Психолошките прирачници за деца од Христина Стефановска ќе бидат промовирани во Штип

Четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“, ќе бидат промовирани денеска (16 ноември, вторник), во 17.30 часот, во НУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Промотор на книгите ќе биде м-р Јована Рилак. Во рамките на промотивниот настан, Стефановска, која…

Две нови книги со авантурите на Кити – девојчето со супермоќ како мачка

Еден од новите омилени книжевни серијали за деца, „Кити“, од авторката Пола Харисон со илустрации од Jени Ловли, неодамна е збогатен со уште две нови продолженија. Серијалот, кој на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дополнет со книгите: „Кити и самрачната неволја“ и „Кити и грабнатото милениче“.…

Авторот на „Што ако…?“, Мет Мури, одржа литературна работилница во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“

Еден од авторите на книгата „Што ако…?“, Мет Мури, за време на својот престој во Скопје, деновиве одржа час со учениците од шесто одделение при ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“. Литературната работилница, која се одржа во т.н. „отворената училница“, односно училишниот двор, беше под менторство на Марија Богоеска, уредничка на едукативни изданија во „Арс Ламина“. На интерактивниот…

Јелена Лужина: Во „Скопски есеи“ ги портретирам големците кои оставиле трага врз македонската култура

„Еден град се усвојува, а не се освојува. Природно е и нормално градовите да ги У-својуваме, а не да ги О-својуваме! И обратно: тие да нè У-својуваат нас.“ Со овие зборови познатата преведувачка, театролог и книжевен теоретичар, Јелена Лужина нѐ воведува во својата нова книга „Скопски есеи“, која беше претставена со онлајн-промоција, на 13 ноември…

Со 10 изданија инспирирани од Скопје го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето

Денеска ја одбележуваме 77-годишнината од ослободувањето на Скопје. На овој ден во 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, борците со победоносен марш влегоа во градот. По тој повод,…

Синоличка Трпкова: Најголема желба ми е да снимам филм по расказите од „Никогаш не кажувам“

Во присуство на многубројни гости од домашната културна сцена, вчеравечер (11 ноември), во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана првата прозна книга на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја водеше уредничката Оливера…

Го одбележуваме роденденот на Морис Леблан, авторот на серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен

На 11 ноември во светски рамки се одбележуваат 157 години од раѓањето на славниот француски писател Морис Леблан – авторот на култниот серијал за џентлменот крадец, Арсен Лупен. Неколку дена претходно (6 ноември), пак, беше 70-годишнината од неговата смрт. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, на англиски јазик објави серијал со девет…

Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во октомври

Збирки на задачи со наставни листови и тестови по математика, хемија и биологија, вежбанки по општество, македонски и германски јазик, како и познатиот „Атлас на човечката анатомија“ се меѓу најбараните образовни изданија во книжарниците на „Литература.мк“, изминатиот месец. Книгите се во издание на „Арс Ламина“, и се адаптирани на програмата за основно, односно средно училиште.…

Јелена Лужина во новата книга „Скопски есеи“ ги портретира големците што оставиле трага врз македонската култура

Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, на 13 ноември (сабота), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн-промоција на книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина. Онлајн-разговорот со авторката, која е позната по својата работа како преведувачка, театрологот и книжевен теоретичар, ќе го води уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, а ќе може да…

Книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин ги едуцира децата за холокаустот

Во спомен на жртвите на холокаустот и на кобната Кристална ноќ, која се смета за почеток на погромот и злосторството врз Евреите низ Европа, вчеравечер (9 ноември) во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа промоцијата на книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин. Наградуваната книга за деца „Куферот на Хана“, од…

Мајк Викинг во „Уметноста на создавање спомени“ открива како да создавате и да помните среќни моменти

Која е вистинската тајна на среќата? Одлични спомени! Од авторот на меѓународниот бестселер „Мала книга за хиге“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат „Уметноста на создавање спомени: како да создавате и да помните среќни моменти“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Викинг, кој е истражувач на среќата и…

Три нови мотивациски книги за подобар и поквалитетен живот

Каква е моќта и потенцијалот на жените? Кои се скриените моќи на вашиот внатрешен глас во борбата со анксиозноста? Како да го подобрите психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочите врските со другите? Што пропуштате да слушнете додека друг зборува и кога последен пат некој навистина ве слушал вас? Ова се само дел…

Топ 10 најбарани мотивациски и автобиографски книги во октомври

„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не“, вели авторот Марк Менсон во бестселерот „Е, баш ме заболе“, која е една од најпопуларните книги последниве…

Синоличка Трпкова е брутално искрена во својата прва прозна книга „Никогаш не кажувам“

Книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“, ќе биде промовиран на 11 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Никогаш не…

Кире Лазаров ќе ја потпишува својата автобиографија „Секогаш на победа“ во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“

Во недела (7 ноември), во 16 часот, во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“ (прв кат), најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, ќе ја потпишува својата штотуку објавена автобиографија „Секогаш на победа“. Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“. Во книгата, која беше промовирана деновиве во скопскиот хотел „Александар Палас“, најдобриот стрелец…