Излезе од печат „Хари Потер и Пламениот пехар“ – четвртата книга од серијалот на Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Одлична вест за сите љубители на Хари Потер! Неодамна од печат излезе „Хари Потер и Пламениот пехар“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за четвртиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Ова…

Со топ пет хорор-книги го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг

„Книгите се уникатно пренослива магија…Чудовиштата се вистински, а и духовите се реални. Тие живеат во нас, а понекогаш и победуваат… Ако немате време за читање, немате време (или алатки) за пишување. Толку едноставно… Добрите книги не ги откриваат сите свои тајни одеднаш…“ Ова се само дел од познатите мисли на кралот на хоророт, Стивен Кинг,…

Дејвид Атенборо: „Животот на нашата планета“ е моето сведочење, но и мојата визија за иднината

Земјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот,…

Топ 10 најпродавани книги на Саемот на книгата 2021

Интернационални бестселери и наградувани наслови, нови романи од домашните писатели, трилери, книги за деца од македонски и регионални автори се на листата на најпродавани наслови на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“, за време на Саемот на книгата 2021. Зад нас е уште едно успешно издание на најголемата манифестација на која се…

Го одбележуваме роденденот на Агата Кристи со нејзините најчитани дела во издание на „Арс Ламина“

Секој 15 септември, фановите ширум светот го одбележуваат роденденот на најпознатата писателка на детективски романи – Агата Кристи. Авторката на едни од најпознатите ликови во светската книжевност, белгискиот детектив Херкул Поаро и мис Џејн Марпл, е родена 1890 година. Минатата година беа одбележани сто години од нејзиното творештво, а по тој повод издавачката куќа „Арс…

Петар Стојановски: „Храмот на натписите“ е трилер-авантура во стилот на Индијана Џонс

Македонската книжевна сцена деновиве се збогати со нова трилер-авантура „Храмот на натписите“ од новото авторско име Петар Стојановски. Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ги однесе читателите на многу историски места што кријат таинствени симболи, кодови и изгубени древни градови. Приказната се случува во 2010 година,…

Јоти Поповски: Книгата „Животниот пат на иноваторот“ е наменета за сите идни млади македонски пронаоѓачи

Иноватор е љубопитен човек, кој поставува прашања и потоа бара одговори и решенија. Потребна е визија, истрајност, темелно проучување, но и некој што ќе го прифати вашиот изум и ќе го реализирате. Еден од најпродуктивните домашни пронаоѓачи, Јоти Поповски, своите изуми ги реализирал во целиот свет. Тој е троен добитник на престижната награда од „Енерџи…

Мери Арсова: Раѓањето на силниот женски лик на Ева ме инспирира да ја напишам приказната на „Опасна игра“

Уште кога ќе ја погледнете корицата на романот „Опасна игра“ од младата авторка Мери Арсова можете да ја насетите, но не и докрај да ја откриете интригантната игра/приказната во делото. Борбата помеѓу кралот и кралицата, меѓу кои стои еден пион, е само мал вовед во овој трилер, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел…

Марија Ралповска: „Сенки во подземјето“ е приказна за тенката линија меѓу доброто и злото

Во свет што го движи криминалот, тенка е линијата меѓу доброто и злото. Токму тој дуел е главната тема во новиот крими-трилер на Марија Ралповска, „Сенки во подземјето“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше претставена на т.н. „Ноќ на домашни трилери“ во рамките на Саемот на книгата, заедно…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ повторно со најмногу награди од Македонската асоцијација на издавачи

Со освоени шест награди, од кои две први, три втори и едно трето место, издавачката куќа „Арс Ламина“ се закити со најмногу признанија на годинашното доделување на престижните книжевни награди на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). „Арс Ламина“ освои две први места: во категоријата за поттикнување на општествена одговорност, за проектот „Марко Цепенков – одбележување…

„Ноќ на домашни трилери“ со четири нови романи од македонски автори во издание на „Арс Ламина“

Еден од најпопуларните книжевни жанрови на денешницата, трилерот, добива сè повеќе читатели, но и книги од македонски автори. Доказ за тоа се четирите нови трилер-романи од македонски автори, во издание на „Арс Либрис“, дел до „Арс Ламина – публикации“, кои беа промовирани вчеравечер (12 септември) во рамките на Саемот на книгата 2021. На таканаречената „Ноќ…

Сашо Кузмановски: Крими-романот „Афера во музејот на пари“ е добра подлошка за филм или серија

Патувањата, посетите на интересни места, но и вестите што секојдневно кружат во новинарските кругови се убав расадник за раѓање на убава приказна. Во мојата приказна имам искористено дел од, ќе ги наречам, моите професионални доживувања. Новинарството како професија го сметам за предност при пишувањето и, искрено, искуството што го носи оваа професија во голема мера…

Дејан Тиаго Станковиќ: „Замалек“ е приказна за тешкиот живот на жените во Каиро

Разговорите со харизматичниот српски автор, кој живее на релација Белград-Лисабон, Дејан Тиаго Станковиќ, се долги, но интересни, богати со анегдоти, несекојдневни случки и инспиративни личности, како што се впрочем и неговите пишани дела. Неговиот најнов роман „Замалек“, кој е годинашниот добитник на Европската награда за книжевност, деновиве беше промовиран во рамките на Саемот на книгата…

Стефан Тиќми: „Јас сум Акико“ е поетски роман за осаменоста

Неговото пишување е опојно како стиховите на Миќа Антиќ, бајковито мудро како во „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери, а духовито и топло како текстовите на Игор Коларов. Познат е по тоа што во населбата Анчики, блиску до неговиот роден град Лесковац, во напуштена куќа направил мала бесплатна библиотека со 5.000 книги. Воедно, пошироката…

Александра Јовановиќ: „Црната птица“ порачува дека сте похрабри одошто мислите

Животот никогаш нема да биде ист каков што бил пред загубата на родител. Но, најстрашните загуби што се ненадоместливи можат да бидат премостени… Ова е главната порака на романот за деца „Црната птица“ од младата српска авторка Александра Јовановиќ, кој на македонски јазик деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина…