Книжевни анегдоти: Џонатан Свифт

Брак неодржан во црква, без најави, сведоци, прстен, дозвола и регистрација, – некогаш бил сосема законит. Се верува дека Џонатан Свифт, патувајќи од Лондон кон Честер, има благословено еден таков брак, рецитирајќи ја следнава римувана венчаница:   Под дабов, овде, сред невидена бура, ги споив јас никаквецов и оваа курва. И никој освен тој што…

Џокер е најстрашниот лик било кога напишан

Моја библиотека: Љубиша Сулимановиќ   На твитер е фаца. Не само затоа што е духовит и секогаш има јак аватар, туку затоа што пред сè е навистина паметен дечко :). Никот му е @Sulimanovic, аватарот најчесто му е Кристијан Бејл / Бетмен / Патрик Бејтмaн, а плус е огромен фан на Бетмен и Грант Морисон.

Пати Смит ја чита Вирџинија Вулф

Поетесата, уметница и „кума на панкот“ Пати Смит, снимена како чита извадок од експерименталниот роман на Вирџинија Вулф „Бранови“, секако со нејзин печат и во нејзина интерпретација… Читањето од романот „Бранови„ (The Waves“), на вечерта посветена на Вирџинија Вулф, е одржано во рамки на „Land 250“, изложба на фотографии и уметнички дела на Пати Смит,…

Заповедите на Хенри Милер

Иконичниот писател и сликар Хенри Милер ја спроведувал својата секојдневна „пишувачка“ рутина, подетално објаснета во книгата „Хенри Милер за пишувањето“, водејќи се по неговите т.н. „11 заповеди“. Во 1932-1933, додека работел на она што ќе прерасне во неговиот прв објавен роман – „Раковиот напоредник“, Милер се мотивирал со „единаесетте заповеди за пишувањето“. Работи само на…

Пол Муад Диб ми беше алтер его

Моја библиотека: Бојан Трифуновски   Бојан Трифуновски е еден од оние ликови со кои можеш да правиш муабети до сабајле, на многу теми, од театар и филм до квантна физика, но која и да е темата едно е јасно: he knows his books! Не само драми, не само класици, не само она што морал да…

Извадок: Новак Ѓоковиќ „Сервирај за победа“

Цонга е стројно момче од 90 килограми „суви“ мускули,  еден од најголемите и најсилните тенисери, а сервисот му достигнува брзина и до 225 км/ч. Кога целата тежина ќе ја внесе во ритернот, топчето ви се враќа „тешко“, со таква комбинација од брзина и топспин што ви се чини дека ќе ви го избие рекетот од…

Рецензија: „БЕЗНАДЕЖНО“

Откривањето на вистината понекогаш може да те направи побезнадежен од верувањето во лагите… Тоа е она што го сфаќа седумнаесетгодишната Скај откако го запознава Дин Холдер. Типче со репутација која може да ѝ парира на нејзината и способност во неа да предизвика чувства за кои претходно не била ни свесна дека постојат. Тој истовремено ја…

Најпродаваните наслови на Garage Sale

По успешната и многу забавна недела на нашиот штанд на Garage Sale во Ramstore Mall, ви пренесуваме дел од атмосферата и ви ги претставуваме најпродаваните наслови во текот на овие седум дена. Garage Sale во Ramstore Mall траеше од 20 до 27 август, а нашите најпопуларни наслови беа на попусти од 30%, 50% и 70%.…

Рецензија: „РАСКАЖУВАЧКАТА“

Сите имаме некоја скриена тајна, нешто што го чуваме длабоко во себе за другите да не можат да го видат. За жал, Сејџ Сингер ја нема таа можност. Нејзината тајна, нејзината вина е испишана низ нејзиното лице, една грозна лузна која таа дозволува да го контролира нејзиниот живот. Поради таа лузна Сејџ не сака да…

Без паника!

11 животни совети од 11 омилени книги  Некои ги знаеме напамет, некои ги откриваме одново на секое препрочитување, некои ни се комплетно ново откритие и можеби поттик да прочитаме некоја книга што сме ја заобиколиле… Избравме, намерно или бегајќи од округли бројки, 11 суштински, филозофски, значајни, емотивни, па и забавни животни совети од, секако, 11 омилени книги…

Рецензија: „ПРОЕКТОТ РОУЗИ“

Една од поинтересните книги за оваа година, забавна новела раскажана со необично шармантниот и социјално предизвикан глас на професор по генетика кој има невообичаена задача: да дознае дали е способен за вистинска љубов. Можеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж… Дон Тилман, професор по генетика, никогаш нема отидено на втор состанок. Тој е човек…

Garage Sale: Најпопуларните наслови на попуст и до 70%

Најпопуларните наслови на Арс Либрис (бестселери, биографии, графички романи…) од денеска па до 27 август ќе бидат на попусти од 30%, 50% и 70% на популарниот Garage Sale кој втора година по ред се одржува во Ramstore Mall. „Паркирајте се“ во Ramstore Mall и не пропуштајте да купите добра книга 🙂  

Наскоро два нови наслови – Тери Прачет и Крешимир Мишак

Како што веќе знаете, летото во Арс Либрис е посветено на добри книги и попусти кои траат цело лето :). Но покрај акциите, тука се и два нови наслови кои треба да излезат во продажба до крајот на овој месец.  Во едицијата „Фантастика“, го претставуваме второто продолжение од серијалот „Дисксвет“ на Тери Прачет – „Чудесна светлина“ …

“Where There’s Smoke” – нова кратка приказна на Џоди Пико

Џоди Пико, плодната авторка на дури 21 роман, од кои седум (вклучително и последниот нејзин хит „Раскажувачката“) се прогласени за број 1 бестселери на листата на New York Times, постојано подготвува изненадувања за своите фанови. “Where There’s Smoke” е бесплатна кратка приказна за Серенити Џонс, фасцинантен лик кој поседува необични психички моќи и е еден…

Извадок: Ричард Бренсон – „Како ја изгубив невиноста“

Во авионот за инаугурацискиот лет бев опкружен од семејството и со пријателите, со луѓе кои најмногу ми значеа и и’ значеа на компанијата Вирџин последните десет години. Седнав до Џоан, Холи беше кај неа в скут. Зад нас беа речиси сите што ги познавав од групацијата Вирџин. Авионот беше преполн со новинари, фотографи, магионичари, со забавувачи. Тука беше и Ури…