски автори

Книгата е најдобриот придружник, каде и да одите. Ве следи на секое патување, но и самата е „билет“ за нови возбудливи авантури. Со неа можете да отпатувате на најдалечното место, без притоа да го напуштите домот. Таа е истовремено е најпрактичниот сопатник. Не зафаќа многу место во багажот и се вклопува во секаков аранжман. Со…

„Тито и Дино“ е првата македонска сликовница целосно изработена со кирилски фонт за дислексија

Илустрираната книга за деца „Тито и Дино“, која неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првата македонска сликовница целосно изработена со специјален фонт за дислексија. Во делото од авторката Ј. Мишо, што е збогатено со илустрации на Оливер Коларевски, е користен кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално…

Соња Китановска-Кимовска: Во книгата „Разбуди го родителот во себе“ откривам како родителството да стане уживање

Како да се биде подобар родител? Како да се оствари подобра комуникација со децата? Како родителите да се справат со сите предизвици што ги носи воспитувањето на децата? Како родителството да стане уживање?… Ова се само дел од прашањата на кои одговара проф. Соња Китановска-Кимовска во својата книга за самопомош „Разбуди го родителот во себе“.…

Ќе се снима серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг

Студиото „Амазон“ во соработка со компанијата „Блосом филмс“ на Никол Кидман ќе сними серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг. Станува збор за мини ТВ-серија, која ќе го носи истиот наслов како и книгата. Лимитираната серија ќе биде емитувана на стриминг-сервисот на „Амазон“. Сè уште не е познато дали во неа ќе игра…