Авантурите на Дина и Додо

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Со овие најнови апсолутно пресмешни сликовници во издание на Либи, не само што читаме приказна, туку и решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме своја приказна!

Најново на листата на бестселери: „Доктор Сон“ на Стивен Кинг

„Доктор Сон“ – долгоочекуваното продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“ Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните…

Серијалот „Замокот на стравот“ во издание на Либи

Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во Замокот на стравот треперењето си е како дома! Првите три книги од познатиот серијал детски романи „Замокот на стравот“ на Гвидо Згардоли во издание на нашиот детски бренд Либи, веќе се хит на Саемот на книгата :).

Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR“

Вечерва, во кафе барот, винотека и библиотека „Децата од нашата улица“, со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи промоцијата на романите „Белграѓанки“ од Игор Маројевиќ и „PR“ од Александар Илиќ (во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации) и средба со авторите. Промотор на настанот ќе биде Александар Прокопиев. Промоција на романите „Белграѓанки“ и…

Арс Ламина и Literatura.mk на Саемот на книгата 2015

  Над 300 нови наслови, големи саемски намалувања, промоции и средби со реномирани автори, креативни работилници, проекции, конкурс за краток хумористичен расказ, многу настани и забава, награди и подароци – ова е само дел од она што годинава Арс Ламина публикации ќе го понуди на својот штанд на Саемот на книгата. Љубителите на добрата книга знаат дека…

Јас сум Малала и ова е мојата приказна

Малала – девојчето кое што се бореше за образование и беше застрелано од Талибанците. Малала Јусафсај (17) е и најмладиот добитник на Нобелова награда за мир. Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне. Кога Талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас.…

Наместо рози подаруваме лајкови

Интервју со Александар Илиќ, автор на романот „PR“ Роден во аналоген, а израснат во дигитален свет, овој млад писател ги спои тие два светогледи во една книга, која откако стана бестселер во Србија, штотуку е преведена и на македонски. Александар Илиќ ќе биде гостин на Арс Либрис за време на Саемот на книга 2015. За Александар…

Човекот што ги разбра жените

Интервју со Игор Маројевиќ, автор на романот „Белграѓанки“ Авторот смета дека ова мрачно четиво станало бестселер зашто „публиката посакала мрак по сите комерцијални наративи кои ни продаваат лаги за убавината на животот”. Игор Маројевиќ ќе биде гостин на штандот на Арс Либрис во рамки на Саемот на книгата 2015 во Скопје. Циничен и духовит, српскиот…

Михаел Шумахер: Врвот на величественоста

Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Формула 1 шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди…

Кинотека: „Стогодишникот…“ книга и филм

Утре вечер, во Кинотека на Македонија во 20 часот, за време на премиерата на филмот „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“, специјален попуст на книгата на Јонас Јонасон според која е направен филмот.

Денови на правната литература

Службен весник на РМ и Арс Ламина во заедничка акција   ЈП Службен весник на РМ, во соработка со Арс Ламина публикации, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“. Акцијата ќе се одржи од 20 до 24 април 2015 година…

Гледај тенис, купи си книга

Спортскиот центар Јане Сандански во соработка со Македонската Тениска Федерација го организираат овогодинешното отворено првенство на Македонија во “зелен тенис” на кое ќе учествуваат девојчиња и момчиња до 11 години. За времетраењето на турнирот ќе биде овозможена продажба на двете книги за Новак Ѓоковиќ: “Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија” и “Сервирај за победа“.  

Галерија: Трибина „ СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“

На 15 април 2015 година во Менада се одржа трибина посветена на неодамна починатиот писател Тери Прачет, насловена „СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“. Тери Прачет, кој почина на 12 март годинава, е најпознат по епското дело – хумористично-фантастичниот серијал „Дисксвет“.

Големината на Гинтер Грас

Големината на Гинтер Грас oд Салман Ружди Во 1982 година, кога бев во Хамбург за објавување на германскиот превод на „Децата на полноќта“ моите издавачи ме прашаа дали би сакал да се запознам со Гинтер Грас. Па, очигледно сакав и така ме однесоа до селото Вевелсфлет, надвор од Хамбург, каде што тогаш живееше Грас.