Наградуваните романи „Замалек“, „Црната птица“ и „Јас сум Акико“ промовирани на Саемот на книгата 2021

Годинашниот добитник на Европската награда за книжевност, „Замалек“, од Дејан Тиаго Станковиќ, како и двата романи-добитници на престижната награда на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади во Србија: „Црната птица“ од Александра Јовановиќ и „Јас сум Акико“ од Стефан Тиќми, беа промовирани на Саемот на книгата 2021. Книгите, кои на македонски јазик…

Како изгледаат писателите? – Средба на авторите на „Црната птица“ и „Јас сум Акико“ со учениците од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје

Како една книга од писателот стигнува до рацете на читателите? Каков е процесот на пишување книга, сценарио за филм и театарска претстава? Како изгледаат писателите? Дали сите се стари или има и млади… и дали сите имаат очила? Ова беа само дел од прашањата што учениците од шесто и осмо одделение при ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“…

„Ноќ на домашни трилери“ со четири нови романи во издание на „Арс Ламина“

На 12 септември (недела), во 19 часот, на главната саемска бина „Арс Ламина“ ќе организира „Ноќ на домашни трилери“, на која ќе бидат промовирани новите македонски романи: „Храмот на натписите“ од Петар Стојановски, „Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска, „Опасна игра“ од Мери Арсова и „Афера во музејот на пари“ од Сашо Кузмановски. „Храмот на…

Саем на книгата 2021: Работилници за деца и родители во недела на штандот на „Арс Ламина“

Во недела (12 септември), на штандот на „Арс Ламина“, во рамките на Саемот на книгата 2021, ќе се одржат работилници за деца и родители. Во 11 часот е закажана работилницата инспирирана од четирите психолошки прирачници за деца од авторката и психолог Христина Стефановска. Со почеток во 12 часот, ќе се одржи работилница за најмладите инспирирана…

Романот „Деса“ од Ивана Трајаноска е филигрански изработена приказна за несреќниот живот на една жена

Новиот роман на универзитетската професорка, книжевна истражувачка и критичарка Ивана Трајаноска, „Деса“, беше претставен во рамките на Саемот на книгата 2021.  Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше дел од најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2020 година. – Романот „Деса“ беше штотуку…

Саем на книга 2021: Разговор со Дејан Тиаго Станковиќ – авторот на книгата „Замалек“

На 11 септември (сабота), во 19 часот, на главната бина ќе биде претставена книгата „Замалек“ од Дејан Тиаго Станковиќ. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“. Разговорот со авторот ќе го  води уредничката Татјана Димовска-Атанасова од „Арс Ламина“,…

Српските автори Александра Јовановиќ и Стефан Тиќми – гости на „Арс Ламина“ на Саем на книгата

Двата романи-добитници на престижната наградата на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади во Србија: „Црната птица“ од Александра Јовановиќ и „Јас сум Акико“ од Стефан Тиќми ќе бидат претставени во рамките на Саемот на книгата 2021. Денеска (10 септември), во 19 часот, на главната саемска бина, ќе се одржи разговор со авторите…

Ивана Трајаноска: Деса е архетип на жената жртва, но и херој на патријархатот

Деса e жена-сон, тивка, приспособлива, непокорна, но свитлива, скротувачка на своите внатрешни ветрови и сили. Како довеано бело, лесно облаче среде модрите стратуси. Егзотична птица залутана во туѓо небо. Големите соништа ги носи од Кратово во Скопје, каде што треба да се остварат. Но, новата средина значи и поголем избор. Поголемиот избор значи и поголеми…

Саем на книгата 2021: „Веќе не сум истиот“ е роман за себеспознавањето и за себеотуѓувањето, a „Кинески мозаик“ e мала книга за голема земја

Со сценска актерска изведба на дел од „Веќе не сум истиот“, вчеравечер на главната саемска бина беше промовиран дебитантскиот роман на познатиот пантомимичар и режисер Војо Цветановски, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Со ова претставување почна програмата на издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на Саемот на…

„Веќе не сум истиот“ е приказна за сите нас…

Ова е приказна за себеспознавањето и за себеотуѓувањето. За тоа колку лесно или тешко се самозапознаваме и за тоа колку лесно или, пак, тешко се самоотуѓуваме и со колкава леснотија го прифаќаме сето тоа свесни или несвесни што нè чека таму зад аголот, што со години и години мечтаеме да го откриеме, а сепак тешко…

Војо Цветановски: Романот „Веќе не сум истиот“ е пантомима на реалноста

„Во изминатите петнаесетина години успеав да ги запознам речиси сите кловнови, жонглери, пантомимичари, голтачи на оган, магионичари, улични музичари, улични живи статуи, односно сите улични артисти кои работат на улиците на Европа. И јас станав дел од тој патувачки циркус, дел од сите тие фестивали за улична уметност, каде што настапував како уличен артист –…

„Арс Ламина“ со промоции на „Веќе не сум истиот“ од Војо Цветановски и на „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов на првиот ден на Саемот на книгата

Со промоции на романот „Веќе не сум истиот“ од Војо Цветановски и на илустрираната енциклопедија „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов, денеска (8 септември) ќе почне програмата на издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на Саемот на книгата 2021. На саемот, што ќе се одржува до 14 септември, во близина на Аква паркот, кај „А1 Арена“…

Саем на книга 2021: „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов е првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик

На 8 септември (среда), со почеток во 19 часот, на штандот на „Арс Ламина“, во рамките на Саемот на книгата 2021, ќе биде промовирана книгата „Кинески мозаик“ од проф. Виктор Урумов. Станува збор за првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“. „Кинески мозаик“ е мала книга за…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ со промоции, попусти до 80 отсто и подароци на Саем на книгата 2021

Под слоганот „Овде книгата греит душата“, како паралела на познатиот стих од антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 септември, во близина на Аква паркот, кај „А1 Арена“ – СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. На…

„Арс Ламина“ објави 16 најзначајни дела од Милан Кундера

Шеснаесет најзначајни дела од еден од најважните современи светски автори Милан Кундера неодамна излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за сите десет романи („Шега“, „Проштален валцер“, „Животот е на друго место“, „Книгата за смеата и за заборавот“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Бесмртност“, „Бавност“, „Идентитет“, „Незнаење“…