Летно освежување со бестселерите од „Литература.мк“

Летото е идеално време за одмор, патувања, дружби, но и релаксација со некоја убава книга. Без разлика дали овој одмор ќе го поминете на плажа, на планина, во некоја светска метропола или, пак, ќе се релаксирате во вашето омилено катче во домот, уживањето секогаш е комплетно со добар избор за читање. Ви претставуваме листа со…

Трилерот „Списокот со гости“ од Луси Фоли продаден во два милиона копии во светот

Најдобриот трилер според „Гудридс“ за 2020 година и бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ – „Списокот со гости“ од британската авторка Луси Фоли се продаде во над два милиона копии во светот. Оваа информација ја сподели еден од највлијателните клубови на читатели, на познатата актерка Рис Витерспун, која ја препорачува оваа книга. Романот на…

Нина Максимова: Објавувањето на „Осаменото дрво“ е охрабрување да продолжам да пишувам

Еднаш, многу, многу одамна, пред милиони, милиони години, кога се создавал светот, кога се појавиле првата светлина и првиот зрак, кога се создале сите планети, комети, големи и мали ѕвезди и соѕвездија, на една малечка планета никнало едно дрво. Тоа дрво било толку големо што ја зафаќало целата планета… Токму тоа дрво е главниот протагонист…

„Белиот чад“ како филм ноар

Никола Гелевски: Сложената и разгранета наративна конструкција во „Белиот чад“, како во ноар филмот, создава свет во кој преовладува чувството на отуѓеност и фатеност во стапица од која нема излез. Дистанцирани од нормалниот свет, но истовремено и нурнати во неговите мрачни текови, ликовите се обележани со некој вид дефинитивна изолираност и отуѓеност, а нивната оддалеченост од стварноста станува безнадежна. Оливера Николова е одлична портретистка, виртуозна создавачка на атмосфера и неуморна барачка на суптилни детали.

Иво Митев-Жиле: Збирката раскази „Клучот на животот“ е книжевен омаж за 11 значајни личности

Преку 11 раскази, педантно спакувани во збирката „Клучот на животот“, авторот Иво Митев-Жиле оддава почит кон исто толку значајни личности кои оставиле траен белег во македонската и светската култура на 19 и 20 век. Книгата, која е дел од едицијата „Во еден здив“, е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, јасно…

Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“  

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги поканува илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години да достават предлог-дизајни на корици за шест романи од едицијата „Порта Европа“.Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела.…

Релаксација со креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од Оливија Георгиевска

Новата креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од авторката Оливија Георгиевска деновиве излезе од печат во издание на „Скрипти“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова издание содржи 19 прекрасни илустрации на цветови од градината, кои можат да се обојат и да се врамат во слика. На задната страна од секој цртеж за боење е…

Лектирите се најбараните изданија за деца во „Литература.мк“ во јуни

На почетокот на летниот распуст, во книжарниците „Литература.мк“ најбараните изданија за деца и млади се лектирите и читанките од едицијата „Лесно читливо“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за поголем дел од листата на лектири за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука: „Грдото пајче“ од Ханс…

Со автобиографијата „Моите изуми“ го одбележуваме роденденот на Никола Тесла

На денешен ден (10 јули) во 1856 година е роден познатиот научник, истражувач и пронаоѓач Никола Тесла. Најмногу е познат по револуционерните откритија во областа на електромагнетизмот. Важи за еден од најголемите и најпочитувани светски научници. Починал на 7 јануари 1943 година во Њујорк. Во чест на роденденот на Тесла, се навраќаме на неговата автобиографи…

„Да се смислува и да се талка“ од Џеф Безос – најбарана книга од областа на нефикцијата во „Литература.мк“

Збирката размисли на најбогатиот човек во светот и основач на „Амазон“,  Џеф Безос – „Да се смислува и да се талка“ е најпродавана книга од областа на нефикцијата, во книжарниците „Литература.мк“, минатиот месец. На листата се и новите мотивациски книги: „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос,…

Поговор кон „Пешаци по црни полиња“ од Оливера Николова

Гоце Смилевски : „Оливера Николова во „Пешаци по црни полиња“ преку индивидуалните судбини на главните ликови ги отсликува општествените состојби и процеси во времето во кое тие живеат, а тоа е времето кое ни е добро познато: нашето „вчера“ кое траеше повеќе од две децении – времето на транзицијата.“

Топ 10 најпродавани книги од „Литература.мк“ во јуни

Бестселерот на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Ју-ес-еј тудеј“, „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, е најпродаваната книга во книжарниците „Литература.мк“, во јуни. На почетокот на летото меѓу најбараните наслови се: историско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб, „Исповеди“ од бестселинг…

„Дневник на прочитани лектири“– бележник за книгите што ги читаат децата на летниот распуст

Летниот распуст, покрај одморот, забавата, патувањата, дружбата, е време за читање лектири. Секој има свој ритуал при читање: едни преферираат да читаат во тишина, за себе, други на глас, трети сакаат да споделуваат размислувања со своите родители или со другарчињата… Има и деца кои сакаат да запишуваат впечатоци за прочитаното. Тоа е одличен начин да…

Поговор кон „Тесна врата“ од Оливера Николова

Кица Колбе: Оливера Николова во својот прв роман за возрасни „Тесна врата“ ја раскажува сложената приказна за загадочното исчезнување на Петра со многу акрибија, луцидност и писателска ревност, небаре самата морала да помине низ некоја „тесна врата“. Асоцијацијата е оправдана, затоа што и таа по дваесет години успешно творештво за деца, се осмелува да го освои „непознатото“ – царството на романот за возрасни.

„Здив: нова наука за една загубена уметност“ од Џејмс Нестор ја открива суштината правилното дишење

Без разлика што јадете, колку вежбате, колку сте слаби, млади или мудри, ништо од тоа не е важно ако не дишете правилно. Ова е главната порака на новата книга од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор. Книгата излезе од печат на македонски јазик во издание…