„Харемот на Гадафи“ ексклузивно со Вест

„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“,  достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.

„Мајсторот и Маргарита“ ми отвори цел еден универзум

Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ   Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје.

Омилените книги на Џонатан Френцен

Американскиот писател Џонатан Френцен се прослави со романот „Корекции“ (2001), додека со романот „Слобода“ (2010) тој стана еден од најчитаните светски писатели и едно од најголемите книжевни имиња на 21. век.

Книги и мода – совршен пар!

Арс Либрис и Литература.мк – дел од овогодинешниот FWSK   Зошто книги и мода, или книги и стил? Затоа што, според нас, книгите се исто толку битни за градењето на стилот како што е тоа и облеката – едното те оформува однадвор, а другото однатре :).   Арс Либрис катчето на FWSK ќе можете да…

Задоволството помеѓу агониите е еликсир на постоењето

Моја библиотека: Илина Јакимовска   Илина Ј., или Илина Букбокс, или професорката Илина – како милувате. Девојка чиј ведар лик го знаат и оние генерации кои „на времето“ киснеле во Галерија и Безистен, цел твитер МК, студентите на етнологија кои не може да не ја споменат „омилената“ професорка…

Ричард Фланеган добитник на Букеровата награда

Овогодинешниот добитник на најпрестижното книжевно признание на светот – Букеровата награда (Man Booker Prize 2014) е Австралиецот, или поточно Тасманиецот Ричард Фланеган, за неговиот епски роман „Тесниот пат кон длабокиот север“ (The Narrow Road to the Deep North).   Ова е шести роман на Фланеган и е дело со епски размери, кое ја раскажува приказната…

Франкфурт 2014: Книжевни трендови оваа есен

Минатата недела го посетивме најголемиот саем на книга во светот – Frankfurt Buchmesse. Саемот траеше од 8 до 12 октомври, распослан на површина 190.000 м2, со 7.300 излагачи од 102 земји од светот, 600 литературни агенти, 9.300 новинари од 71 земја, преку 300.000 посетители, и непознат број изодени километри низ 8-те огромни хали на саемот.…

Извадок: Наоки Хогашида, „ЗОШТО САКАМ ДА СКОКАМ“

ПРЕДГОВОР Кога бев мал не знаев дека сум дете со специјални потреби. Како дознав? Од други луѓе, кои ми кажаа дека сум различен и оти тоа е проблем. Доволно вистинито. Многу беше тешко да функционирам како нормален човек и дури и сега не можам да „водам“ вистинска конверзација. Немам проблем со читање книги на глас…

„Црното лале“ ми е нешто најскапоцено од детството

Моја библиотека: Лидија Капушевска Дракулевска   Професорката Лидија Капушевска Дракулевска, како што ја опишуваат нејзините студенти, е многу добра и скромна личност, секогаш отворена и достапна, и е една од омилените професори на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Освен што е професор на Филолошкиот факултет, Лидија е книжевен теоретичар, критичар…

Извадок: Томас Ман, ВОЛШЕБНИОТ РИД, ТОМ 2

Каде сме ние? Што е ова? Каде нè однесе сонот? Самрак, дожд и нечистотија, огнено руменило на матното небо кое непрестајно рика од тешкиот грмеж, влажниот воздух е исполнет и раскинат од остро пеење, со бесно рикање како да лаат сите пци на пеколот, рикање кое завршува со распрснување, бликање, кршење и пламења, со јачење…

Рецензија: „БОКСЕРОТ“

Освежување на Саемот на книгата беше појавувањето на три графички романи на македонски – „Дон Кихот“ и „Фауст“ од германскиот цртач Фликс и „Боксерот“ на Рајнхард Клајст. Првите два се интересни затоа што ги сместуваат славните класични ликови во современ контекст и со тоа ја акцентираат безвременската димензија на проблемите со кои тие се соочуваат.…

Мој литерарен херој е Кундера

Моја библиотека: Ивана Тасев     Ивана е девојка што не може да ја „промашите“ ако се движите во Скопје, без разлика дали се тоа културни настани (театар, филм, изложба, промоција на книга), модни ревии, концерти, кафулиња… Новинар по професија, фотограф, урбан лик, естета, посветена тетка :)… и најверојатно има уште многу други епитети кои…

Книжевни анегдоти: Едгар Алан По

Како дете, Едгар Алан По се плашел од ноќта и темнината. Суеверниот скептик, кој се ужаснувал од својата сопствена имагинација, подоцна му признал на уредникот Џорџ Греам дека „не ја сакал темнината и ретко излегувал ноќе“. Во една прилика изјавил: „Верувам дека демоните ја користат ноќта за да ги заведат несвесните – иако, како што…

Шекспир ми е мрак!

Моја библиотека: Гораст Цветковски   Еден е од најдобрите млади актери на македонската сцена. Покрај неоспорниот талент за глума, Гораст Цветковски е и цар за компјутери, пасиониран  програмер и веб дизајнер, зависник од видео игри и адреналин… И плус, од моментот кога ќе се појави па сè додека не се разделите – не престанува да ве…

Извадок: Марсел Пруст, „ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ“, ТОМ 1 (КОМБРЕ)

Ми се чини мошне разумно келтското верување дека душите на оние што сме ги загубиле се заробени во некое пониско суштество, во некое животно, растение, некој нежив предмет, дека се загубени за нас сè до денот, кој за многумина не доаѓа никогаш, кога ќе поминеме покрај дрвото, кога ќе ни дојде в рака предметот што…