Конкурс на САНО: „Јас сум пријател на децата во болница“ – есеј на Јелопи Седеу Нишевиќ (прво место)

Низ маалото сум позната како „Златокоса“, како што и изгледам. Постојано носам шарени фустанчиња и накитени чевличиња, а по должината на мојот ’рбет се простираат долги златни прамени коса што стигнуваат сѐ до зглобовите на моите раце. Овој карактеристичен изглед секогаш бил моја симболика и никогаш не сум помислила да го променам. Првиот училиштен ден…

Инспиративни книги од „Литература.мк“ за Меѓународниот ден на жената

Силни жени се жени со книга в рака. Книгата е најмоќната „алатка“ во секоја битка. Таа е истовремено е најинспиративниот и најтраен подарок што можеме да го подариме некому, но и себеси. Во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Mарт, денот кога во целиот свет се одбележува борбата на жените за економска, политичка…

„Деса“ од Ивана Трајаноска, во издание на „Арс Ламина“, влезе во најтесниот избор за „Роман на годината“

Романот „Деса“ од Ивана Трајаноска, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влезе во најтесниот избор за престижната награда „Роман на годината 2021“. За признанието, што по 23-ти пат го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе се борат четири финалисти. Жирито во состав…

„Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда – совршен подарок за сите драги жени

По повод Меѓународен ден на жената – 8 Март, денеска, со секој купен примерок од стихозбирката „Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда во книжарниците „Литература.мк“ ќе следува слатко изненадување. Секоја жена заслужува внимание спакувано во стихови. А песните од ова дело се инспирирани од жената на Неруда, Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта…

„Арс Ламина“ ги награди најдобрите на конкурсот „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението САНО

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта од цела Македонија учествуваа на креативниот конкурс на тема „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО – Скопје. Победниците беа наградени со дипломи и книги во издание на „Арс Ламина“, на настан што се одржа…

„Писатели и љубовници“ од Лили Кинг е нежна приказна за љубовта, загубата и пишувањето

По успехот на нејзиниот високо ценет и наградуван роман „Еуфорија“, писателката Лили Кинг се враќа со нова, нежна приказна за љубовта, загубата и за предизвиците на една млада авторка. Станува збор за романот „Писатели и љубовници“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.…

„Дизајн меѓу полици“ – нова акција со брендирани производи за домот во „Литература.мк“

Дизајнирани производи за кујната и домот, уникатни додатоци за во канцеларија, како и „смарт“ уреди од познати интернационални брендови, се дел од продажната акција „Дизајн меѓу полици“ на „Литература.мк“, што ќе трае од 4 до 13 март. Со специјални попусти се селектирани производи од најбараните европски дизајнерски компании за домот: Gingkо („Гинко“), Lexon („Лексон“), Fundamental…

Три наслови од „Арс Ламина“ меѓу десетте книги во трка за наградата „Роман на годината“

Три книги во издание на „Арс Ламина“ се меѓу десетте романи што ја продолжуваат трката за престижната награда „Роман на годината 2021“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во потесниот избор влегоа: „Втората месечина“ од Владо Димовски, „Уништување“ од Моџо Килингтон и „Деса“ од Ивана Трајаноска, кои се…

Милена Лунеска во стихозбирката „Љубов облечена во бело“ ги овековечува своите тажни и весели спомени

…Денес, кога на домот наш, ново име му запишуваме, а ѕвонлива смеа танцува по подовите, Ти, закопчај ја со душата љубовта наша, како скапоцен костум, Јас, во невестинско бело ќе ја облечам среќата, па со насмевки и музика на радоста да ја отвориме вратата, свечено да го пречекаме ЖИВОТОТ!… Ова се дел од стиховите од…

Кон „Хамнет“ од Меги О’Ферел: Роман за болката и за трансформацијата на животот во уметност

Дејството на романот „Хамнет“ од Меги О’Ферел е сместено во времето на пандемијата на грозницата наречена Црна смрт, што косела во Европа во 16 век и од која биле зафатени и театрите во Лондон. Во еден од нив, младиот Вилијам Шекспир создавал нов вид историја. Во „Хамнет“ Шекспир останува неименуван, а е прикажан како грижлив,…

Прв интегрален препев на македонски јазик на збирката „Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда

Познатата стихозбирка „Сто љубовни сонети“ на големиот чилеански поет Пабло Неруда деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за прв интегрален препев на македонски јазик на оваа зборка. Во делото, кое првично било објавено во 1959 година во Аргентина, добитникот на Нобеловата…

„МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ им ја доближува традицијата на најмладите читатели

Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. За значењето и изработката на мартинките повеќе можете да дознаете со специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и…

„Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска е волшебно освежување во литературата за деца

Си беа еднаш… еден Ведран и една Мила, кои живееја во градот Гушкоград, во една земја Вистинија… со една Злоба и еден Шугавко… А, пак, тоа еднаш всушност е и денес… „Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е приказна-метафора за среќата. За непроценливата детска среќа и…

Номинации за блогот и сајтот на „Литература.мк“ на изборот „Сајт на годината 2021“

Блогот и интернет-страницата на „Литература.мк“ се меѓу номинираните на изборот „Сајт на годината 2021“. Нашиот blog.literatura.mk, кој изминатите години неколкупати беше прогласен за најдобар блог на овој избор, овој пат е во конкуренција за најдобар сајт за образование, наука и култура. Страницата Literatura.mk, пак, е номиниранa во категоријата за најдобар сајт за е-трговија. Специјализираниот блог…

„Семејство“ од Луиз Џенсен е тензичен трилер за застрашувачка тајна на една заедница

Од авторката на светските бестселери „Сестрата“, „Подарокот“ и „Рандеву“, Луиз Џенсен, неодамна од печат излезе романот „Семејство“. Книгата, која е интернационален бестселер, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Семејство“ е тензичен трилер за една жена, Лора, која е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи…