Извадок: ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера

Излеговме од автопатот и се упативме кон патот за Вангара. Беше толку темно што морав да ги вклучам фаровите до максимум. Го погледнав осветлениот облак. Имав некое чудно чувство дека неговиот центар е точно над селото. Почувствував наплив на страв и ми олесни кога Вангара ни беше во видик.

Книга е супер подарок!

…Особено кога можеш да најдеш баш за секого по нешто :). И за најмилите малечки, и за поголемките, и за откачените тинејџери, за љубителите на спортот, за вистинските книжевни сладокусци, за татковците, мајките, бабите и дедовците…

Најпродавани наслови во 2014 година

2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература.

Нов наслов во едиција Лауреати: „Времето на жените“ од Елена Чижова

Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид,…

Извадок: ПАДОТ НА БЕРЛУСКОНИ

„Извини Ландолфи, ќе сакаш ли да ми објасниш што всушност се случи минатата вечер?“ Агентот Марко Ландолфи, шеф на патролата „Монфорте бис“, сè уште е преморен. Во очите е како претепан. Премногу ноќни смени. Како и да е, се гледа од него дека нешто друго го јаде. Нешто што се случило вечерта на 27 мај.…

Новогодишни попусти на Литература.мк

Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато :)… Многу подароци, многу дилеми. Но кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе :).

Имаме блог, а имаме и награда!

Пред некое време на фејсбук и на твитер напишавме: имаме блог! Тоа беше пред само неколку месеци, поточно на средината на септември. На крајот на годината, покрај сите други убави работи, можеме да напишеме и – имаме награда! Blog.literatura.mk го освои третото место во категоријата најдобар блог на манифестацијата сајт на годината 2014, вест што…

Извадок: ХАРЕМОТ НА ГАДАФИ од Аник Кожан

Едно утро во 2004 г., само што наполнив петнаесет години, директорот на училиштето им  се обрати на сите ученици собрани во дворот: „Водачот ќе ни направи голема чест и ќе нè посети денес. Ова е голема радост за целото училиште. Така, од вас очекувам да дојдете навреме, да бидете дисциплинирани и да се однесувате беспрекорно.…

Пишувањето е прекрасна и ужасна работа

Гудридс интервју со Стивен Кинг по повод неговиот најнов роман „Оживување“   Последниот роман на Стивен Кинг „Оживување“ (Revival), го обележува враќањето на екстремно натприродниот хорор со кој се прослави авторот на повеќе од 50-те глобални бестселери- вклучувајќи ги и „Сјаење“ (The Shining), „Гробишта за домашни миленици“ (Pet Sematary) и Тоа (It).

Конечно! Водич за почетници по бебе-технологија!

Книгата, или поточно прирачникот „Бебе – упатство за употреба“е наменет за татковците-почетници – да ги поучи, насмее и да им се обрати на јазикот кој тие го разбираат, со типични „машки“ паралели и термини. Од неговото деби во 2003 година па сè до денес, овој прирачник е преведен на повеќе од 25 јазици и продадени…

„Quo Vadis“ ми е првата катарза

Моја библиотека: Румена Бужаровска   Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).