Среќен роденден „Фејсбук“

Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу…

Книга што би можела да ви го спаси животот

Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе…

Само две нешта се подобри од доброто вино: љубовта и книгите

Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски. Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи…

Извадок: „Пандемониум“ од Лорен Оливер

На почекот има оган. Оган во нозете и во дробовите; оган ги разјадува секоја жиличка и секоја клетка од моето тело. Токму така повторно се родив, во болка: Се кревам од задушувачките пламен и од темнината. Присилно се туркам во влажна темнина на чудни звуци и мириси. Трчам, па кога ќе се заморам малку кривам,…

Книжевни факти: Ана Каренина

  Ана Каренина има преку 800 страници, но оригинално беше објавена во серијализирана форма. Руски курир објавуваше серијализирани извадоци од 1873 до 1877 година. Бидејќи политичките погледи на Лео Толстој се судрија со оние на издавачот, првото целосно издание на романот беше како книга.

Животот на бегалците во белетристиката

Ова e преглед на неколку книги за глобалната миграција и за сокршените граници, вклучувајќи ја „Градот на трњето: Девет животи во најголемиот камп за бегалци на светот“ од Бен Роленс. Книгата на Роленс не е измислица, туку прифатените и популарни романи од последниве години го поставија прашањето за бегалците пред пошироко внимание со тоа што…

Сликовници со активности „Матеј и Луна“

Серијалот „Матеј и Луна“ во издание на Либи преставува комбинација на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање. Овие сликовници со активности се наменети за дечињата од голема група во градинка и прво одделение. „Викенд на село со Матеј и Луна“ Близначињата Матеј и Луна…

Извадок: „Ту“ од Патриша Грејс

31 јуни 1943 година Заминав од Папакура со воз во осум часот синоќа и пристигнав во Велингтон утрово и видов дека семејството ме чекаше на пристаништето за да ме испрати. Се изненадив кога ја видов Мама таму. Си го стори своето со тоа што ми кажа дека не дошла зашто ми простила, туку зашто сум…

Шест тренда за книги за 2016-та: Поглед кон иднината

Што ќе се случува со книгите во 2016-та? Еве шест тренда што треба да ги очекувате. Книгите се враќаат во мода Поточно кажано, печатените книги. Во декември, „Нилсен Букскен“ даде извештај дека во 2015-та биле продадени 571 милион печатени книги, односно 17 милиони повеќе од претходната година. Во меѓувреме, електронските книги, што во еден момент се…

Магијата е во јазиците

Моја библиотека: Билјана Максимовска Јавноста ја знае како лице од медиумите, иако многу подолг период се занимаваше со маркетинг и односи со јавност. Стекнатите искуства и знаења како сврзани садови не знаеш за што ќе ти се најдат, како нејзиното знаење по диплома, вешто зборување на неколку јазици, со што ја прави привилегирана литературата да ја…

„Мариока Шотен“ – книжарница што продава само по една книга

Соочени со стотици нови наслови што секоја година се објавуваат по светот, книжарите имаат тешка задача, што да им понудат на своите купувачи. Еден јапонски сопственик на мала книжарница „Мариока Шотен“ одлучил во својата понуда неделно да става по еден наслов. Книжарницата е отворена во мај минатата година, во луксузниот токиски кварт Гинза, а нејзиниот…

Сер Тери Прачет запаметен од ќерка му, Ријана Прачет

Сценаристката за игри, стрипови и филмови се присетува на дарбата на татко ѝ, Тери Прачет, за опсервацијата, неговата љубов кон природата и идилата од детство исполнето со чудесии, животински свет и мачки Татко ми многу зборуваше за смртта. Тој веруваше дека треба да бидеме повеќе како нашите викторијански предци, кои, иако биле мошне срамежливи кога…

Книжевни факти: Чарли и фабриката за чоколада

  Првото издание на Чарли и фабриката за чоколада беше објавено во 1964 година и беше мошне расистичко. На пример, Умпа-Лумпите беа опишани како црни Пигмејци од „најдлабоките и најмрачните делови од африканската џунгла, каде што ниеден белец не беше стапнал“. Исто така, важно е да се забележи дека Чарли оригинално е опишан од страна…

Роман за модерните момчиња и девојчиња

„4 пријатели онлајн!“ е најновиот роман во издание на нашиот најсакан детски бренд Либи, наменет за модерните момчиња и девојчиња над 9 години. Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко… Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на…

„Ту“ од Патриша Грејс, лауреат на престижната награда Нојштад

Ту е горд на своето име – морски бог на војната. Но спомените на еден војник се различни: и неговите најсреќни мигови пливаат во некое минато и далечно море од крв и куршуми. Неговото е судбината на морскиот баталјон во Италија: тројца членови на исто семејство заминуваат да се борат по ридовите и рамниците на…