Во нови авантури со две нови книги за Тото мачката-нинџа

Подгответе се за нови авантури со Тото – мачката-нинџа! Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве од печат излегоа два нови книги: „Тото мачката-нинџа и суперѕвездената катастрофа“ и „Тото мачката-нинџа и мистериозниот крадец на накит“. Од серијалот на авторот Дермот О’Лири и илустраторот Ник Ист досега на македонски јазик се објавени…

Книгата „Мачешки исповеди“ од Катерина Трајановска раскажува што значи да се биде маче

Новата книга за деца „Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ од авторката Катерина Трајановска ќе биде промовирана на 11 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката…

„Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска меѓу добитниците на наградата „Македонска книжевна авангарда“

Крими-трилерот „Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е меѓу шесте добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“. Признанието, кое го врачува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје, се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во…

Незаборавно книжевно патување со Жил Верн

„Сè што еден човек може да замисли, друг може да го оствари“ –Жил Верн Авторот на култните романи „20.000 милји под морето“, „Пат околу светот за 80 дена“ и „Патување во центарот на Земјата“, Жил Верн, е роден на денешен ден (8 февруари) во 1828 година во Нант, Франција. Важи за еден од најзначајните француски…

Одбележуваме 210 години од раѓањето на писателот Чарлс Дикенс

На денешен ден (7 февруари) пред 210 години е роден славниот британски писател Чарлс Дикенс. Автор е на едни од најзначајните книжевни класици: „Божиќна песна“, „Дејвид Коперфилд“, „Оливер Твист“, „Приказна за два града“ и „Големите очекувања“. Чарлс Џон Хафем Дикенс, кој се смета за еден од најголемите писатели од викторијанската ера,  е роден 1812 година,…

„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто и подарок сет книги од Маркес за секоја сметка над 3.000 денари

Со попусти до 50 отсто и подарок книги, од 5 до 20 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе се одржи второто издание на „Денови на литературата“. Во овие книжевни дестинации пишаниот збор се слави 365 дена во годината, но со оваа голема акција, читателите ќе можат на попуст да најдат голема селекција на книги…

„Барби од подрумот“ од Маша Колановиќ е носталгична приказна за последното детство во Југославија

Додека небото го прелетуваат борбени летала, а животот се одвива според диктатот на тревожните сирени, истовремено пред влезовите и низ маалата во Загреб се случува непрекинато детство, кое, гледано од денешен аспект, има музејска вредност. Главната игра е, всушност, паралелниот свет на популарните кукли-барбики, што толку внесено го создаваат децата од населбата Слобоштина. Ова е…

Излезе од печат „Хари Потер и Редот на фениксот“ од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Волшебна вест за сите љубители на Хари Потер! Од печат излезе „Хари Потер и Редот на фениксот“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Оваа,…

Сашко Илов: Книгата „Џоломарите“ е сведоштво за паганскиот ритуал кој е наше живо културно наследство

Традиционалниот пагански ритуал џоломари, што секоја Василица се одржува во селото Бегниште, Кавадаречко, е во фокусот на новата книга со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов. Монографијата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше…

Одбележуваме 190 години од раѓањето на авторот на „Алиса во земјата на чудата“, Луис Карол

Пред 190 години, на 27 јануари 1832 година е роден англискиот писател, математичар, логичар и фотограф Чарлс Лудвиг Доџсон, попознат под псевдонимот Луис Карол. Светската слава ја стекнал со својот книжевен класик за деца „Алиса во земјата на чудата“, првично објавен во 1865 година. Негови други позначајни дела се продолжението на приказната за Алиса, „Низ…

„Кити и ѕвездената песна“ – Кога суперхерите имаат трема

Убава вест за сите љубители на серијалот книги за деца „Кити“ од авторката Пола Харисон! Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве од печат излезе новата книга „Кити и ѕвездената песна“. Kити е шармантното девојче со супермоќ како мачка, кое тргнува во необични авантури. Семејството на Кити е посебно – мајка…

„Џоломарите“ е фотоприказна за традиционалниот пагански ритуал во с. Бегниште

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на…

Топ 10 образовни изданија од „Арс Ламина“ кои најмногу се бараа во 2021 година

Најбарани изданија од „Арс Ламина“ во сегментот образование, што опфаќа дополнителна литература и дидактички материјали што се поддршка на наставно-образовниот процес, во 2021 година беа збирките задачи по математика со активности и тестови од 1 до 9 одд. На второто место се прирачниците и вежбанките по природни науки од 4 до 6 одд., а веднаш…

Топ 10 најбарани изданија за деца од „Арс Ламина“ во 2021 година

Листата со најпродавани изданија за деца и млади од „Арс Ламина“ годинава ја предводи романот за деца и лектирно издание „Збунети години“ од Велко Неделковски – топла приказна за тинејџерските години и првата љубов. Борче и Димитар се вљубени во Виолетка. До неа стигнуваат љубовни писма од Борче, кои всушност ги пишува Димитар. Различни во…

Најпродавани книги за 2021 година од издавачката куќа „Арс Ламина“

Секоја година издавачката куќа „Арс Ламина“ ги избира десетте најпродавани книги што го предизвикале вниманието со нивните неверојатни пораки, интересни приказни и исклучителна важност за нашето живеење. Селекцијата ги опфаќа сите жанрови, книжевни класици, бестселери, инспиративни книги за самопомош и друго. Марк Менсон втора година по ред е најпродаван автор во издавачката куќа „Арс ламина“.…