„Арс Ламина“ со четири награди од Македонската асоцијација на издавачи

Издавачката куќа „Арс Ламина“ се закити со четири награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), кои беа врачени денеска, за време на Саемот на книгата во СЦ „Борис Трајковски“. На шестото издание на наградите на МАИ, кои се доделуваат на најдобрите книги, издавачи и автори меѓу двете саемски изданија, „Арс Ламина“ освои едно прво, две…

„Шила“ правејќи кукли го „шие“ светот по мерка на среќата кон која сите се стремиме

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ е топла приказна за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Книгата, која деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на седми мај (сабота), со почеток во 19…

Промоции на книги за деца, ден на Хари Потер и попусти до 60 отсто на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата

Под слоганот „По книгата денот се познава“, со промоции на книги за деца, денови на Хари Потер и Шерлок Холмс и попусти, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од трети до деветти мај, во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје. На заедничкиот штанд со книжарниците „Литература.мк“ ќе…

Се распишува четвртиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година. На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати…

Поговор кон романот „Куклите на Росица“ од Оливера Николова

Елизабета Баковска: „Куклите на Росица“ е еден од ретките македонски национално-историографски романи напишани од жена. Наспроти Оливера Николова, за ваквите (речиси романтичарски) национално-историски теми има пишувано цела една плејада македонски класици, како Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев… „Куклите на Росица“ е комплексен приказ на бурни и често сè уште недоволно разјаснети (или постојано проблематизирани) случувања поврзани со создавањето на македонскиот национален идентитет.

Fingerprint Art: Боенки со кои децата создаваат уметност со отпечатоци од прсти

Поминете незаборавни моменти креирајќи уметност со прстите, наместо со четкички за боење. Во новиот иновативен серијал Fingerprint Art („Уметност со отпечатоци од прсти“) во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, вклучени се четири тематски боенки со неколку теми. Изданијата се со цртежи на тема: Велигден, Божиќ, природа и лето, и се наменети…

Го одбележуваме Светскиот ден на книгата со драмите од Шекспир адаптирани за деца

Книжевниците, издавачите, авторите, библиотекарите и љубителите на книгата од целиот свет денеска (23 април) го одбележуваат Светскиот ден на книгата и на авторското право. Датумот 23 април има голема симболика за светската литература. На овој датум во 1616 година починале Шекспир, Сервантес и Инка Гарсиласо де Ла Вега. Исто така, тоа е датум на раѓање…

„Исидора Мун ја запознава Забовилата“ – нова магична приказна од авторката Хариет Мункастер

Магична вест за сите фанови на Исидора Мун! Од печат излезе новата книга од серијалот за малата самовила-вампир Исидора Мун од авторката Хариет Мункастер. Станува збор за „Исидора Мун ја запознава Забовилата“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации. Исидора Мун е посебна, бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила,…

Се „шие“ нова несекојдневна сликовница – „Шила“

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева,  во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе пристигне во книжарниците на „Литература.мк“. „Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта…

Шарени изданија од „Литература.мк“ со кои ќе читајте, учите и боите со вашите деца овој Велигден

Книгите се траен и вреден подарок за најмладите. Преку нив децата се едуцираат, се информираат и се забавуваат. Тие ја поттикнуваат креативноста, фантазијата, критичкото мислење и квалитетно го исполнуваат слободното време. За време на велигденските празници израдувајте ги своите најмили со изданија чијашто приказна и илустрации се поврзани со симболите на овој празник, но пораките…

Нови авантури со Дина и Додо за велигденските празници

Овие велигденски празници израдувајте ги најмладите со новите авантури на Дина и Додо. Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и приказни се новите боенки, книги со активности и картички, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку http://www.literatura.mk.…

Поговор кон романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова

Калина Малеска: „Размислувајќи на што се должи впечатокот што ми го остави „Адамовото ребро“, сфаќам дека ова не е само роман за љубовта туку и роман што се преиспитува самиот себеси, си ги соочува и видоизменува своите теми, ги става во различни контексти од кои произлегуваат различни последици, ги судира протагонистите од различни времиња, ја истражува суштината на пишувањето, има јасна свест за историските немири и за тоа колку ликовите можат да бидат и колку можат да не бидат свесни за нив.“

Волшебна дружба на денот посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Многубројни ученици од основните и средните училишта, нивните наставници и родители, како и фанови на популарниот серијал за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг, беа дел од настанот посветен на Хари Потер, што се одржа на 16 април (сабота) во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. На настанот беа промовирани книгите од серијалот „Хари…

Ден посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се…